1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иселеничка виза

Дискусија во 'Барање работа' започната од kristince51, 29 август 2012.

  1. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Незнам дали темава е дупликат и дали во барам работа треба да биде но барав нешто слично неможев да најдам, ако е дупликат насочете ме каде да тражам а оваа тема заклучете ја. Е сега ке замолам некој што има искуство со апликација за иселенички визи ако сака детално да го сподели своето искуство, значи каде се пријавуваш што документи , колку е веројатноста дека ке добиеш мислам иселеничка виза за цело семејство , јас барав по нет и во агенција за иселеништво ама неможев да се снајдам. Ке ви бидам многу благодарна ако одвоите 10мин време да напишете вашите искусва .
     
    На live.your.dream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    иселеничка виза

    и мене ме интересира истово...знам неколку луѓе што добија на онаа лотарија, виза за Америка, ама никогаш не разбрав како се одвиваат тие формалности...
     
  3. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    иселеничка виза

    ако сака некој што знае нека ни објасни
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    иселеничка виза

    Веќе 2-3 децении секоја година американската влада организира лотарија која на евентуалните добитници (вкупно 50,000 луѓе) им овозможува една виза за влез и право на барање постојан престој во САД, а подоцна и државјанство на САД.

    Кога и каде:

    Пријавувањето на учесниците оваа година е од 2.Октомври до 3.Ноември 2012 год. бесплатно е и се врши исклучиво преку интернет, од било која локација во светот.
    Пријавувањето ќе се врши исклучиво преку овој вебсајт:

    https://www.dvlottery.state.gov/

    Услови:

    - да сте државјанин на држава која има право на учество. Оние држави од каде во последните 5 години заминале над 50,000 луѓе како иселеници во САД, привремено немаат право на учество.
    Р. Македонија моментално го исполнува условот т.е. државјаните на РМ можат да учествуваат во предстоечката лотарија.
    - да имате завршено минимум средно образование или повисоко. Доколку некој има завршено на пр. само основно образование, може да учествува само под услов да има минимум 2 години работно искуство. (а тоа значи обично да биде на возраст минимум 18 год.)
    - имате право само еднаш да се пријавите т.е. аплицирате во текот на една сезона. На пр. оваа година можете само еднаш да конкурирате, ако не добиете, можете да се обидете наредната година и тн. Доколку некој 2 или повеќе пати се пријави во текот на истата година, автоматски се брише од компјутерскиот систем и нема да може да учествува во лотаријата во таа сезона.

    Што е потребно?

    - Се пополнува онлајн формулар преку интернет на англиски јазик
    - се приложува како прикачен фајл фотографија на учесникот. Фотографијата мора да биде во JPEG формат и не смее да биде поголема од 240КБ (килобајти).

    Добитниците ќе бидат известени исклучиво на веб сајтот, а не преку и-мејл, пошта, телефон и сл. Резултати ќе бидат објавени на 1. мај 2013 год. Добитниците ќе можат да ги видат резултатите со внесување на лозинка која ќе ја добијат при пријавувањето.
    Добитниците ќе имаат право да бараат иселеничка виза во конзуларното одделение на амбасадата на САД (на пр. во Скопје). Добивката на лотаријата не е автоматски гаранција дека некој ќе добие виза, како што ни добивањето виза не е 100% гаранција дека ќе биде дозволен влез во САД(иако начално нема проблем). Добивката на лотаријата само ви дава право да барате таков тип виза. Учеството во лотаријата е бесплатно, но визата не е бесплатна.

    Добитниците кои аплицирале есента 2012 ќе можат да аплицираат за иселеничка виза исклучиво во периодот од 1.октомври 2013 до 30.септември 2014 (тнр. фискална година на државната администрација во САД).
    Откако ќе стигнат во САД (добитниците самите си плаќаат карта, престој и тн.), по завршувањето на пасошката контрола и царинските формалности, добитниците имаат право да живеат во САД, да бараат и добијат платена работа. Меѓутоа важно е да се нагласи дека освен имигрантската т.е. иселеничката виза Америка ништо друго не дава. Ако добитниците си најдат работа, си најдат... ако не, нивен проблем.

