Здраво! Би сакала да одам во посета во Канада, па ме интересира што се треба да се направи и која е процедурата за да се добие туристичка виза, кои се трошоците, какви се шансите за да се добие истата... дали има некој вакво искуство?
И кај мене имаше проблем, ми вика дека е невалиден кодот, вчера ќе си пукнев, викам ај што не е во ред па сега ама не било до мене значи Сега може да се провери, а се појавува нешто ако не се извлечен ? Оти на крај ми излегува session timed out ?
Da ke ti pisuva deka ne si odbran.Kako sto mi pisuvase mene Inaku ako ti pisuva session timed out probaj povtorno.So sreka
Јас да имам политичка партија сигурно дел од прогарамата би била и точка која се однесува на оние кои се иселуваат од Македонија. Јас на тие луге не само што би им го укинала државјанството, туку би им забранила повеќе да смеат да се вратат во РМ. Замислете да ја напуштите вашата мајка само затоа што нема да ви понуди онолку колку што вие очекуватеи мислите дека треба? Јас на тие луге гледам со огромен презир и според мене се поголеми издајници од оние кои земале пушка да се борат протв оваа држава. Точно дека она е престрого но за мене не постои опрадување да некој земе иселеничка виза, да оди да биде туѓ роб, а да притоа се нарекува македонец. Не е македонец оној кој оди да чисти амарикански го*на а да овде го мрзи да го мрдне газот и да биде сам свој газда. Не е точно дека не може да се заработи за пристоен живот, поентата е во тоа што таму работат било што затоа што никој не ги познава а туку бираат работа и се им пречи. Далеку од тоа дека условите се лесни, но како што реков, зарем нашата мајка ако е болна или нема доволно пар треба да ја напуштиме и да бараме некоја која што е поздраа, побогата...? Но дали таа мајка ќе ни биде како вистинската? Даи парите колку и да ги зарабтиме таму можат да ни ги заменат најблискити, пријателите, па дури и мирисот на македонските утра? Не, јас не сакам да имам ногу пари, животот не трае вечно за да се лакомам и трупам пари, единствено што останува во животот се убавите моменти поминати со најбиските се друго е релативно. Дали скајпот може да ми ја замени прегратката со мајка ми, сестра ми.... не, неможе па дури и нзнам колу пари да се во прашање неможе да ми причинат толкаво задоволсто колку прегратката на наблиските па макар јадела леб и сол и носела едни фармерки 100 год. Лугето се претворија во машина која само мисли на пари, колку и да ги имаат сакаат уште, уште, уште.... Се рашувам постои ли цифра после која ќе може да кажеме доста е? Јас мислам дека не постои. И, за крај да кажам дека јас се залагам и ќе продолжам да се залагам дека принципот на двојно држављанство да се укине. Решиш да одиш, ок оди ама ако згусти таму или ако не се снајдеш немож да се вартиш и на мој грб да се лечиш и да земаш социјално туку то нека ти го дадат таму.
Ич не би се сложила со тебе - сите што бегаат од тука, бегаат затоа што бараат нормален, пристоен живот, одат таму каде што нема да мислат дали ќе имаат леб да јадат утре или сметките да ги платат. Па макар работеле како чистачи, што не верувам дека се случува со сите. Имаме професии кои се барани во голем дел земји, нострификацијата на дипломите може бара малку време, ама дефинитивно не се сите чистачи на клозети. Сите оние што ги знам, а што си заминаа од тука - а заминаа - во Америка, во Германија, во Италија, во Австралија - никој не работи како чистач, сите имаат солидни работни места - во компјутерски фирми, во банки, како доктори и стоматолози - не велам дека е лесно да дојдеш до тоа, ама ако сакаш, можеш да успееш. Јас и мм фала му на Бога, имаме солиден, пристоен живот, ама пак сакаме да си одиме од државава - не за нас, туку за децата - оти сметаме дека во оваа држава нашите деца немаат никаква иднина. Нема квалитетно образование ниту пак добар социјален и здравствен систем - едноставно, не нуди никакви услови за квалитетен живот за своите граѓани. Не значи дека ако одиме во странство се лакомиме по пари, туку сакаме живот во кој нема да се замараме кој е на власт или дали ќе имаме утре да ги платиме сметките. Оти животот е тркало, денес имаш, утре немаш. Најблиските ми се тука, самите не тераат да одиме некаде надвор, оти вака не ја бива. Љубовта и седењето со најблиските во една соба нема да ги плати сметките. Барем денес имаме средства и начини за комуникација, нема да бидеме отсечени од најблиските ако одиме да живееме во друга држава.
