Слабеење со чај Незнам дали некој претходно има пишувано за ИНХУА - чајот на гејшите. Истиот можам да го пофалам, доста е добар за слабеење, прво го средува метаболизмот и столицата, а потоа се слабее, доколку се користи како што е пропишано.
Слабеење со чај Ослабев околу 4-5 кг. Ама го пиев подолго време, пешачев, внимавав на исхрана. После месец дена пиење (околу 2 пати на ден пред оброк) почна да ми се рамни стомакот, а потоа и почнав да слабеам. Ова пред 2-3 години. Ама затоа сега сум се опуштила, ниту физички сум активна, ниту пијам од чајов, важно стално го имам дома, за кога ќе ми текне да се напијам, да не се обвинувам што го немам
чајов сум го пиела одамна пред две години мислам, и немаше никаков ефект, џабе си ги дадов само парите.
Мое мислење е дека некои од девојките сами дадоа одговор зошто ослабнале -> биле физички активни додека го пиеле чајот. Моја другарка го пиеше константно три пати на ден и го поремети целиот метаболизам. Постојано одење во тоалет и не можеше ништо да касне, а да не појде во тоалет. Меѓутоа откога го прекина конзумирањето на чајот, метаболизмот и се забави и веќе не и фунционираше како претходно пред земањето на чајот. Сето тоа немаше никаков ефект врз тежината, затоа што таа не беше физички активна. Се надевам дека нема да ги фрлате парите по скапи чаеви како овој...туку ќе примените здраво слабеење, со зголемена физичка активност и непрејадување. Од искуство, нешто со кое не можете да погрешите во чаевите е зелениот чај без никакви други примеси какви што има инхуата.
Пред 2 години со помош на инхуа чајот за 10 месеци ослабев 22 кг. ....и денес си ја имам истата килажа и немам никаков проблем од чајот ни тогаш ни сега ТОПЛО ГО ПРЕПОРАЧУВАМ НА СИТЕ КОИ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ .
Мајка ми го пие чајов веќе еден месец скоро. Како што идењето во веце и беше на неа научна фантастика сега го нема тој проблем. Највеќе го купи за да си го среди метаболизмот и многу и помага.
го барав чајот насекаде, низ маркетите, низ аптеките, и никаде неможев да го најдам, го немало. доколку некој го најде овој чај било каде дали во аптеки или во поголемите маркети (веро, тинекс, рамстор), го молам да обавести овде на форумот.
драги членови на форумот, чајот инхуа го нема во аптеките, насекаде го пребарав. една колешка беше во бугарија по приватна работа и од таму ми го купи чајот инхуа. треба овие денови да си го земам.
znae nekoj kade ima ellas caj porano go imase vo aptekite i bese mnogu efikasen znam deka imase leneno seme, breza i za drugite sostojki ne se sekjavam no bese mnogu efikasen se manifestirase so pojacano mokrenje