    Повеќе информации на:

    http://travel.state.gov/visa/immigrants/types/types_1318.html

    Информации за оние кои учествуваа во 2011 год.(оние кои добиле визата ќе им важи од 2013 год.,) инаку информациите генерално се исти секоја година.
    http://travel.state.gov/pdf/DV_2013_instructions.pdf

    Американскиот конзулат во Србија објави на јутјуб анимиран предупредувачки филм за превентива од злоупотреба на апликантите.

    http://www.youtube.com/watch?v=V4S5LxpQhN0
     
    На Scorpio87, d.Darla, veronikaveronika и 2 други им се допаѓа ова.
  5. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    А колку е тешко да се добие имиграциона виза за Австралија? Како е за работа таму?
    Знам дека треба да си прашам во агенција , ама навистина ме интересирираат личните искуства на феминкиве?
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Немам лични искуства со Австралија, но на официјалниот вебсајт на отсекот за имиграција и државјанство при владата на Австралија можеш да најдеш изобилие информации околу визите. Анонимно одговараш на прашањата онлајн и сајтот ти кажува дали начално можеш или не можеш и редица други работи:

    http://www.immi.gov.au/visawizard/

    http://www.immi.gov.au/
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Гледам дека ова со визиве добро го знаеш :) .......дали можеби си запознаена за добивање визи за Канада.........
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    За издавање на сите видови на визи од пред неполна година за Македонија надлежно е само конзуларното одделение на амбасадата во Виена (значи не и Белград како до порано) а во Скопје сеуште нема конзуларно одделение.

    Во Канада „најлесен„ и најбрз начин легално да се емигрира е да се инвестираат над 800,000CAD$ во нивното општество. Тоа некои го викаат економско државјанство.
    http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/business/index.asp

    Другите начини се преку барање работа во дефицитарни области, потоа има посебна програма за провинцијата Квебек кое е француско говорно подрачје, и преку номинирање од страна на самата провинција. Тоа значи дека секоја провинција(Алберта, Онтарио, Манитоба, Јукон и тн. ) може да предложи давање дозвола за имиграција но номинираниот се обрзува да живее и работи извесен период во таа провинција. Натамошна можност е некој кој веќе живее(л) во Канада како студент или привремен работник да прејде во тнр. permanent resident т.е. постојан жител што пак е еден од предусловите за добивање на канадско државјанство и пасош. Канада инаку ја дозволува можноста за двојно односно повеќекратно државјанство, но сè додека престојувате на Канадска територија а имате и канадско државјанство, властите ќе ги интересира само канадското државјанство.

    Повеќе инфо:
    http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/index.asp

    Доколку пак сакате да ја посетите Канада како турист или да појдете на неколку месеци кај роднини или пријатели тогаш ви е потребна виза за посета:

    http://www.cic.gc.ca/english/visit/index.asp

    Цената во Виенскиот конзулат моментално (септември 2012) за туристичка-посетителска виза е 150CAD$ или 120€ за повеќекрати влегувања, а за еден влез 75€. Иселеничките визи се 550CAD$.

    Комплетна листа на цените може да се најде на веб-сајтот на канадската амбасада во Австрија.

    Интересно предавање на француски имигрант за наоѓање работа во Канада одржано во Торонто февруари 2012.

    http://www.youtube.com/watch?v=LhA3zeELPzc
     
    На tea1221, Scorpio87, d.Darla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Благодарам многу за деталниот одговор ухх ке чекам октомври па ке видиме
     
    На sonyasun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    а некој нешто повеке да не знае за иселенички визи во Словенија, Хрватска зошто имав познаник што на таков начин се исели но немав доволно време да го распрашам каде конкурирал, како го направил тоа а и во тоа време баш не бев заинтересирана за вакви понуди па ако некој нешто знае нека пише.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Првпат слушам за ова бидејќи Хрватска и Словенија не се како огромните земји како Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд кои имаат горе-долу континуирана потреба од имигранти, барем во одредени области. Тоа не значи дека таму е невозможно некој да се пресели и да најде работа, но генерално земено тоа се помали земји со помали економии за да можат почесто да даваат иселенички визи за цел свет.

