Здраво да ве прашам дали може некој да ми помогне. Сега прочитав дека годинава односно сега на 2 Октомври ке имало лотарија за зелена карта па ме интересира ако може некој детално да ми објасни некој жто веќе добил или што аплицирал што се пишува таму во формуларот и слушнав дека имало некои најбитни делови што се пишувале кои што носеле многу поени за да имаш повеќе шанси за добивка. Ќе ве замолам ако може да ми објасните. Фала однапред
Значит почнува лотаријата на 4 октомври , внесуваш твои податоци ако си самец , ако си фамилијарна Од тебе и од твоето семејство , внесуваш податоци во полињата , плус слика не постара од 6 месеци , не постои такво нешто за поголеми поени , бидејки прашањата се општи за носителот на апликацијата , и резултати после се чека во мај Ако те интересира уште нешто прашај ме слободно , не е тешко да се пополни , и све друго е срека
Епа слушнав дека имало некое поле каде што ќе треба да објасниш зашто сакаш да добиеш виза... Као демек повеќе поени добиваш ако ги наведеш причините што пример на нив би им одговарале или нема нешто такво ?
А од коа ке те изберат тој некојси формулар одпосле што се пополнува тоа знаеш ли што е ? И на пример јас аплицирам индивидуално и ме одбираат ама сакам и дечкоми нормално да го земам со мене така може ли и што треба да се направи ако пример ме одберат за да одиме заедно ?
Ехеее мн си сигурна. . Срцка ако те извлечат си има потоа процедура , ако имаш дечко ке мораш да се венчате за да го земеш со тебе , плус треба да имате минимум средно 4 степен( и тоа редовно посетувана настава , никако вондредно) , па гарантен лист од некој од Америка , плус пари на банка ( на некому им батале , некому не) Али да не те демотивирам ретко кој добил од прво аплицирање , па и од второ и трето и итн.
Читав дека е така ама викам ај да прашам уште еднаш дали сигурно е така инаку да никој од еднаш не добил ама сакам подобро да се информирам затоа фала ти многу за информацииве
На ова прашање нека ти одговори некој што стварно знае , бидејки некој вели дека може некој вели мора 21 година да има носителот , ај некој поупатен нека одговори на ова прашање и да ја рачистиме дилемата
Девојкава ме прашала и по порака и одговорив таму.. Еве јавно и официјално, не мора да имате 21 год. Гугл ит...поедноставно не може да биде There is no minimum age to apply, but the requirement of a high school education or work experience for each principal applicant at the time of application will effectively disqualify most persons who are under age 18.
Знам дека е таа, но ми искача мене ова,најверојатно оти имам аплицирано во 2014 за извлекувањето што заврши оваа година. И сега?
Аплицирњето не е почнато. Започнува во 18 часот и трае до 7 Ноември. Затоа неможиш да аплицираш сега .
За 2017 веќе се објавени, мислам дека уште можеш да си провериш, зашто некаде прочитав дека можно е отпосле да бидеш избран, значи откако веќе си ги проверил резултатите и си видел дека не си извлечен. Така што, чувај си го бројчето. Инаку во мај обично ги објавуваат резултатите, мислам дека годинава ќе ги објават на 1ви. Овие ќе бидат за 2018та.