1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Информации за настани за деца

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 10 февруари 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Мислам дека е корисно да имаме тема во која ќе можеме да споделуваме информации за одржување на настани за деца - детски фестивали, детски филмови, театар за деца, детски концерти на филхармонија, случувања во американско катче, настани организирани на плоштад и други места ... се што би можело да ги интересира децата.
     
    На ^angel^, Mi-Ma, ZojaP и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Недела, 26.02: Волшебникот од Оз, Театар за деца и млади, 12:30.

    Детскиот фестивал Поточиња 2012 ќе се одржи на 24 и 25 март. Билетите се веќе во продажба.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Аудицијата за нови членови на Златно славејче ќе се одржи на 09, 10 и 11 април, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје (Илинденска 55), со почеток во 18:00 часот.

    Право на учество имаат деца на возраст од 7 до 12 години.

    Подетални информации на телефон 02/3221-745
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    За сите заинтересирани,до 31-ви Мај траат уписите во музичко училиште,за учебната 2012-2013 год.Има аудиција за деца од 5,6 и 7 годишна возраст.
    Часовите се одржуваат 3-4 пати неделно,и тоа 2 пати солфеж и 2 пати инструмент.
    Цената за едно полугодие е 1200 ден.
     
  5. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Во Гевгелија се 800 :)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Уписите за балет и танц во Истражувачки центар Рисимкин се во тек.

    Студиото се наоѓа во Зебра, а цената за класичен балет за еден месец минатата година изнесуваше 2000 денари за два часа од по 60 минути неделно.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.707
    Пол:
    Женски
    Ајде и овде, наскоро се отвара ресторан за бебиња и деца, сега за сега локација Веро Центар/Џамбо. Ќе биде супервкусно и суперзабавно, а секако и проверено од контрола и инспекција. Ќе има разноразни додатоци за исхрана, детска храна, како и храна прилагодена за деца кои имаат алергии на одредени производи. Сакам сите да ве видам на отварањето, ќе ве известам кога, каде и се останато. Се за малите умни глави на кои светот останува ;)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Утре во МОБ на репертоар е Клинг Кланг 4 - музичка авантура за деца, што би рекле организаторите. Почетокот е во 11.00 и 13.00 часот. Пишува дека е за деца од 3 до 6 години, но јас ќе ја носам и ќерка ми, која има 8, верувам дека ќе и се допадне.

    Едит: сега ја разгледував програмата на филхармонија - на 27 октомври ќе има детски симфониски концерт. Многу убаво доживување се детските филхармониски концерти, и секогаш се различни.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    ДЕТСКО КАТЧЕ на Скопје ВЕГЕФЕСТ

    (ANIMA MUNDI)



    За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на светот FUZZBUBBLE!

    Почитувани пријатели,
    Ве информираме дека нашето здружение за заштита на животните „Анима Мунди„ организира дводневен фестивал ВЕГЕФЕСТ, кој ќе се оддржи утре и задутре во Старата скопска чаршија ( на платото на Чифте амам и кафе барот Ла кања), со цел промоција на правата на животните, како и промоција на здравата, разновидна и вкусна вегетаријанска исхрана.
    Во прилог ви ја доставуваме целосната програма на фестивалот, на кој со големо задоволство Ве каниме да ни бидете гости.

    Воедно информираме дека паралелно со фестивалот, и двата дена (сабота/ недела; 13:00 – 17:00 часот) организираме ДЕТСКО КАТЧЕ кое нуди богата, весела програма за најмалите – жонглери, креативни работилници, музика, многу весела дружба заедно со волонтерите на Анима Мунди и бројните пријатели на фестивалот.
    Од тие причини дополнително Ве замолуваме да ја споделите оваа вест и покана да што повеќе дечиња дојдат и уживаат. Однапред ви благодариме.

    „За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на светот FUZZBUBBLE!
    КОГА ? Сабота/недела, од 13:00 па се до 17:00,
    КАДЕ? на широкото плато на Чифте амам (покрак кафе бар Ла кања) во Старата скопска чаршија
    ЗОШТО? зошто на едно место собрани ќе има жонглери, магионичари, аниматори, цртање, креативни работилници за најмалите и најмилите , како и здрава, вкусна закуска за дечињата..повеќе инфо на:http://www.facebook.com/note.php?saved&¬e_id=440397196016524&id=166688476720732 „

    Здружение за заштита на животни „Анима Мунди„
     
  10. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Знае ли некој дали работи театарот за деца и младинци?
    Поминав пред некој ден, немаше ни програма надвор, немаше никој во билетарата да прашам.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Во саботата бев на детски концерт на Филхармонија, на Петре и Волкот, и беше навистина посебно доживување.

