Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инфлуенсери (Influencers)

Дискусија во 'Канта' започната од Rubiii, 5 јуни 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Инфлуенсер може да биде буквално секој денес со социјалните мрежи, има инфлуенсери за мода, козметика, фитнес, животен стил и што уште не. Треба само да имаат голем број на следбеници, убави фотографии и самите тие да се убаво скоцкани. На запад па и во соседните наши држави инфлуенсерите заработуваат добри пари и соработуваат со големи брендови. Мене искрено ми е чудно и не замисливо како некој заработуваат стотици евра од една инстаграм фотографија...Кај нас во Македонија ретко кој може да се нарече инфлуенсер повеќето се wannabe блогерки и инфлуенсери кои повеќе наликуваат на старлети. Искрено тоа инстаграм профилите на Лила и Јелена повеќе наликуваат на каталози него ли на инстаграм профили, од што им се пренатрупани со глупави производи и што рекламираат што годе. Од Македонија ја пратам девојката Теона она според мене е баш инфлуенсерка, и профил среден, прекрасни фотографии, убаво дотерана баш како што треба инфлуенсер да изгледа. Гледам има доста соработки со странски и наши брендови, рекламира доста производи, а и читав некаде кажуваше дека заработува добри пари од ова, дека наплаќа по фотографија. Сигурно добро соработува чим може да си пружи да шета цело време низ светот и да купува скапа гардероба. Ние како Македонија сме далеку назад во споредба со една Србија и Хрватска каде што ова е развиено на многу високо ниво.
     
    На eliesaab, GirlLove и didisi им се допаѓа ова.
  2. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    А дали ти стигнуваат понуди од некои фирми од Македонија да ги рекламираш? Пример некои производи..
     
  3. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Дa дa .
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Деновиве забележав дека има субгрупа на ванабе инфлуенсери.
    Имаме такви што се издвојуваат и по содржина и по естетика, со племенита приказна, порака, нешто да научиш, ама овие другиве од субгрупава...
    Виц.
    Си коментираат едни на други за да бидат забележани, па паѓање во несвест на слика од прошлата мода со шоља кафе у ќебе, концепти ископирани од странци без поента и автентичност. Што е најубаво у сликата со имитација на кожа од јагне префрлена на троседот, а у аголот лампа? Уау, невидено. И?! Естетикли плизинг слика, и?! Која е приказната? Што сакаш са порачаш?
    Или мајка на едно дете од нецела година совети за одгледување деца. Или омилената фармацевтка што дели кошмари за кожа направени на лош дизајн, страшно.
    Или овие со готвењето. Мафини проја, украсени палачинки со триста тракатанци не е готвење. Оќе?!
    И така, битно они здружено одат кон врвовите во инфлуенсерството за маскара и сенка од Аура...
     
    На Nisse, Chickadeer, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    +Праска боја филтер.
     
    На Kattie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Човече, сите се шминкаа едно време, сеа им текна РУТИНИ и бела козметика да рекламираат.
    Тие што "јадеа" и беа по храната, сфатија дека е боље да се префрлат на конкретни ствари за да просат.
    Фор фак сејк, го мачкам, ми одговара не ми одговара, не ми треба некој да ми каже, особено некој што е "обичен" ко мене, но сака да се замара да слика безцелни и празни, но (дискутабилно) естетски пријатни слики.
    Сега го открија сувото четкање - тема шо сме ја збореле на форумот, како и многу други уште кога не знаеа дека лице се мие и пред спиење, а не само насабајле.

    Но ајде, женска работа, батали, но врвот на глупоста, да си го експонира детето сликано голо по памперс, со лубеници околу него или облечени со него и мажот у бело и све тоа "спонтано". Не знам дали да го сматрам за ползување на детски труд или дека мајката нема памет.
    За што? За гага производи. Сори, ама голото телце на твоето бебе е повредно од гага индијанското шаторче или мустела козметиката. Без памет се. Откако ќе го добијат детето, сфаќаат дека е најзахтевна ставка у домашниот буџет, па ај зошо да не ќарам гага на негов грб. А педофилија, а етика, а малце грам разум? Но не, малото, кутро мишелинче се смешка слатко по пелена на сликата на неговата неизживеана мајка.


