Да, би се венчале пред да ја пополнам формата. Исто така сакам да прашам дали ви правеа некаков проблем затоа што сте се венчале откако се добиени резултатите? И дали на интервју ви бараа слики од свадба и сл? Бидејки нема да правиме никаква веселба. Ти благодарам однапред!
Не, ама добро е ако имате слики од претходно на социјалните мрежи. Бидејќи секако ќе ве проверат. Ако немате никаква слика заедно, и нижи од венчавка или регистрација, може да заклучат дека е заради документи бракот, и да ве одбијат.
Нас не ни бараа. А дали на некои имат барано искрено незнам. Ама може да ставите една од регистрација, бар каде што се потпишувате нешто
Дали вие се венчавте после дознавање на резултатите или претходно? И исто така дали во DS-260 апликацијата пополни се со новото презиме и нов пасош?
Здраво LadyR, и јас се наоѓам во потполно иста ситуација. Дали ќе може да споделиш дали документите кои ги прикачивте во ДС260 ги прикачивте на македонски, или ги преведувавте на англиски? И исто така, по колку време го пополнивте ДС260 формуларот откако ве извлекоа? Ти благодарам однапред!
Исто така имам прашање, дали ти правеа проблем за презимето, на пример што женското презиме завршува со а, а машкото со и?
Zdravo devojki , Jas sum megju sreknite koi sto gi izlekoja na green cart, e sea sakam da ve prasam dali nekoj ima iskustvo so ova da opise sto i kako treba Pri popolnuvanje na aplikacijata sakam da go vmetnam i decko mi ( znam deka ke e potrebno registracija ), no dali nekoja znae kolku vreme od koga ke te izvlecat imas za da ja popolnis aplikacijata?
Ми требаат одговори на банални прашања. Немам до сега аплицирано ниту па имам разгледано како тече постапката. Значи октомври се аплицира и мај следната година е извлекување. Ако те извлечат ти закажуваат интервју кога? Од мај како што си извлечен до есента до следната апликација, што треба да правиш ако си извлечен? И што ако те извлечат и поднесеш документи ама во оној од кривична евиденција ти стои дека имаш парична казна?
Како е постапката откако ќе аплицираш на лотаријата за Америка? Првпат годинава аплицирав. Сега се чека до Мај за да знам дали сум избрана или? Што се случува во меѓувреме?
Дали некои знае што проверуваат?Дали може да те одбијат поради тоа што има лицето кредит на свое име без разлика дали од банка или брз кредит? Може ви звучи глупаво или смештно,но првпат аплицирам а немам кого да го прашам
Дали има во групава некој што е извлечен на лотаријата во мај оваа година, поплнето апликација и контактирано од амбасада за интервју? Ме интересира бидејки сопругот е извлечен испратена е повратно апликација DS 260 ама нема никаков одговор сеиште за интервју?
На тие што се извлечени за зелена карта, колкав им е бројот? Ние имаме број кој е 34 000 и нешто па не знам дали би не викале на интервју....