Ме интересира дали би имало опција да добијам имигрантска виза без гарантно писмо? Имам добра заштеда и би сакала да купам стан во Америка, но не знам кои се шансите да добијам виза на ваков начин
Може Мој роднина мн е богат , аплицира за туристичка виза и му дадоа 10 годишна виза за Америка , си отиде во њу џерси и си купи куќа и кога сака си оди ,се враќа и итн .Немаше гарантен лист туку мн пари на штедна книшка и резервација во хотел
Дали аплициравте? Гледам уште во октомври сте прашувале, ние сакаме сега да аплицираме, па ме интересира како оди процедурата ако сте почнале веќе.
Сѐ уште не... Во план ми е, ама имам други работи приоритетни, да завршат па после ќе видиме Чисто се распрашував од тогаш наваму ама не наидов на конкретен одговор од некој што во брзо време аплицирал. Знам само дека после короната чекале подолго за одговор оние кои аплицирале. Полагајте IELTS general тој трае 2 години, соберете ги сите документи што се бараат за визата којашто сакате да аплицирате (Ви пишува на официјалната страна на Канада кои), направете им превод на англиски и започнете... Ако нешто дознаете слободно контактирајте ме во ЛП, со среќа
Дали случајно најдовте агенција која посредува? Претпоставувам дека најтешко би било работа да се најде.
Само читав по странски форуми, Reddit, Quora... Има и некои групи на Фејсбук, ама и тие се странски... Кај нас конкретно не најдов агенција, официјално има само нешто како конзулат на Партизанска се наоѓа и Visa application center во Тафталиџе.
Девојки на кој начин можам да одам и останам во Америка, кој тип на виза ми е потребен, како оде процесот...Подетални информации доколку знаете Не сум студент.
Здраво девојки, дали знаете дали конзулатите во американска амбасада во Скопје на сите добитници на лотарија за зелена карта им бараат спонзор или Affidavit of Support тип I-134 на интервју? Прашувам затоа што гледам дека на некои не им барале но тешко ми е да верувам во тоа.
Преку нивната бесплатна електронска државна лотарија за разновидна Америка (Electronic Diversity Visa Program), аплицирањето би требало да почне во октомври оваа година. Под претпоставка дoколку те извлечат, нели... Како што беше веќе претходно објаснето на 1.страница од темава: Добитниците имаат право да бараат иселеничка виза во конзуларното одделение на амбасадата на САД, но добивката на лотаријата не е автоматски гаранција дека некој ќе добие виза. Добивката на лотаријата само ви дава право да барате таков тип виза. Учеството во лотаријата е бесплатно, но визата не е бесплатна. Откако ќе стигнат во САД (добитниците самите си плаќаат карта, престој и тн.), по завршувањето на пасошката контрола и царинските формалности, имаат право да живеат во САД, да бараат легално работа и по извесен број години, доколку сакаат и да аплицираат за државјанство, секако под услови кои ги пропишува таа држава.
Во 2020 година цената била 330$ - таксата е неповратна, без разлика дали е визата одобрена или не. Но сметајте и на други трошоци, на пр. лекарски преглед, меѓународни изводи од матични книги и слично. извор
Да прашам за оние што знаат за сигурно... За лотарија за зелена карта дали треба да се има работно искуство и дали важи доколку имаш онлајн работа. Пример јас предавам англиски преку странски онлајн вебсајт. Немам работа тука во Мк. И ќе ми каже некој зошто на овој сајт пишува дека рокот за пријавување е до 15 октомври? А сите зборуваат дека е од октомври до ноември. Дали е некоја грешка на овој сајт или има промена оваа година? https://www.dvlottery.com/
А зошто го пишува ова на страната? : Application Deadline: Oct. 15th, 2021! Only until October 15th, 2021,you can apply for the official DV Lottery 2023! Дали е можеби лажен сајт или има некои други услови?
Затоа што е scam. Единствена страна каде што можеш да аплицираш е оваа: https://dvprogram.state.gov/ Во моментот статусот може да го проверат само тие што аплицирале претходната година, а ќе биде отворен за апликации 2023 од октомври. Нема никаква врска работата што ја работиш моментално, никаде нема такво прашање.