@Strumka22 , еве јас сум еден од оние кои со секој атом од своето тело сакаат да заминат од оваа држава. Ајде да замислиме дека мајка ми нема што да ми понуди (како што велиш) и сакам да ја напуштам. Прво, мое уставно право е да правам што сакам, тука вклучувајќи го напуштањето на државата, или мајка ми, или кого и да е. Друго, сакаш да кажеш дека ако мајката не му дава на детето да јаде, го малтретира психички и физички, тоа дете треба да прави се за мајка си и да остане покрај неа? Не, јас не се согласувам. Јас на оваа држава и ги дадов најубавите години од својот живот, сум живеела и во беда и со добри плати по дома, дипломирав во висок успех, гласав на секои избори, зборував убаво за државата, никогаш не ја оштетив во никаква смисла. Работам од својата 16та година, сум работела се и сешто и работам постојано од тогаш, од во нива до канцаларија и не се срамам, значи исклучиме од оние кои не го мрдаат задникот.Јас ќе одам еден ден, дали во Америка или на друго место, и ќе чистам американски, како што сум чистела и македонски г**на, и ќе бидам роб, но и ќе се борам и ќе станам пример за децата кои ги посакувам и да им овозможам убава иднина. Македонија не е мајка ми. Мајка ми ме роди, Македонија е земјата во која се родив, Македонија е убаво парче земја , ама е само земја а не мајка. Да, апсолутно ќе ми недостигаат прегратките на моите блиски, но нив повеќе ќе им помногнам ако им пратам по некој денар, да закрпат некоја дупка, ако им купам нешто на внуците што сестра ми / брат ми не можат да си го дозволат, да им пратам пари за да можат да одат во Систина на операција наместо да се тресам дали ќе им стават доместос или физиолошки раствор во инфузијтата. За мене, знаеш кој не сака да замине? Оној кој не видел мака, кој има пари од тако, од дедо , оној кој гледа да се омажи со некој богат и да си го среди животот. Јас сум многу способна, и знам дека ќе успеам таму некаде, за овде да го направам тоа ниту имам , ниту сакам да имам дебели врски
1, Зарем се е во јадењето? Зарем тамошниот кавијар може да го замени вкусот на нашиот патлиџан и пипер изеде со најблиските? За мене не. 2, Точно не се сите чистачи, но 90 посто работат работи за кои не се заинтересирани тамошните жители. Исто како и сега бегалциве и мигрантите, мегу нив ќе има и по некој доктор, но грот се ефтна работна сила за рабти кои германците не сакаат да ги работат. 3, Убаво кажано, не велам дека е лесно ама може да се успее. Токму во тоа е клучот и за успехот оде, ако се потрудиш можеш да успееш. 4, Најголемиот апсурд и тотално спротивно на она што го кажа погоре. Ако нашите се барани таму како тоа нашиот образовен систем не чини? А што се однесува до здравствениот и социјалниот систем таму ти е недај боже да се разболиш, не џабе европјаните одат вон европа за поправка на заби, естетска хирургија... Во Америка е уште бетер околу здравствениот систем, голем број луге умираат затоа што немаат пристап до основни здравствени услоги. Таму недај боже да останеш без работа ќе не можеш да отидеш на лекар за хитни работи а камо ли за нешто што може да чека. Таму здравствениот систем т.е осигурањето ти покрива многу мал број услуги се останато се плака. Не џабе нашиве додека се млади рмбаат таму а на стари години кога не ги бива за ништо доагаат тука да се лечат.
