Инферно (Ден Браун)

Дискусија во 'Книги' започната од RainBow, 28 септември 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ја прочитавте ли најновата книга на Ден Браун зад која се крена голема прашина?
    Издадена е и кај нас од страна на Култура, баш сега видов, по цена од 999 денари.
    Дали би убиле половина од популацијата денес за да го спасите човечкиот род од изумирање?

    Ова е главното прашање кое Ден Браун го наметнува во неговата најнова книга. Светот станува пренаселено место, доколку популацијата продолжи да расте на човештвото му се заканува опасност од изумирање. Всушност, генијалниот научник Бертранд Зобрист доаѓа до заклучок дека за да може човештвото да опстои потребно е половина од населението да се уништи. Можете ли да го замислите тоа? Населението брои над седум милијарди, наскоро ќе бидат осум, што значи околу четири треба да се уништат.

    Сите светски лидери замижуваат пред оваа опасност, не сакаат да преземат ништо и да си ги извалкаат рацете.

    Освен Бертранд Зобрист, брилијантен научник и генетски инженер кој до толку го сака човештвото што е подготвен половина да го истреби.

    Зобрист ја контактира Елизабет Сински, лидерот на Светската Здравствена Организација, тој смета дека Сински носи одговорност за иднината на човештвото, но таа е толку вчудоневидена од неговите монструозни идеи што решава да го стави на листата на био-терористи. Меѓутоа Зобрист веќе е решен да ги преземе работите во свои раце, неговата генијалност е преголема за некој да може да му се спротистави.

    Освен, можеби, веќе добро познатиот професор Роберт Ленгдон.

    Кога Сински наидува на некои за неа непознати симболи, таа решава да побара помош токму од познатиот професор и симболист. Кога Роберт Ленгдон дознава за сериозноста на ситуацијата, не може, а да не ја даде својата помош и своето знаење.

    Но, една вечер тој се буди во болница, со рана од куршум во главата и не се сеќава на ништо. Нема апсолутно никакво сеќавање за претходните денови. Што е уште помистериозно тој се наоѓа во Фиренца, родниот дом и една од најголемите љубови на Данте Алигиери. Што значи тоа?

    Како Роберт стигнал до Фиренца? И зошто некој би се обидувал да убие еден досаден професор?

    Сиена Милер, докторка во болницата, му помага на Роберт да избега и го придружува во неговата опасна авантура. Роберт ѝ ја дава својата доверба и заедно ги следат трагите кои Бертранд Зобрист ги остава и се обидуваат да ги склопат сите делчиња од сложувалката. Но која е всушност Сиена и кои се нејзините тајни? Што е тоа толку ужасно што Бертранд Зобрист го направил и дали тој ќе успее во неговата намера?
    http://www.sakamknigi.mk/index.php/tril ... 1%83%D0%BD
    Луѓето со кои сум правела муабет за книгава или беа воодушевени или згрозени од тоа како вакво нешто може да биде напишано.
    Мене лично ми беше интересна за читање, напната и со крај кој воопшто не го очекував.
     
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    Сеуште не сум, се мислам дали да ја купам на англиски или на македонски...
    Ги имам прочитано сите негови книги и за сите се има кревано прашина- тоа и се очекува да се случи кога обработува такви специфични теми... Кога ќе се решам и ќе ја прочитам ќе оставам посоодветен коментар за книгата...
    Инаку англиската верзија ја има во Рамстор, 1499 со дебели корици... :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    Јас на англиски ја читав. Ако некој ја купи од Култура може да каже каков е преводот. Ама доста соленка и е цената, да се даде 1000 на една книга не е малку воопшто.
     
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    Па и другите негови дела мислам дека беа од Култура и добар беше проводот, па би требало и оваа да е преведена соодветно... Инаку цената е очекувана- ново дело кое е посебно актуелно- се дигна голема галама... :) :)
     
  5. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Ја прочитав за кратко (од компјутер очите ми отекоа од читање) како и сите негови книги што се читаат....Интересна и контраверзна тема се обработува во книгата..во неговиот претпознатлив стил....сакам да ги посетам знаменитостите што ги има во опишано..
    Знаменитостите во Фиренца
    а од книгата научив еден интересен податок што не сум го знаела за една позната светска градба...
    Топло ја препорачувам за љубителите на заговори...
     
