Сега не ќе можиш со нив да одиш заедно во пакет , но секако штом заминат таму можат лесно да те повлечат
Зависи , има повеќе начини . На пример неколку месеци да се таму можеш да аплицираш во амбасада за виза , е сега можно е да ти дадат 10 годишна виза (6месеци таму ,6 месеци ваму),нели одиш кај твоето најблиско семејство ,но штом стапнеш таму постојат мн варијанти за да останеш таму , една е да се запишеш таму на факс ,друга е да се омужиш за некој со американско државјанство
Здраво молам за помош ,пробувам да аплицирам за з.к ама никако не ми ја прифаќа сликата ,не ми дава да ја подесам
Дали сеуште може да се провери дали имам добиено оти аплицирав ама не проверив оти мислев поради ковид е откажано
Мислам дека можеш да проверуваш до септември 2022 зашто ако некој се откаже, влечат нов на негово место.
Од кога не работи амбасадата? Другарка ми пред нецел месец доби виза за САД, деновиве веќе и заминува.
Стварно ? Бидејќи имам пријатели што имаа термин уште во април , и со коронава тогаш затвори амбасадата и пријателиве сеуште чекаат термин ..
Затворена е амбасадата веќе од март месец,не ми е јасно и мене како членката погоре пиша дека другаркае добила виза пред некој месец
Мој другар имаше и термин за во април закажано , но го известија дека сите термини се одложуваат заради коронава
Почнувајќи од 31 август 2020 година, Амбасадата на САД во Скопје продолжува со одредени услуги за имигрантски и неимигранти визи, вклучувајќи: имигрантските визи IR1 / CR1, IR2 / CR2 и студентските F (студент), М, и Ј визи (одредени категории дозволени со претседателската уредба за COVID- 19). Неимигрантски визи Е, I, О и P ќе можат да бидат процесирани откако ќе заврши процедурата за студентските виза и визите од програмата за студентска размена. Амбасадата на САД во Скопје има за цел да ги процесира случаите што е можно побрзо, но веројатно ќе има подолго време на чекање за исполнување на таквите услуги поради значителениот голем број на заостанати случаеви. Ако имате итна работа и треба да патувате веднаш, следете ги упатствата дадени на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv за да побарате итен состанок. Апликантите за H1B, H2B, H4, L и одредени J категории на визи опфатени со претседателската уредба 10052 треба да побараат термин само ако имаат причина да верувате дека може да се квалификувааат за еден од исклучоците наведени во Претседателската уредба на оваа страна: https://www.whitehouse.gov/presidential-actions/proclamation-suspending-entry-aliens-present-risk-u-s-labor-market-following-coronavirus-outbreak/.
Па... Со еден збор: не работи. Секако дека за итни случаи мора да е достапна, ама да аплицираш за виза како што би аплицирал во нормални услови - јок.