@Strumka22, каков апсурд! А за што се работи ако не се работи за јадење? Овде никој не зборува за кавијари, туку за основни животни потреби. Голем дел заминуваат поради егзистенцијални причини, но верувај дека не се малку оние кои имаат други причини. Секој човек со сопствени амбиции. Некому му е доволен пиперот и патлиџанот, а некој се стреми за нешто повеќе. Тука не зборувам за финансии, туку за квалитет на живот. Секој си го бара своето парче небо под сонцето. Има луѓе кои сакаат и академски и професионално да се надградуваат во области и дисциплини кои не се нудат во Македонија. Кој е крив тука? Некои прашања требало системски да се решат, тука индивидуата нема што да направи, освен да си ја реализира амбицијата онаму каде што може. Доаѓа време да се пресече папочната врска и да се живее сопствен живот.
Не рекoв декa нaшиве се бaрaни, туку декa имa oдредени прoфесии кoи се барани, пa aкo и некoј нaш имa тaквa професија мoже дa си јa прoбa среќaтa. Прoблемoт сo нaшетo oбрaзoвaние е штo не ти јa признaвaaт диплoмaтa кaкo тaквa, туку мoрa дa пoминеш периoд нa учење и верификaцијa нa знaењетo, пa пoсле тoa мoже дa рaбoтиш. Нa други им е пoлеснo кoгa дoaѓaaт oд земји кaде штo е признaен тoј фaкултет нa светскo нивo. А нaшиве не се, и уште дoлгo време немa дa бидaт. Фaкт е декa квaлитетoт нa oбрaзoвaниетo е дрaстичнo oпaднaт, пред се зaтoa штo немa спoсoбни кaдри, секoјa чест нa исклучoци. Амa еднa лaстoвичкa не прaви прoлет. Никoј не рече декa се е вo јaдењетo, aмa и лебoт и пaтлиџaнoт и пиперкaтa чинaт пaри. Рaсти гo ти твoетo дете сaмo нa леб и сoл, не мoрa другo дa јaде. Не ми требa мене кaвијaр, aмa зaрем нa дете дa не мoжaм дa му купaм еден слaдoлед oд 20 денaри oти немaм пaри?! Нaдвoр aкo рaбoтиш, плaтен си, трудoт се цени, oвде убиј се oд рaбoтa, 10-12 чaсa дневнo, и прекувременo и зa викенди и прaзници, пaк зa 200 еврa е рaбoтaвa. Никoј не ти плaќa oнa екстрa штo си гo срaбoтил, a зaкoнски е зaдoлжителнo. Ич не кaжувaј ми зa здрaвствениoт систем. Америкa не ми е пример, oти нивниoт систем не гo бивa, aмa имa земји кaде штo здравството и oбрaзoвaниетo се бесплaтни зa сите. Не декa немa привaтнo, aмa тoa кoј сaкa и мoже дa си дoзвoли. Дa, идaт oвде зa лечење и зaби прaвење, aмa кaкo е тргнaтo, и кaј нaс зaбите и здрaвјетo ќе бидaт луксуз.