    На elimkd и Sramezlivoto им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Ја прочитав и ми се допадна. :)
    Ден Браун можеби нема којзнае каков стил на пишување, но за сметка на тоа, посветува многу време на истражување и внимава на детали, што мене особено ми се допаѓа.
    Кога ја читав Инферно, чувствував буквално како да шетам низ локациите кои ги опишува.
    Добар заплет и непредвидлива содржина, како и секогаш во негов стил.
    Не ме разочара воопшто.
    :)
     
    На BV87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    79
    Samo sto ja procitav knigava i mozam da kazam deka stvarno e dobra ,ne nesto deka na literaturno nivo e klasik ama temata na knigata e uff :fubar:
    Poradi prenaselenosta na zemjata bi mozele mnogu brzo (za otprilika 100godini spored knigava) da ni se slucat neobjasnivi uzasi (nedostig na zivotni reseursi) - kako vo pekolot na Dante, t.e nie go ziveeme toj pekol. Eden renomiran naucnik koj se obiduva preku site organizacii da sorabotuva, za da se resi problemot ama go odbivaat ili nudat resenija kako kontracepcija, kondomi, seksualno obrazovanie i sl. sto ne e dovolno, brojot na lugjeto preti da stigne do 8 miljardi za brzo vreme (koga jas ucev vo uciliste bevme 6 a sega sme 7 za pomalku od 10 godini). Za da ziveeme komotno bez strav dali ke ima dovolno voda i hrana ZA SITE (a sto nema) treba da sme 4 milijardi, znaci potrebno e drasticno resenie i naucnikot resava da gi prevzeme nestata vo svoi race i sozdava virus koj go sporeduva so crnata cuma koja kosela niz Evropa (ali posle cumata sledela renesansata). E sega prasanje e dali treba da se spreci ili dozvoli resenieto na naucnikot, dali da se unisti edna tretina od svetskata populacija sega ili da se ceka sto godini manje vise i samata da se unisti i da ja snema?
    Resenieto sto go predlaga knigata e sterelizacija preku genetska modifikacija - ke opstanat samo najsilnite sto iskreno mozebi i ne e tolku loso resenie
    Ona sto mi se dopagja vo Brownovite knigi e sto temite se takvi da se zaprasas dali e stvarno mozno ova? kolku samo raboti se zatashkuvaat i ne izleguvaat na videlina od strana na svetskite organizacii (WHO, NASA i sl) sto nie obicnite lugje poima nemame tuku sme si preokupirani so sekojdnevnite problemi....
     
    На Lollipop7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    1.395
    Книгава ја имав купено одамна, но така ми стоеше на полиците. Земав, ја прочитав во еден здив. Воодушевувачка, како и останатите негови книги. Местата и архитектурата се толку добро опишани, што се чувствуваш како да се наоѓаш токму во Фиренца или Венеција или Истамбул додека ја читаш книгата.
    Настаните од книгата некако ми се поклопуваат со настаните што се случуваат денес низ светот. Незнам, може и ја да преовеличувам, но некако многу ме замисли....
     
