Девојки ве молам за мислење. Сигурно знаете препарати со смирувачко дејство за сензитивна кожа. На препоните секогаш после бричење ми се појавуваат црвени зрнциња кои не поминуваат никогаш. Барем јас така мислам,дека тоа е резултат од иритирана кожа. Како и да е,немам слушнато некоја друга да се пожали од ваков проблем. Дали сум единствена која на лето не можи слободно да си прошета по бикини на плажа,поради ваков "проблем"?
Иритирина кожа на препони после бричење И мене така ми се правеа додека се бричев со вода и сапун , еднаш се договорив за на бањање да одам , а немавме баш вода дома , и шо да правам насуво само препоните ги избриков и ич не ми се појави црвенило. Можеш да се намачкаш бебешка пудра во прав ке ти помине исто црвенилото или павловичава помада.
Иритирина кожа на препони после бричење Туу бе како се си наоѓам баш вака мои теми - Мојот најголем проблем беше ова од сите проблеми што ги имав знам тој период! И не си единствена да..има многу вакви случаи.Иако не е кај сите иста оваа иритација..кај некои помала кај некои поголема.. Од кожа се вадев колку ми беше после бричење иритирана кожата,ма тоа беше страшно да се гледа..црвени бубулички,болни..големи,не дај боже да ги чепнеш.Значи ја неможам да пешачам понекогаш надвор ради ова .. И незнаев веќе што да правам..те ќе земев некои чуда за чувствителна кожа,како не,жити ефектот,после па ај колонски води,алкохол..незнам што веќе. Мислам дека немаше нешто што не пробав во врска со ова,а ништо немаше ефективен резултат.Сепак нежна е кожичката таму,а со жилет врз таква кожа,па што сакаме да добиеме? =/ Ми пукна филмот и заменив брич со восок,ШТО Е НАЈПАМЕТНО! и ни се замарам сега ни ништо. А,како нега на оваа иритирана кожа,ја користев павловичева маст секој пат,лосиони,или креми такви некои парфемирани чуда никако.И што знам.. не дека имаше некој ефект..може мал,ама пак не беше доволен да ми ја намали болката и да ги тргни тие бубулчиња. Или некое бебешко кремче,маст,масло,пудра незнам што исто можеш да земеш.. Али највеќе ти препорачувам да преминеш на восок,и ја се мачав со ова година ипол,и редно време беше да се опаметам.А,ако неможеш со восок,од страв,или незнам некои одредени причини,користи крема за бричење,ама само на препоните,никако од внатре кај усните или подоле! Твој избор.
Иритирина кожа на препони после бричење Мое мислење е кога се бричиш не треба да ти оди бричот контра раснењето на влакната (како кога се депилираш со восок на пример).Само следи ја насоката.И тогаш се појавува црвенило ама е во многу помала мера .
јас го имам истиот проблем, лето неможам слободно да шетам по плажа..ужас само гледам како другите шетат играат јас лежам на крпата и демек се сунчам цел ден се депилирамсо восок или депилатор никако со брич но се е залудно, црвенило, црвени точки никако не ми поминуваат бев загрижена дека сум единствена но кога ја видов темата реков конечно некој како мене помогнете ми што да направам
Општи прашања Сакам да ве прашам,од што ги бричам препоните ..целите ми се исипани со брунчиња со точки некои..не сум мазна,гадна сум за гледање.Е сега што да ставам да ми се смири кожата,да ми се врати во нормала?
Општи прашања ^^ Павловичева маст, мене многу ми помага. У случај да немаш дома таква, пробај со било која друга крема (зборам за оние ,,потешките'' и помрсни од типот на павловичевата) црвените брумчиња ќе ти ги снема за ден/два .
Општи прашања Свари чај од камилица помини го местото со памукче натопено во чај, а потоа со павловичева како што ти кажаа или пак пудра од бекутан.
Девојче, прво почни со крема, по исвесен период. Така кожата ке ти е по мека, а потоа спред мене најпаметно оди си во салон и немаш иритација, цел месец гајле немаш
Бричењето е најнепрактично, ја иритира кожата, брзо растат влакната и се јавува чешање. Можеби може да помогне бебешка пудра или павловичева маст, ама најдобро е да се избегнува оваа метода на средување на препоните, па и целото тело. Депилацијата е незаменлива.
На препоните од бричење ми се појави црвенило, најверојатно некое брумче и ме многу чешање и од чешање така ми стана кругче црвено и како да се лупи така малку, и имам болка само на тој дел а претходно чешање, совет?
Јас ја имам оваа, ама не мора истата, имаш во било која аптека, само кажи маст од невен, ги има и во помала количина, а имаш и на Balea во DM.
Го имав овој проблем првиот пат кога се депилирав на интимен дел и се среди со гел од алое вера посебен за тоа, ама сега повеќе се бричам отколку што се депилирам со восок па излегуваат такви црвени мозолчиња. Може ли со некој интимен гел или крем да се реши проблемот или да користам кремата од невен што е погоре на сликата објавен ?
Што би ми препорачале за депилирање а да не биде бричење, за во домашни услови? Го гледав восокот на Балеа во кутија, па доколку некоја го има користено за интима да сподели искуство.
Јас еднаш или два пати се имам депилирано, не сакам да не сум мазна со денови да чекам да се депилирам па постојано сум со бикче, никогаш не ми имат излезено акни, ама веднаш после бричење го поминувам местото со кокосово масло или некое друго можеш јојоба. После тоа нормално цело тело си го поминувам со лосион кој го користам за тело, моментално на Нивеа млеко за тело со кокос и кожата ми е мазна и мека. И на нозете ми е исти принцип, до сега не сум имала проблем со исфрлување. Нормално често менување на бикче, и различно јас користам едно за препони друго за нозе. Ми е страв интима со исто бикче да користам на други делови.