    Иако децата се посреќни кога во позадина одат цртани филмови, сега немаше, но имаше еден супер водител, многу весел и со прекрасен однос кон децата. Се трудеше да ги вклучи колку што може, дури и прошета низ публиката низ цела сала. Им објаснуваше кој звук што означува, а додека оркестарот свиреше, или правеа мала пауза, тој ја читаше приказната, па децата имаа можност да научат да ги поврзуваат случките и ликовите од приказната со музичките инструменти, и се разбира, дда ги научат музичките инструменти.

    Мене детските концерти на филхармонија ми се многу убави, и топло ги препорачувам, особено за деца од 5 години нагоре.

    Инаку театарот за деца и младинци сега има репертоар, поминувам од таму, па гледам дека има истакнато, а има репертоар и на нивната веб страна.
     
    На Moira, ph.orhideja, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    И јас нешто да ве информирам.Малку подалеку е ,ама кој има можност ,убаво доживување е за деца,а и за возрасни.
    Од 7-10 .02.2013 во Белград, во Арена има представа на Дизни,овојпат е ,,Микијева магична представа".

    Представите се со светски магионичари заедно со Мики,Мини и другите дизниеви јунаци.

    Ние бевме во ноември,кога беше Disney on ice,децата се воодушевија.Имаше неколку точки,секоја посебно тематски разработена,со одлична сценографија,музика од цртаните...
    Сега пак ме тераат,ама незнам дали ќе одиме.
    Инаку картите може онлајн да си ги резервирате и купите,а мислам и дека некоја агенција од кај нас организира.
     
    На Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  13. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Златно славејче кога е ??Некаде ко да прочитав следниов викенд?
     
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.198
    Пол:
    Женски
    17-19 noemvri
     
    На mami blue му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Вчера бевме на претставата "Гига Мега Бајка" во Театар за Деца и Младинци, топло препорачувам.
    Утре сме на "Златно славејче".

    Сакам да одиме и на "Маша и Медо" во МНТ ама никако да начекаме да е отворена билетарата, да не знае некој од каде може да се купат карти освен билетара МНТ? Има некој дистрибутер на билети?
     
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    I nie sakame da odime na masa I medo predstavata stom imam nekakvo info ke vi pisam.
     
  17. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ние сме 22 месеци и почнувам да ја носам на некои детски настани бидејќи не оди во градинка па малку меѓу деца.
    Бевме на златно славејче прв пат но многу далеку ни беа седиштата и не можеше да и се задржи концентрацијата да гледа но си шеткаше напред си играше со балони танцуваше бевме во прв ред.
    Бевме на претстава во МНТ Роденденот на принцезата и издржа пола саат очекував одма да сака да си одиме.
    На фестивалот на сенките во МКЦ 15 мин едвај бидејќи беше жива темница инаку и беше интересно но не е научена во таков мрак да седи. Сепак беше за поголеми дечиња но ајде да пробаме и таму.
    Во театар за деца и младинци сакам да ја однесам на Црвенкапа а останатите претстави ако некој бил со помало детенце нека сподели искуство.
    Инаку темата е преубава.
    Вечер има претстава во игротека Бајка ние си резервиравме место.
    Прв пат одиме таму на претстава не знам како е .
     
  18. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Neznam dali ja vidovte na fb objavata za pretstava so dedo mraz vo igroteka Kolores vo aerodrom na 18.12.2016 od 11:00h karta e 100 denari so kafe za mama,ako sakate dedo mraz da vi dojde doma po povod novogodsinite praznici so igracka za maleckite organiziraat od Kolores isto toa e 200 denari,gi pratam redovno niv i se preku niv organirzirame, a i Bile gazdaricata mi e drugarka :) sekakvi nastani sekerni masi i dekoracii ako vi trebaat po najpovolni ceni kazuvajte ubavo raboti nema zbor
     
    На ZojaP му/ѝ се допаѓа ова.
  19. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.481
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги носам синко на балетската представа Снежана и седумте џуџиња.
    Мислам дека ќе е интересна да се види.
    @ZojaP во театар за деца и млади вреди да се види Алиса во земјата на чудата, инаку сите се прекрасни, но таа најмногу ни остави впечаток
     
    На azelea и ZojaP им се допаѓа ова.
  20. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме на претставата Дедо Мраз не сака сите и супер си поминавме. Ја препорачувам и за помали дечиња не трае долго и брзо се одвиваат настаните. Во четврток сме на Маша. Во Бајка бевмне на дедо мраз но моево девојче не сакаше да се слика со Дедо Мраз само си го зема подарокот :)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.