  9. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Женски
    Мене,мојата другарка ми ја даде,и постојано ми велеше да ја прочитам.Била предобра,многу ја фалеше.
    И еве,конечно ја завршив. :$ :)
    Морам да кажам дека книгата е прекрасна,и се согласувам со сите вас,за тоа како местата се толку реално напишани,што ќе си помислиш дека си таму.
    Едно нешто што постојано ми е во главата е тој симболот cerva trova,Барај и ќе најдеш,некако многу ми се допадна,а и не само тоа туку сите такви зборчиња.
    Уште една работа која ми се допадна беше неизвесноста,значи кога за едно ќе се осигуриш дека е така,подоцна ќе излезе нешто сосема друго,на пример крајот,јас очекував нешто многу поразлично.
    Навистина не очекував толку многу да ми се допадне,постојано мислам на неа,влегов во неа,буквално,си фантазирам, понекогаш сонувам исти работи,и што ли уште не :D
    таква сум кога ќе се заљубам во некоја книга :D
    Сега планирам да ги прочитам и другите негови дела ;)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Ја прочитав во еден здив. Претпознатлив негов стил со заплет, начин на кој ги опишува објектите буквално ти ствара слика како да си на тоа место. Не сакам да пишувам детали но кој е во можност и го интересира таква литература (која е полна со факти) нека ја прочита.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.198
    ден броун е најбољи (особено дигитална тврдина)
    ги имаш сите негови книги у пдф на торрент за беспари
     
  12. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Еве да се пофалам дека и јас ја прочитав книгата. Си ја земав од библиотека (со оглед на другите трошоци периодов, не ми се даваа 1000 денари), а веќе подолго време ми се вртеше во глава. Кога зедов да ја читам воопшто немав претстава што е темата, но бидејќи претходните дела на Браун ме воодушевиле не се сомневав дека и Инферно ќе биде помалку вредна.
    Според мене книгата опфаќа актуелна тема, се за што се зборува во книгата е проблем што не засега сите. Не го оправдувам вештачкото уништување на третина од популацијата (треба да го оставиме тоа на прирадата, без оглед на тоа дали нејзиниот начин ќе биде поболен и посуров), но овој проблем на експоненцијален раст на населението е реален. Но да го оставиме тоа за некоја друга дискусија. Со Инферно, Ден толку реално ги опишува настаните, околината, ликовите, што ќе почувствуваш дека си дел од сето тоа. По книгава добив огромна желба што поскоро да ги посетам Венеција, Фиренца и Истамбул. Ден само ни ги потврдува сомнежите дека многу светски организации работат зад очите на јавноста и кријат огрмни тајни. Само пофалби за Инферно :clap: (иако сите книги му наликуваат една на друга...) и ја препорачувам на сите што сакаат мисерии и возбудливи книги.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Воодушевена сум од книгава ја читав пред една година и мислам дека е единствена книга која повторно би ја прочитала. Се внесов во книгата темата е доста дискутабилна и има многу за размислување. Крајот беше неочекуван и како што сте спомнале и пред мене местата се прекрасно опишани, после некое време од кога ја прочитав книгата бев во Венеција и постојано додека шетав ги барав нештата кои се спомнати посебно коњите
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    100
    Штотуку ја дочирав и одма дојдов да видам дали отворено тема :)
    После долго чекање на ред во библиотеката, дојдов на ред (тешка ми беше за читање на англиски :angel:) и ова ми беше бомбата на Ден. Имам влезено во половина од објектите кои се спомнуваат во Фиренца и Венеција и си ја имав направено најрелната слика досега.
    Додека читав чувствував некоја дилема, дали сум за СЗО или за Зобрист и сеуште имам некоја теорија која можеби е греота и да ја помислам, ама со оглед на ситуацијата со болестите во светот мисам дека и ниe "закаснавме" како Ленгдон и СЗО.
    Студио? :D
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    после книгава што ја читам моментално ке ја земам Инферно, после вашите мислења мислам дека книгата баш ке ми се допадне и дека нема да зажалам што ке ја земам :)
     
  16. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Феминки, не е поврзано со инферно, меѓутоа дали некоја од вас знае каде можам да ја најдам Точка на измама исто од Ден Браун?
     
  17. Majte8

    Majte8 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Ајде и јас да си го дадам своето мислење за оваа толку популарна книга од Дан Браун. Инферно ми е прва книга од овој писател, пред тоа имав неуспешен обид да ја прочитам Кодот на Да винчи, велам неуспешен поради тоа што некако не ме влечеше ни од аспект на стилот на пишување ни од аспект на самата тематика на книгата.