    И не, твоите лалиња полегнати врз мафините по Реџептот на Нина слатки, нема да ме натера да те следам Сузано, ни па ми го задоволнуваат сетилото за естетика, туку мислам еј, уште една бејзик некреативна слика.

    Немаме вистински инфлуенсери. Да сум маркетинг директор на фирма, на ниту една од самодекларираните не би си дозволила да си правам арч да ми го зборат производот полуписмени гагаџии кои при тоа ни живеат така, ни веруваат у тоа (со чест на исклучоци).

    Ех какво време дојде, да миеме лице да е инфлуенсерство. Ние аме биле нација немиенковци.
     
    На Nisse, Oneo, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.672
    Пол:
    Женски
    Омилена инфлуенсерка ми е Дуња од Србија, оригинална е во својата работа секоја чест.
     
  8. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Видовте ли како нашата ,,инфлуенсерка'' Stanojkovastar рекламира производи  Зарем до толку таа фирма не можеше да најде некоја посоодветна девојка :?:
     
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа Исидора Јелача, прв пат ја видов на ТикТок пред една година, па ја заследив и на Инстаграм. Девојката повеќе објавува за фитнес дека дечко и е тренер и чат пат убавина и мода. Си има спозори, но не и е главна обврска да биде инфлуенсерка. Девојчето си студира психологија и се гледа дека и е пасија, има видеа како збори дека сака да работи со деца, феминизам, разни теми поврзани со психологијата. Сепак си има цели во животот, не само да промовира шампони. :D
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ме загрижуваат веѓите :o

    Производот па ич, за косата па ич. Крема за скроз исчезнување на стриите не постои. 8)
     
    На Снегулк@23 и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Мене све ме загрижува:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Машки
    Ова одамна е пропадната професија кај нас. Ама никако не можеш да им докажеш на нашите инфлуенСЕРКИ... :lol:
     
    На Indiegurl, Снегулк@23 и Hisha им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Не е. На некои им е фул тајм работа.
     
    На raww, Avery и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  14. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    И баш тие се со паролата, животот не е инстаграм :D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Погледнете го последното видео на iamfashionbabe. И се восхитувам на креативноста, оваа девојка ги поставува стандардите во инфлуенсерството на Балканот. Дефинитивно број 1.

    Инаку, погоре прочитав дека сте ја спомнале станојкова..срам ми е кога и ги гледам сликите. Вриштат ‘ефтино’. Не знам кој што и дал да рекламира, но девојкава е се’ освен инфлуенсерка. Треба да се забрани нејзиното присуство на социјалните мрежи. Ужас
     
    На Снегулк@23, spacegirl92 и Cookie21 им се допаѓа ова.
  16. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Нашите се светлосни години далеку од Дуња. А спенџарска упорно ја имитира, дури и се ишиша како неа, ама лошо и стои :D
     
    На ReMly, Skorpija25 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Не знам зошто ја сфаќате сериозно Станојкова. Баш интересен лик ми е на мене.
    Веројатно тоа што не се замара со ништо и си тера по свое, го тригернува народов.
     
    На Sophitas и злоба им се допаѓа ова.
  18. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    И сега магично некој ќе и прати куфер, Неочекувано. (facepalm)
    Ја поштував порано дека ми беше онака позитивна, ама ептен стана просјак. :puke:
     

    Прикачени фајлови:

  19. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Леле оваа Спенџи бетер и од просјак е. Како може да нема ни тронка срам?! Па жено купи си сама барем еднаш нешто,а не само да просиш по сториња. Дно.
     
    На Skorpija25 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Добро бе како не им е срам?
    Апла е постов пратете ми ги црвените. Дали мислат дека народов е глуп?
    Наместо да се подарува на некој што стварно ома потреба и неможе да си ги дозволи, овие апашиве инфлуенсерски се утепаа просејки и што е најтрагично, им успева. Запрепастена сум Screenshot_20211123_133237_com.instagram.android.jpg
     
    На Nisse и spacegirl92 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.