    Вo секој случја вистинско место каде треба да се бараат информации во конзуларните одделенија на амбасадите за соодветните земји.

    Можеби тука ќе најдеш корисни информации:

    http://infos.hok.hr/hr/faq/a_pravni...rada_i_boravka_stranaca_u_republici_hrvatskoj

    http://www.moj-posao.net/Vijest/71139/Gdje-zaposljavamo-strance-u-Hrvatskoj/2/
     
    На Scorpio87 и kristince51 им се допаѓа ова.
  12. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Дали може да се аплицира онлајн за виза за австралија,исто како што е за зелената карта за америка,доколку знае некој нека прати линк.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Прво, визата и аплицирањето онлајн преку лотарија за зелената карта за САД се две различни работи. Онлајн аплицирањето овозможува само да добиеш услов бараш таков тип виза за САД, а дали во конзуларното одделение при амбасадата ќе ја издадат самата виза тоа може да биде сосема друга работа.

    Второ, Австралија нема green card diversity lottery program како САД.

    Трето, бесплатно онлајн за безвизна туристичка посета, деловна посета или посета на роднини или пријатели во Автсралија до 3 месеци можат да аплицираат само одредени земји вклучени во e-Visitor (претежно земјите на ЕУ+Хрватска, Норвешка, Исланд и Швајцарија, Андора, Ватикан) или ЕТА програмата (Спец. админ.рег.-Хонг Конг, Канада, САД, Јапонија, Малезија, Сингапур, Јужна Кореја и Брунеи) - аплицирањето за ЕТА не е бесплатно и чини 20AUD$. Ако имаш пасош на една од тие земји - можеш и ти да ја користиш таа поволност.
    Македонија, барем засега, не спаѓа во ниту една од тие 2 групи.

    Но онлајн можат да се добијат прилично многу информации околу повеќето видови визи:
     
  14. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12

    Tи благодарам за одговорот,а дали се случило досега некој што е извлечен преку лотаријата за зелена карта за САД да го одбијаат од амбасадата?
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Да, на пр. ако не се исполнети во целост сите услови. На пр. во една од соседните земји, една девојка аплицирала онлајн за лотаријата, ја добила, но кога отишла во амбасадата на САД била одбиена поради немање доволно средства - имала само пари за авионска карта и пари да ја плати таксата за виза (330$) но не и за почетниот престој.
    Или на пр. некој не обезбедил покана од пријатели или роднини кои имаат постојан престој во САД или покана од работодавец, трет можеби не го поминал уредно лекарскиот преглед и тн.

    Значи не случајно е додаден тој долг период од година и пол за подготовка доколку некој добие на лотаријата.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Дали некој кој аплицирал за лотарија за зелен картон за Америка, се сликал и дали знае каде се може да се слика човек со бараните пропорции. Разбрав дека само во Веро во Тафталиџе правеле такви слики, ако знаете друго место кажете.
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    ^ Јас се имам сликано во она студиото до гимназијата ЈБТ во Центар, мислам дека Здравко се вика. Цена 200 денари и сликата ја даваат на ЦД. Дечко ми се сликаше во Беверли, студиото во пролазот, 150 денари ако не се лажам исто слика на ЦД. Двете студија ги прават сликите според стандардите и прописите што ги бараат од dvlottery.
     
    На Scorpio87 и Abeja им се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Кога јас аплицирав неколку години наназад си ја подесував сликата во paint ми се чини (се сликав од мобилен) и ми пишуваше дека е валидна...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Јас се сликав дома со позадина бел мазен ѕид и потоа за да ја средам со димензиите во Microsoft Office Picture Manager со опцијата Resize ја средив 600х600 да биде и после отидов на страната http://travel.state.gov/passport/pptpho ... _5306.html и со опцијата Start Photo Tool ja centrirav i dosrediv i posle na stranata https://www.dvlottery.state.gov/photo.aspx ја проверив сликата дали системот ми ја прифаќа аплицирав.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    заборавив да напишам со срека на сите што ке аплицирате :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: