Zdravo, dali ima zainteresirani za pretstavata Masha i Medo denes? Imam edna karta, a malata se razbole, ne ke mozam da ja nosam
Да ја активираме темата малку... Од денес па натака почнува сезоната на претстави за деца на отворено во Капиштец во детскиот парк. Одлична прилика да се забавуваат децата. Можете да понесете од дома мало столче а не е грешка и на трева да седат. Претставите се интерактивни, глумците настојуваат со прашања кон публиката да ги вклучат децата во самата приказна. Лани прекрасно беше, верувам дека и оваа година ќе биде интересно. Куп деца и родители. Во 19 часот
Утрово на тиме.мк прочитав и која претстава ќе биде, ама неможам сега да ја најдам програмата. Лани беа еднаш неделно, сега незнам каква им е динамиката. МНогу им е интересно на децата.
Во Скопје ќе се одржува бесплатна програма за родители кои сакаат да направат промени во однесувањето на своето дете (на возраст од 2 до 9 години). Програмата е финансирана од европски фондови и ќе биде спроведена од сертифицирани стручни лица. Веќе е при крај пријавувањето. Заинтересираните може да видат податоци во флаерот а може и да споделите со родители кои може да бидат заинтересирани
Во МКЦ во саботата ја имаше "Како Хокус го пронајде Покус". Јас имам две деца, 6 и 2, и и двете мирно ја гледаа. Додуша можеби поради тоа што беа заедно, ама сепак. Претставата беше многу убава, и ние родителите убаво си поминавме. Плус во иднина рекоа ќе има следен дел.
Таква гужва беше на школка,дури се исплашивме. Збиени сите, се буткаат родители со деца на "ушка" , прав рај за делта сојот. Од далеку погледавме малку.
И многу касно почна.Некаде околу осум.Мали дечиња плачат им се спие.Ние нит Биби ја видовме од гужва, ништо.Фативме да шетаме покрај Вардар.