1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Информираноста на младите за сексот

Дискусија во 'Секс' започната од russia7, 28 јуни 2013.

  1. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Не сретнав ваква тема, се надевам не е дупла.

    Сексот претставува нормална потреба за секој човек. Многу родители го избегнуваат овој разговор со своите деца плашејќи се тие да не направат некоја глупост, но сите знаеме колку погрешен чекор е тоа. Темата "Секс" е една од најизбегнуваните теми за дискусии помеѓу млади и возрасни.
    Младите бараат одговори на своите прашања во врска со оваа тема, но одговорите ги наоѓаат само на интернетот.
    Освен што овој разговор го избегнуваат родителите, истиот се избегнува во училиштата, како да се збори за најголемо злодело. |(

    Јас имам 17 години и невина сум, но за сексот читам и се информирам уште од околу 14-15 години затоа што сакам еден ден кога ќе дојде до тоа да бидам подготвена и информирана за се`.
    Имам другарки со дечковци кои веќе го доживеале тој момент, но имам и другарки кои се чувствуваат спремни да имаат секс, а поставуваат толку глупи и бесмислени прашања од типот: Треба да ми го стави во местото од каде што мочам, така? |( (Да, да, и тоа ме имаат прашано.)

    Сите сме сведоци на оние познатите прашања од гламстик, но колку што е смешно толку е и трагично истовремено. Жално е што девојките се впуштаат во нешто што може да остави трајни последици во нивниот живот, притоа ни самите не се свесни за тоа само поради тоа што нели срамота е да се збори за секс.

    Дали и колку вие бевте информирани за сите околности пред да го сторите тоа?
    Сметате ли дека задолжително треба да се воведат неколку часа во годината кај средношколците каде што би се дискутирало за тоа?
    Дали сметате дека родителите треба да разговараат со детето на оваа тема?
    Или сепак најдобро е вака да остане и да се информираме само преку интернет?
     
    На LiderKa, Роберт 7, Mhhm и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Aпсолутно!
    Тргнувам од мој аспект.
    Кога утре би била родител,ќе вложам секаков напор за моето дете ми верува и биде отворено за секаков вид разговор со мене.
    Многу родители се претерано конзервативни и не разговараат со своите деца,и ја пренесуваат вината на државата,наводно она не вложува во ваков вид на образование,но сепак ова е многу важна тема.
    Табу тема е сеуште,али сите ги интересира.Децата се лично наши,не се на државата. ;)
    Срамот е најголема причина зошто младите се ограничени со информации,но не дека нема.
    Google e тука,и се знае,ако веќе неможат со личен разговор да дознаат нешто.

    Сум и за предмет во образовниот систем,кој ќе ги обработува сите прашања поврзани со темата секс,и ќе им ги укажува последиците од незаштитен однос.

    Јас лично не бев многу информирана за сексуалните односи пред да го направам тоа.Но,од како се случи,си ја зголемив информираноста за секој детал.Се информирам на интернет,бидејќи мојот однос со родителите не е на тоа ниво да јас можам да им поставам прашање поврзано со тоа.

    Тоа е нивната грешка,која јас(и се надевам и останатите млади родители) нема да ја повторат.
    Не секогаш е доволно вие да верувате во вашето дете,треба и детето да ви верува за да ви се отвори за своите проблеми :)
     
    На LiderKa, Mhhm, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. little.gf

    little.gf Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    42
    мислам дека веке сите млади се информирани :rofl:
     
  4. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Информирани се до тој степен што прашуваат дали од петинг можат да забременат :D

    Инаку, Irrepleceable се согласувам, пред се` родителите треба да го започнат разговорот. На тој начин ќе се избегнат многу непријатности. Иако можеби родителите не сакаат да го прифатат фактот дека нивното дете е веќе сексуално активно, сепак многу е подобро кога ќе знаат дека истото е запознаено со последици, заштити и слично, отколку да се крие па да направи некоја беља. :)
     
    На Mhhm, Irrepleceable и SimonaTino им се допаѓа ова.
  5. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Информираноста е многу слаба е сега ќе образложам зошто.
    Имам 14 год. сега завршив осмо одделение е сега еден месец пред полуатурата во школо ни држеа предавање за половите односи и последиците ама тоа никој не можеше да го нарече предавање бидејќи се кажа само набрзина кои болести се пренесуваат и дека не смееме додека сме малолетни да имаме полови односи а на машките им поделија кондоми и толку 10 минути работа.И после тоа 'предавање' една другарка ме прашува 'Ако сврши во тебе и ти после тоа одиш за мочаш (извинете за изразов ) ти ќе ја измочаш спермата и нема да останеш бремена така?' и јас една реакција ко смајливо :tmi: а девојката сакаше сега летово да има односи со нејзиниот 19-годишен дечко во село.
    Информираноста е на низок степен,јас да кажам лично за мене информирана сум и фала му на Бога не размислувам со моиве 14 години за полови односи а познавам многу деца кои имале секс пример 13 годишно девојче со 16 годишен,еден од мое одделение постојано има секс со различни девојки и на екскурзија сега кога не носеа на крај на осмо 2 вечери не носеа и во дискотека е сега првата вечер позади вецето имаше како темна просторија и влегуваа таму и машките ги пипкаа на голо девојчињата и обратно,со цигарите се горат на деколтето иии да заборавив да кажам секое второ дете пуши и тоа од една цигара десет души.Мило ми е што го сменив школото што сега ќе бидам прва средно во Борис валда нема да ме прашуваат истите прашања. :lol:
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    5.877
    информираноста?