1, Во право си, некому му е битно да е со најблиските па макар адел сол и леб, некому му е битно да се наждере па макар и оние блиски што остануваат немале леб да јадат. Добро кажа секој со своите амбиции или јас би рекла себичност. Квалитетен живот не е само да моеш да си дозволиш многу матреални работи, тоа е капиталистички начин на гледање на среќата низ матрејалното.Квалитетен живот е квалитетно време поминато со семејството, некако како да сите заборавивте на некои семејни вредности, само ви зинал га*от за матрејалното. Прашај ја баба ти како ја израснала мајка ти, дали како денешниве мајки ја ранела се по таблици, млечен оброк, житарки, зеленчук па не ти разни овошки кои немаат никаква врска со оа поднебје, маслиново масло..... А па тек баба ти што јадела и на што израснала.. Земи ги за пример Ромите што јадат и колку се поздрави од нашиве или европскине деца кои секое второ има алергија и разно разни болести. Си чула некое ромче да е Алергично на јајце, јагоди.... Ако си доволно креативен можеш и овде да бидеш посебен и уникатен, кој рече дека мора да работиш во фабрика за 200 евра? Еве на пример споиш природа и корист, отидеш на село почнеш бизнис и ете ти здрава храна плус заработка, чист воздух, ослободена од сите модерни глупости. Кажи ми дали во Америка старите лица живеат во центарот на градот како нас старци во строг центар или одат на периферија? И уште пострашно, дали можат со пензијата да си дозволат живот на Мен хетен на пример? Има земји каде образоваието и здравството се бесплатни за сите. Северна Кореа, Иран..... Во капитализмот нема ништо бесплатно освен некои дефицитарни струки но повторно должен си вложеното да го вратиш назад со тоа што некое време мораш да работиш за државата. Додека за здравството секаде се плаќа сразмерно каков паќет наосгурување имаш. Нашио систем е солидарен и сите плаќаме исто придонеси и имаме ист пристап до здравствени услуги, додека таму зависно од тоа каков пакет имаш таква услуга добиваш. Исто како кај теефонсите услуги што се сега кај нас за 500 ден имаш бесплатни разговори, за 800 кон сите мрежи... Ти кажувам сликовито за да ме сфатиш што сакам да кажам. Мислев да ти реплицирам ама ако не сфати дека „мајка“ е само метафора и кога ќе кажеме дека оваа земја не родила тоа не значи дека буквално не родила туку дека тоа е само метафора тогаш изгубив и желба и воља за реплика. Тоа што си живеела солидно па си успеала да го изгубиш на значи дека државата за тоа е виновна туку ти самата. Како тоа си и дала на државата а не си успеала ни за себе да заработиш? Како си и дала т.е вратила ти на државата која те школувала на пр? За да вратиш на државата треба прво ти да бидеш некој и нешто во животот. Си се запрашала ли како ќе се снајдеш во суров капитализам ако овде не си успеала да се снадеш?
Темава колку што знам се однесува на Иселенички визи, споделување искуство околу аплицирање за добивање иселенички визи. Најмалку потребни се оф-топици да ги полнат страниците, особено со апсурдни размислувања од тролови кои зборуваат за својата мајка Македонија а не го ни прочитале Уставот на својата мајка. Не мораш многу да листаш, на почетокот, меѓу првите членови, Струмке душо, ќе го најдеш тоа со што се косат твоите „теории“ и демагогии.
Знам дека се косат моите теориии токму и затоа на почетокот реков дека тоа треба да се промени. Не може да се седи на два стола и таму и тука и да кога згусти или се разболи да се лечи некој на наш грб кои цело време сме р`мбале овде. Сите мои дискусии се во склад со темата околу иселеничките визи и воопшто не се надвор од темава. Ако толку сакаш да ги иселиш сите од македонија па повели отвори биро за миграција и помагај им како полесно да ја напуштат земјава, ете ти идеја за бизнис.
@Strumka22 Не се согласувам и јас со тебе, а еве и причина зошто... И јас како феминката погоре, работам од дете, почнувајќи од нива, а сега и во канцеларија во која 2 години работам и немам 1 ден стаж ( да надополнам дека сум во државна институција ), немам здравствено осигурување, а зошто ? Оти така биле некои си правила во државава, некакви си договори кои и они самите не ги разбираат. Имам брат со посебни потреби и не земаме ни денар за него, нема посебна нормална установа за него каде што ќе може да се школува, подобрува, надоградува, ај за тоа што не земаме пари не, туку и плаќаме плус на државата, лековите кои месечно не чинат и до 100 евра некогаш, од џеб ги даваме, од државата немаме буквално ништо, за образванието и да не зборувам. Мајками и таткоми земаат по 200 евра плата, а јас плус бев и студент, сместување во друг град, основни трошоци за живот.. како да се опстане во оваа чудесна земја ? И дали сакам да одам ? Со цело срце да ви кажам право и едвај го чекам тој момент
Доста сквернавите едно толку убаво, чисто и интензивно чувство како патриотското, поради кое луѓе паѓале со сопствениот живот, а не на тастатура, најдете си друг начин да го прикриете и оправдате презирот кон сопствениот народ.