    Со Инферно беше друго, некако ми го привлече вниманието, најмногу поради неизвесноста и сржта на проблемот поставен во книгата-пренаселеност на земјнината топка и како да се контролира тој проблем се дур не биде предоцна. Откако завршив со читање, не можев да престанам да ја мислам и почнав да се прашувам како може еден писател да нема јасен концепт кога почнува да пишува книга од 550 страни?

    Како прво настаните во книгата од самиот почеток до самиот крај се неповрзани една со друга. За оние кои ја немаат прочитано книгата предупредување дека следуваат многу спојлери.

    Крајно глупаво ми беше тоа што на крај испадна дека Сиена била поврзана со ректорот, во тој случај зашто цело време бегаа од Вајента кога Вајента немала намера да ги убие, зашто Вајента се плашеше дека ректорот ќе ја исфрли од конзорзиумот ако не ги фати они двајца кога заедно учестувале во акцијата со Др. Маркони и се што се случи во болницата и после тоа... зашто Сиена ја уби фрлајќи ја Вајента од покривот во Паоло Вазари, кога знаела дека Вајента има корци во пиштолот и дека не сака да ги убие? Како тоа Фарис и Сиена не се знaаат, кога и двајцата се поврзани со конзорциумот?

    И искрено не ја сфаќам целата фрка поради која е смислена целата приказна околу откривање на "чумата", како прво во книгата цело време се истакнува дека треба да се реши конкретниот проблем, моментално истребување на населението, околу 30% за после да следи период сличен на ренесансата, за да биде населението околу 4 милијарди,бројка која одговара на ограничениот обем на ресурси и поради тоа моментот со стерилизација на населението не одговара со тоа што цело време беше истакнато во книгата. Плуст, ќе додадам дека и онака е откриен лек за стерилизација и сега што правиме?

    Друга работа што морам да ја наведам преголемата присутност на описите на различни објекти во трите споменати градови, колку што е тоа ок, толку е иритирачки затоа што е премногу препишано од wikipedia, премногу оди во детали, и само бeга од главната поента. Исто така ми нема поента и поврзаноста на чумата со Дантеовота поема, која поврзаност бе, во книгата ни се спомнуваат прељубници, лажливци, ништо поврзано, никакви гревови, ништо..

    И веќе ако сакал да предизвика спас на човештвото со "чумата" за стерилизација Зобрист требал да ја пласира на веќе однапред таргетиран пазар, а тоа се земјите како Индија, Кина, Африка таму некои земји, кај што луѓето не знаат за кондоми и се котат ко зајаци! А не да ја носи во Истамбул, па уште нагласено "на другиот крај на светот", кој друг крај жити се, кога тоа се откри додека беа во Венеција. Некој ќе каже па добро книга е, не ме интересира, мразам кога работите се пишуваат нелогично!

    И за крај морам да кажам дека ликот на Сински ми е најлошо креиран спореден лик во светот на литературата.! Толку од мене, ама после оваа книга, не би се зафатила да читам друга книга од писателов.

    Поздрав:)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    29.566
    Пол:
    Женски
    Книгата е одлична и во целост ми ги исполни очекувањата, обработува уште една тема од мрачниот среден век, се е толку убаво и разбирливо опишано човек да посака да ја посети Фиренца
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    651
    Книгата е закон!Бев воодушевена,во еден здив ја прочитав.За некој да може да напише ваква книга,да создава такви теории и размислувања,да ги опфати сите можни најмали детали треба да биде ненормално талентиран.Најмногу ми се допадна што во книгата е опфатена реалната состојба во која се наоѓа светот,проблемите кои ни претстојат,а за кои сеуште се нема решение.Исто така ги разоткрива тајните и сомнежот за големите светски организации и што можеби навистина се случува,а нас тоа ни минува пред очи.Филмот го гледав пред неполни 10тина минути.За разлика од книгата филмот е тотално разочарувачки барем според мене,особено крајот,ме извади од памет.(wtf)(facepalm)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.