Ќерка ми- сакам балонче од Биби Одам на штандот,ми велат "балончиња само со купен проозвод" Видо беља. Како добро се комерцијализираа, алал да им е. Денес Пинокио, ама незнам дали ќе одиме.Претпоставувам дека ќе е како вчера. Ризик-јок!
А бт коа беа имаше само 20 балони па можеш да претпоставиш сите деца рикаја" оти за мене нема балооон" Ќерками уште го спомнува балонот
Ама за децата тоа е голема работа. Се осеќаат дискриминирани Во саботата немав намера да купувам ранче , Зази,Зина....и останавме без балон
Па мораше говори да држат Марко, Јована и кој и да беше водителот. Децана дојдени за Биби, овие си кажуваат глупости.
Си организирале за да соберат народ на продадат повеќе. А реално им е прескапо. Нормално дете се запна за балон, па земавме книгичка со активности и си отидовме. 19:30 уште не беше никој излезен, тек после почна некој да збори и обесува, па нормално си отидовме. Бегавме од гужва, во гужвата со маски.(кога чекавме ред за да купиме) Среќа дете сакаше да си оди. Срцка многу ми е разумна за тоа. Срамота е и грев е да прават така. За балонче бе!! Балонче од 0,5 денари а на големо и помалце. Па немаа, па ни дадоа не надуван и стапче. Сами да си надуваме. Секако не ја сакам биби а ни ќере, ама сакав да и сменам,да не и е се веќе видено ама ај тоа е.
Мене лично не ми се допаѓа начинот на кој збори. Ќере и така и вака не е мн по тв и такви работи па не ги ни знае повеќето ликови.
И мене не ми се допаѓа начинот на кој што збори Биби. И скоро сите епизоди им се копија од некоја позната светска приказна. Ич не ми се интересни, а и големата не ги многу гледа
Биби има толку иритирачки тон на глас што коса ми се крева на глава. Ама ете ќерка ми пак многу ја сака
И кај нас Биби е непожелна. Освен неколку песнички. Немам проблем со гладот, ама со некултура и лошите зборови да. Кога и објаснив на малата дека е лошо што зборуваат, следниот цртан сама побара да се смени. Треба да имаат и педагог у екипата оти јас пазам како зборувам дома и не сакам нешто што треба да е едукација да е лоша едукација.
Како биби и боби се некултурни и лошо се изразуваат според тебе? Можеш да ми посочиш пример од некој епизода? Јас не сум приметила такцо нешто, па те прашувам да не сум пропуштила нешто?
и моите деца нешто посебно не се заинтересирани за биби..дури керка ми беше на он лајн курс за азбуката и не бев ниту јас ниту таа воопшто воодушевени затоа што програмата не беше приспособена за нејзината возраст односно во групата имаше деца од 2 до 6. е па а не може дете од 2 и дете од 6 исто да разбираат. Ги слушав и предавачите кои не им посветуваа исто внимание на сите на часот односно не се трудеа нешто да ги научат децата. а петко и пет плус фамилија ги сакаат..песните им се топ и јас дури си седам со децата и ги гледам и слушам.
Начинот на кој се раскажува односно демек глуми е како да ги прават децата глупи и неписмени а не да ги научат на она што е правилно. И искрено одбегнувам се што нема правилен говор. Крици при изговор и завлекување на зборови немаме ние во нашиот јазик. После зошто децата збореле чудно, не прозбореле и слично.
Во врска со тонот, Не знам дали си ги слушнала филип и зага ( тие хрвати што се снимаат) После нивно слушање имам зуење на ушите два часа
Јас ич не ја сакам Биби, ама ќерка ми ја обожава Мене многу ми смета што се потсмеваат со класичните приказни и прават демек сопствени, а всушност нивните се инспирирани од класиците. И муабетите за волците, како се добри, а ловците се лоши Јас и објаснувам на ќерка ми за тоа што е добро, а што не чини во приказните нивни. Тоа е, не верувам дека во скоро време ќе излезе нешто од наша продукција што ќе биде совршено, оти никој ниту води грижа што се продуцира, ниту пак имаме пазар за истото. Добро е и ова што го имаме, оти децава нема да го знаат јазикот како што тргнало