Јас само сакам да ја надополнам низава „Има земји каде образоваието и здравството се бесплатни за сите. Северна Кореа, Иран..... “ со Норвешка, Финска и Германија. И сакам да ја прашам @Strumka22 дали треба да им се одземе државјанството на Милчо Манчевски и Горазд Росоклија и на илјадниците како нив, бидејќи ете, не останале дома да јадат леб и сол туку заминале во светот бидејќи им „зинал га*от за матрејалното“. Извинете за оф-топикот.
Бугарија може да си има поголеми сеќирации со користењето и злоупотребите на нивното Здравствено осигурување на кое се закачени нашите, благодарение на бугарското државјанство и бенефитите кои ги имаат со тоа во ЕУ земјите. А ти се жалиш дека тие се лечеле побогу, на сметка на тие кои р'мбате тука. Јух. Ти се молам. Следен пат дојди со бројки, ала Тодоров, колку тоа ја чини државата и почни ја процедурата за промена на Уставот. Можеби и ВМРО ќе те поддржат во идејата, кујзнае... ако не им беше умот на кај иселениците од причини... избори од причини...шлепање за „инвестиции“. И ти воопшто да не им се сеќираш на тие што заминале некаде. Секаде каде заминале, а каде државата не толерира бипатритност, како пример Германија, во момент кога ги достигнале условите за добивање тамошно државјанство..се откажале од тоа да... се лечат на грб на тие што тука р'мбаат цел живот. А, оди во странство да видиш, колку од тие што р'мбаат и црнчат таму.. висат пред Вестерн Унион итн. веднаш штом земат плати за да пратат на семејствата тука...за да можат да преживуваат во прекрасната мајковина.
... за некој да ги плука. И тоа зад грб, а кога ќе се дојде на поседок и се очекуваат частенки во кафани, најмил си и најдобар си. Вакви примери со свои уши и очи имам видено и слушнато. Рани куче, да те лае.
Се согласувам со тебе, посебно во делот за брат ти, дека државата не вди ред за особите со хендиќеп и оставени се или на терет на родителите или во институции како Завод за заштита и рехабилитација во Струмица каде има наводно образовен систем кој не функционирира или не како и требало да функционира. Исто и социјалната заштита, верувај ми се знам и се ми е јасно дека со 4000 денар туга нега не се излегува на крај, но за жал се ложува во луксузирање кај пензионерите а кај овие другите не затоа што они не се јако гласачко тело, мене сето тоа ми е совршено јасно, но треба сите заедно да се бориме затоа што сите сме потенцијални инвалиди. Велам потенцијални затоа што никој од нас не знае што утре ќе го задеси. @zhap4e Што да ти кажувам кога не ѓи познаваш добро работите и не е само да имаш Бугарско државјанство за да можеш да се лечиш на трошок на Бугарја туку има и други процедури. Како што ни страците не можат така лесно да се лечат кај нас. Затоа и зборам само за домашниве дезертери кои откако ќе пропаднат таму се враќаат со некое евро ќеш и се лечат на наш трошок. Ѓи мешаш работите едно се иселеници кои заминале со семејството друго се печалбари. Јас печалбарите ги подржувам тие своит пари ќе ги трошат овде, иселениците не ги поднесувам. Или оние кои имаат исеенички намери па кога ќе пропаднат ете ти ги назад. Не ме интересира ниту Тодоров, ниту ВМРО како партија и јасно ми е зошто се тие загрижени за иселениците но јас си кажувам како јас ги гледам работите. Кога веќе го спомна Милчо Мнчевски тој не е иселеник, тој има имот тука колку што знам и доага често, сигурна сум дека еден ден ќе се врати да живее за постојано тука и дека парите заработени надвор ќе ги троши тука.