Многу мои роднини добиваат пензија од Австралија Германија .... и со тоа преживуваат. Од што ќе преживуваме ние и нашите деца???? Е токму затоа и бегаат младите, токму затоа покрај други причини. Мене ме интересира, дали знаете некоја агенција во Скопје која помага за Канада? Имам пријателка која има ете со посебни потреби и сака да проба за таму, како земја која нуди многу можности за тие деца.
Јас малку поинаку размислувам на оваа тема гледајќи многу мои роднини на различни страни на светот. 1. Братучетка моја која доби на лотарија за САД, полагаше дополнителни курсеви, земаше некакви обуки и сега си работи во лабораторија и задоволна е од плата и од се. 2. Другарка која се омажи Австралија, не сакаше да работи во кафетерија нити да чисти згради (но во секој случај и помогна сопругот со пари) , одеше на факултет да дополага испити да и се признае нејзината диплома и сега си работи на царина. 3. Е од друга страна имам другарка исто во Австралија со диплома од информатика немало работа за нејзе и оди по згради чисти Сепак мислам се е до карактер. Кој колку сака да се ангажира за својот живот. Да знам, не цутат рози ни таму, но сепак....ако се сака и таму семоже да се најде солидна работа
Кој како ке си ја нареди.И во МК има луге што живеат солидно. За Австралија едно големо ДА имаат многу добар социјален систем, а Америка за мене никогаш.
Најдобро ти е директно преку овој линк. Овде имаш се ова е имиграционото биро на Канада http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/apply.asp
Кои се опциите за добивање документи во Америка? Конкретно мислам на оние што добиваат туристичка виза и остануваат да живеат таму? Ви благодарам
Брак ако останат на црно. На друг начин не можеш да си го регулираш престојот ако останеш на црно.. А можеш ако најдеш компанија што ќе те спонзорира, да ти ја отпочне постапката ПРЕД истек на визата т.е на периодот кој ќе ти го назначат како дозволен престој. Инаку за да работиш МОРАШ да имаш SSN (освен во некои затуцани села кај што можно е да не ти побараат) кој што не можеш да го извадиш со туристичка виза, па затоа најчесто остануваат тие со Ј1 виза...
Разведи се се зезам нормално. Аплицирајте секоја год и двајцата за зелена карта или ако имате дефицитарна професија барајте фирма што ќе ве спонзорира за h1b виза...
Imaj vo predvid deka ako ednas si odbien vo ambasada vtoriot pat se minimalni sansi za da ti dadat viza
Здраво дечки, има некој некакво искуство со полагање на IELTS General? Ако може некој да ми препорача некој кој држи подготвителен курс за IELTS General.
Апсолутно никаква врска нема ова со иселеничка виза. Ама има со туристичка. Не ги плашете луѓето без врска..
Ова е точно. Имам мн роднини одбивани по 3-4 пати со јаки гаранции , сепак не им дадоа а пак на нивните деца кога аплицираа од прва им дадоа 10 годишна виза . Можеби не е секогаш точно ова но 99% во случаевите во околинава се такви... Патем во Октомври започнува аплицирањето за зелена карта за Америка и секој со својата срека
Јас постот го напишав затоа што имам доста познавање во таа област . Добро размисли пред некој да го наречеш лажго затоа што ова беше напишано добро да спремат документи и интервју а не заплашување нема баба Рога амбасадори се ... И не реков со сигурност дека нема да им дадад во повеке случаи се одбивани без разлика дали се работи за 221(g) .
Не, туку ти Баба Рога ги направи конзулите, а 221 г е кога имаш статус кво поради понатамошно административно процесирање или си одбиен за виза поради недоставување на целосната документација.. Многу полошо од ова е давање на лажни информации со кое можеш и перманентно да го изгубиш прсвото на виза! И не, не зборам од памет. Ретко кој Македонец, што нема поминато ни ден во Сад и нема тамошно работно искуство, може да аплицира за визи што не се h2b евентуално h1b. Најчесто се аплицира за лотаријата и тука се ти е среќа. Ако те изберат, кога ќе ги доставиш сите документи шансите да те одбијат се минимални. И никаде не те нареков ЛАЖГА, аман веќе со оваа надуеност и надменост. Само кажав дека без врска ги плашиш луѓето, а ти ако си толку сигурна дека во Македонија има луѓе што аплицирале за иселеничка виза и биле одбиени поради твоите наведени причини, направи една анкета да ги увериш луѓето на колку проценти им се случило тоа. Еве ти и нешто за мене... Во процес на добивање виза сум, по second preference E2 виза. Така да, знам и јас нешто, не само ти Е браво, сега измешавте баби и жаби. 10 годишната виза е туристичка виза со која не можеш да работиш освен на црно. Како што нагласив погоре, за туристичка виза се најголеми одбивањата, па така да ако еднаш те одбијат, ретко даваат втора шанса. АМА тука збориме за ИСЕЛЕНИЧКА виза и таа нема никаква врска со туристичка!!!
Еј де , и што има врска со тебе !? Ниту те цитирав , ниту ти реплицирав , аман жено ти цело време си во ПМС
А ти цело време мелеш како воденица само погрешни работи. Темава е за ИСЕЛЕНИЧКА ВИЗА која е потребата да ги мешате туристичките визи во неа?!? Исто ли е да бараш виза како турист, за кој што знаат дека ќе остане на црно (бидејќи на мнозинството им е тоа целта), па го одбиваат лицето и доколку бараш иселеничка виза која што не се добива на принцип - одам во амбасада и аплицирам, туку позади тебе стои компанија и адвокатски тим кој што гарантира дека за тебе има работна позиција во нивната компанија, а меѓу другото треба да извадат еден куп документи и најчесто мораат да докажат дека нема доволно квалификуван кандидат, па им требаш баш ти! Или лотаријата на принцип на "среќа" за која што сум убедена дека не е баш само среќа во прашање. Не, НЕ Е ИСТО. И затоа не мешајте туристички со иселенички визи. Само поголема збрка во мозокот на потенцијалниот кандидат да се направи. Има тема за туристичка виза, оди таму и пишувај до утре сабајле ако сакаш!!! П.С... ова е форум. Не мораш да ме цитираш ниту реплицираш. Ама јас можам да цитирам кого сакам.. На тој принцип функционира. Ако не си спремна да дебатираш, не реплицираш и готово.. Ако имаш аргументи, се спротивставуваш... Никој со сила не тера некого да направи нешто што не сака.. Уууу сигурно ти е тешко да разбереш толку комплицирани работи...
Јас секако ќе одам во понеделник, треба отпусна листа да земам Меѓувремено, честитај и на мајка ти.. Вакво дете еднаш на 1000 години се раѓа
Ја не сваќам само зошто се трудиш да се направиш паметна а другите као демек зборат на памет јас имам добиено иселеничка и има различни начини во секој случај треба да си добро подготвен .
Девојче, втора година си на Американ, бараш цимерки во Аеродром и имаш љубовни проблеми. И имаш иселеничка виза .. за Аеродром.. Олади.. Hands down..