    Па не знаат ништо - затоа на 14 има односи на 15 деца (без навреда)...

    Во училиште треба барем 2 пати најмалку да им се одржуват часови (пример прво полугодие за влошки,кондоми,интимна хигиена.....второ полугодие за одностие,болестите,инфекциите,повторно хигиена)....

    и тоа уште во 7 одд. поради раните нурнувања во тие сексуални води....
    Па сга на 15 години започнуваат а за нашите деца кога на10? :o

    Мора да се преземе нешто ... можеби од дома сметаат : а мали се моите деца а надвор растур прават... или е како ќе започнам тема за тоа..ајде друг ден,а тој друг ден ќе биде кога ќе каже дека е бремена на 16????

    Нека разгледуваат децата по интернет штом се толку "возрасни,зрели " за таа тема....сега скоро секој има нет. дома...нека пребаруваат нека се информираат....но тешко им е да кажат дома : Мамо синоќа го имав првиот секс ајде да посетиме гинеколог....итн....

    и ете да кажеме започнала со односи на 14 и на 15 раскинува со тој,започнува нормално нова врска ајде и со тој ќе се секса и едеен голем ланец и што направила башка цел град ќе ја озборува, и за неа си е...

    за момчињата нека покоментира некое машко од форумов :D
     
  7. Metan99

    Metan99 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ја имам 15 години, но за едно две години би сакал да имам секс.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Како бе за две години? Ами нели ќе ебеше на екскурзија во Виена?
     
    На eloves, tessie, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Од сеа си прашува детето за да знае дали да е*е.:rofl:
    Морееее не седнат да учат само сексот им е во главата.
     
    На sugarlips и tessie им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Добро ма Хипице, толку ли е немогуче да се сменат плановите? Е сега, краткорочно, долгорочно...тоа се само нијанси... се` е до нијансите, сеа дали се 50 или не, мање-више. :lol:

    Инаку на темава. Сметам дека младите СЕ информирани за сексот. Поретко се информирани за репродуктивното здравје и колкави се шансите за бременост во дадена ситуација ... но, за сексот си знаат. :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека младите денес се мнооогу информирани, зошто се сеќавам дека во средно се држеа предавања за сексуално преносливи болест, а како вовед беше причината заради која тие настануваат. Професорот што го водеше предавањето исто така зборуваше и за заштитните мерки со кои може да се спречат болестите.
    Можеби е незгодно е да се разговара со родител, но не е незгодно да го слушаш предавањето или да пребараш на интернет. А овај што сте го цитирале погороре е гревче... такви наметнати реченици сигурно ги превзема од неговиот поголем брат, кој се уште е девица и е очаен да го фати клиторисот, кој замисли не е поќемон...
    Денес девојчиња од 14 години личат на жени од 20. Сметам дека прераното созревање и добивање на циклус е причина за рано губење на невиноста.
     
  12. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Абе се си е океј..Ама заштита односно кондоми не добивме :worried:
     
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.924
    Допаѓања:
    134.115
    Пол:
    Женски
    Ако знаат да разликуваат вагинален и анален секс не значи дека се доволно информирани. Далеку од добро информирани се. Доволно е да прочитате само какви прашања поставуваат и ке ви биде јасно колку се запознаени со сексот, заштитата, полово преносливите болести итн. Се нервирам коа ке спомнам за кламидија да речеме, а некој што е одамна сексуално активен да ме праша што е тоа.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    More ne da se informirai..Duri i poveke od sto moze da zamoislime...Kolku nie bevme informirani pred 20 godini?
    Ostajte vie nekolku izolirani slucai i po nekoj trol sto stvaraat pogresna slika.So eden klik se im e pred oci.
     
    На sugarlips и tessie им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Јас сум сведок на неинформираност на младите и ме нервира кога такви зелени се впуштаат во сексуални односи и после прашуваат глупости.
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Jas i mm od sega si napravivme eden dogovor :D koga sin mi ke bide vo periodite na sozdavanje sperma i sl ( kako sto mi kaza mm okolu 12-13 god se slucuvalo toa ) on ke go sedne i ke mu objasni se okolu seksot , SPB i rizikot od nesakana bremenost , a koga kerka ni ke ja fatat tie periodi , jas ke sednam i ke i objasnam se okolu ovaa tema . E sega ako oni sakaat da si se informiraat plus nesto netot e tuka slobodno ke mozat da se informiraat . Inaku , jas sum za idejata da se vmetne predavanje na uciliste za seksot i rizicite od bolesti od bremenost , se sekjavam koga bev prva sredno , devojcinjata koi bevme taa generacija prva god ne sobraa vo edna ucilnica i imavme edno vakvo predavanje , i traese mozebi cas i polovina ili dva casa . Na krajot dobivme nekolku vloski na always i dva priracnika na koi imase objasnuvanje za del od SPB i infekcii , no ne bea opfateni site . Sepak treba dobra informiranost pred da se vleze vo seksualnite vodi , jas licno ne bev informirana od moite roditeli , samo ona sto sum citala na net i od predavanjeto na uciliste kade dosta dobro ni objasnija nekoi raboti . I zatoa ne bi ja povtorila greskata na roditelite , pre bi da zboruvame i jas i mm so decata otvoreno za seksot , otkolku da zakacat nekoja bolest ili infekcija ( nedaj boze ) pa da se cudime kade ni bil pametot togas ... Sega uste e rano , no ke dojde i toj den :D
     
    На Hristov, Bozica1980 и sugarlips им се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ова е жално искрено.
    Прво на родителите им е срам да му објаснат. Па од каде да научат бре? Вака по форуми ќе му каже некој океј е кога си спремен да имаш секс и ајде на 13-14 со сексојте.
    Треба двата родители присутни да го седнат детето и да му објаснат убаво. Кога го правеле не им било срам? Да се достапни за него кога ќе има прашања. Да му се објасни емотивната страна на сексот посебно на девојките. Да му се всади одговорност. На крај краева ако веќе решаваат да имаат секс на 14 барем нека имаат безбеден секс да му се плукнам. Друго е кога сите овие информации ќе дојдат од родителите друго е од интернет и порничи затоа после се создава искривена слика за сексуалноста и интимноста.
    Згодно не згодно еднаш тој муабет да се направи и готово. Сметам дека сега дури порано треба да се информираат на 11-12 оти се порано почнуваат барем нека се спремни ако не нешто друго. Треба детално да им се објасни анатомијата женска/машка, болести, бременост се се.
    Боже здравје да дочекам дечиња да си имам, има да ги седнам и да слушаат ако треба и визуелни слики анатомија ќе им покажам.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Сами да си истражуваат :rofl: Се зафркавам,како што рече една феминка еден клик на интернет и се тие пред очи.Доволно е за младите тоа што го пишува во учебниците по биологија,што гледаат на телевизија,општо нека си знаат.Јас ви викам прво тоа што им го кажуваат на училиште добро нека си го научат.Подобро да си гледам низ интернет или да читам нешто за анатомијата отколку да ми кажува некој,мене глупо би ми било да ми зборуваат родителите за сексот :D :P:PНе,непријатно е.Мислам дека денес младите се поинформирани за разлика од тоа како било пред 20 и повеќе години.И јас кога бев седмо или осмо одделение ни дојдоа да ни држат предавање,ни дадоа еден прирачник и неколку влошки.Исто и во некои книжари има книги за пубертет,адолесценти,има некои и за малку поголеми деца :| (за кондоми,за бременост,секс...само многу подетално).Подобро вака,ем на родителите нема да им биде непријатно,ем си информиран до детаљ.Сега ако имаш некој поконзервативен родител мораш вака,мене дома никој не ми објаснил ама пишува во учебници,а за некој што е помал како што кажав тоа се доволно информации,натаму сами нека се надоградуваат со знаење.:lol:
     
    На Strumka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова е неизводливо во светски рамки а камо ли на балканот. Ајде стави се ти во улога на мајка, како ќе и објасниш на сопствената ќерка што е тоа секс, освен да и всадиш страв дека секст е нешто лошо. Искрено мене не ми влегува во глава како би се одвивал тој разговор а да не го премине тој однос дете родител. Посебно велиш дватародители, зарем таткото треба да разговара со ќерката за секс?
     
    На traveler и sugarlips им се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Хмм. Сегде родителите двата разговараат за сексот. Сегде. Освен во вакви заостанати земји. Не е тоа ништо срамно ни лошо и децата треба да добијат информации од прва рака од луѓе што му веруваат и му мислат добро. Не е никаква си табу тема сексот во светот!
    Што ако таткото разговара со ќерката за сексот? Не знам како размислувате вака...
    Ај подобро на милост и немилост нека си ја остави од другарки да учи и од интернети па да има некаква извиличена слика за сексот и интимноста.
    Ама затоа секој различно си ги воспитува децата, како што мислиш така прави си.
    Јас поинаку. И така. :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.