Ајде да го поставам истиот пост од темата за визи за Америка и овде Нешто што ме буни кога ги читам коментарите е дали зборувате за неимигрантска или имигрантска виза. Ова што пишувате за преку агенција е за која? Или може и за двете? Исто така ме интересира и колку е факултетот важен фактор при аплицирање за имигрантска виза (мислам на факултет кој е уште во траење, не за завршен). Бидејќи ако планираш таму да живееш... што е битно дали тука студираш или не? Или не сум во право? Во Америка имам тетка која би ми пратила гарантно писмо/покана, која ќе може да ми обезбеди престој, исто така заедно со мојата заштеда и помош од родителите би прикажал и финансиска состојба (читав неколку страни поназад збореа за 10.000$, јас ќе покажам и толку, ама не може ли нешто помалку? Или игра улога и колку пари има тој кај кој што ќе идеш таму?)... Се некако ми се вклопува, бар по некоја моја блага пресметка, ама овој факултет ми е трн во око
Здраво, честитки за извлекувањето и со среќа во процесот. Јас сум исто извлечен за DV2023 - така да може да ме контактираш за да споделуваме информации.
По кој пат бевте извлечени, дали може да се смени статусот додека да почнат со интервјуа од октомври, бидејќи со оглед на ситуацијата со Украина и Русија, бидејќи и тие учествуваат во лотаријата , а сега има војна и Русија има доста суспензии од Америка , а воглавно и најмногу визи добиваа тие држави... Со среќа нека ви е , јас аплицирав прв пат, но ништо...
По втор пат сум извлечен, и најдобар пример за се што може да се случи е мојот прв пат кога бев извлечен за DV2020. Covid пандемија, со разни блокирања за имигранти од страна на Трамп и триста глупости се развлекоа 2-3 години од лотаријата конкретно. Се надевам дека оваа година ќе биде се како што треба со процесот.
Значи тоа е кога ти е пишано да одиш некаде, и три пати ако треба ќе добиеш, браво , имате голема среќа се најдобро
Хелоу. дали некој има заминато во Америка, преку брат/сестра? Дали има посебни барања некои и сл? искуство да чујам?
Здраво, има ли некој во темава што планира студентска виза за Австралија или некој што сега брзо запишал студии таму?
Тие прашуваат за датум дали има објавено , датум објавуваат за пријавување, не за извелкување , датумот на извлекување го пишува веднаш штом ќе се отвори страната за аплицирање од 5 октомври.
Здраво Кои се условите за иселување во Австралија за неквалификувани кадри (иселеничка виза за цело семејство) еднаш прочитав дека кошта околу 20000 евра па ако има некој информација или каде пишува за таа виза нека ми пушти линк
Само студентска виза за неквалификуван кадар од Мкд. Друга опција нема, а таа чини многу повеќе од 20к евра. Ако сакаш пиши ми лп.
Дали некоја знае како се закажува термин во Американската амбасада или поточно ми треба да следам како се со слободни термини?
Мора да се венчате пред да ја пополниш формата која се праќа. Таму брачен статус ти бара. Ако де венчаш, и пополниш податоци за сопругот, автоматски и тој е вклучен за добивање виза. Потоа чекате термин за интервју, и така