@Strumka22 : Milcho Manchevski is a New York-based Macedonian-born film director, writer, photographer and artist.(од Imbd). Тоа што можеби има имот во Македонија нема врска со тоа што цел живот твори надвор од неа. Ако не е иселеник, тогаш е печалбар? А си доаѓа дома во Македонија колку што сака, бидејќи ете, се уште на никој друг не му текнало тоа право да му го забрани, иако е со постојан престој во друга земја, каде што заработува, плаќа даноци и си ја троши платата. Струја каде плаќа? Облека и храна каде купува? Не сфатив кој е критериумот според кој треба да се одземаат државјанства и да се забранува пристап до матичната земја. Веројатно со извод од банка на увид - кој колку пари потрошил во Македонија. Зарем и иселениците не праќаат пари на своите дома? А и кога се на посета, зарем не трошат во Македонија? Не сфаќам. Инаку, за лекувањето. Еве јас не сум со постојан престој во Македонија, и немам здравствено осигурување во Македонија, не можам да се лечам на грбот на државата и на тие што плаќаат даноци во неа. Ако имам потреба за посета на лекар додека сум во Македонија, си одам на приватно и си плаќам приватно. Патем, заминав сама, без семејство. Семејство си створив дополнително. Иселеник сум или печалбар според твојата дефиниција? Не сум само јас што сум ги оставила најблиските дома. Мислиш ние откако „ќе се снајдеме“ тураме пепел на домашните и не не интересира во какви услови живеат тие? Родители, браќа, сестри... Ова ќе ми е последен коментар на темава бидејќи замина во друг правец од тоа за што е наменета, иако ми е интересна дискусијата што се разви.
Милчо Манчевски никогаш не се откажал и не плукал по мекедонија како што го правите вие, мапротв тој ја промовира македонија на најубав можен начин да дојдат и други да живеат и творат тука. Затоа те молам него не го ставај во ист кош со плукачите. Така е, сега плаќаш, но ако недај боже банкротирате и морате да се вратите овде тогаш ќе се пријавиш во фондот за здравствено како не вработена и ќе се лечите на грбот на оние кои р`мбаат овде.. Инаку што се однесува до брак со странец тука сум уште поригорозна и затоа нема да го коментирам то дел. Инаку ако се двоумиш кој е твојот статус, веднаш да ти кажам дека ти си иселеник, колку што сфати немаш намера да се вратиш никогаш да живееш тука. Темата не е замината во друг правец туку цело време разговараме и кажуваме наши ставови околу иселеничките визи. Инаку темата ќе се претвори во реклама на одредени луге кои помагаат за добивање на исеенички визи. Наместо да си ја планирате својата среќа тука вие бесцелно трошите време и младост надевајки се дека догодина ќе ме извлечат од барабанот и веднаш ќе почне да тече мед и млеко, јас ќе си седам на форумов а парите сами ќе ми скокаат на сметка.
@Strumka22 ти благодарам, нема потреба да ми персираш Кога тоа јас плукав по Македонија? Јас само си го бранам правото да можам кога сакам да се вратам во мојата татковина. Зарем е тоа плукање? Околностите поради кои заминав ти не ги знаеш. Што правам тука исто така не знаеш. Можеби се ангажирам во интернационални економски форуми (не како овој форум ) каде што ги промовирам можностите за инвестирање во Македонија. Можеби преведувам македонска литература на локален јазик. Мислиш сите што заминале (освен оние десетина познати) само тоа прават по цел ден, плукаат по Македонија кај ќе стигнат. Нејсе. Битно, ти се уште не ми разјасни една работа. Во твојот прв коментар на темава рече: . И тие што ја промовираат Македонија се иселени. Не живеат во Македонија. Без оглед колку ни се мили и колку ја промовираат земјата. Ајде печалбарите ќе ги пуштиме назад, тие од мака си отишле. А за нив ќе проверуваме на граница дали плукале по земјата или не? Со писмена изјава? На жими мајка? А ако не успеале да се снајдат па не вратат многу пари, што правиме? Назад? А ние иселенициве (еве јас и Милчо на пример) откако својот работоспособен живот ќе си го поминеме во туѓина и решиме да се вратиме, ќе ни се бара некој минимум на сметка за да си дојдеме? А на посета само може? Или еве, сум банкротирала и се враќам во Македонија. Ќе смеам да барам работа? Оти нели се согласивме дека ништо не правиме со социјалното. А еве, ако најдам работа ама условите не чинат (под минимум загарантирана плата, нерегулирано работно време, непријавена), ќе смеам да се побунам или да си ќутам и да си бидам благодарна што ме удостоиле и со тоа, нели, дека тазе вратена од туѓина? Или ќе смеам само да се лечам на грбот на тие што рмбале, и да си ќутам?
Тоа не значи дека јас пак неможам да отидам. Има и друг начин да отидам таму и да живеам. Но сакав да биде прво бело на бело.
Моите блиски и моите идни деца се причина број 1 поради која ќе заминам од тука. Мене не ми треба да се НАЖДЕРАМ, не би одела за тоа, туку за да помогнам мојот брат да не мора да го ризикува животот за да обезбеди леб за семејството, за да платам за болнички трошоци на блиска личност, и за не материјално, туку интелектуално да се исполнам себеси, бидејќи овде немам таква можност, затоа што неписмените газо-лижачи ми го земаат работното место. Ти очигледно не знаеш што е мака, сигурно ти оставиле пари или твоте добро заработуваат затоа што гледам дека не знаеш како е да немаш пари да купиш млеко за своето дете. Не "НИ ЗИНАЛ ГАЗОТ" за материјално, ни зинал за леб, за достоинство, за правда ни зинал, ни зинал од квази патриоти како тебе кои се дрзнуваат да судат туѓа мака. Ни зинал и од тоа што сме опкружени со вакви луѓе кои наместо убава дебата да водат, користат прости зборови од типот на ГАЗОТ ВИ ЗИНАЛ. Ете затоа ќе заминат сите оние кои вредат нешто во државава. А вие со стегнатите газови хранете се од љубов и од на дедо пензијата
Ех Струмке, Струмке.. Прва што ја потценува Македонија си ти, со самото пишување на Македонија со мало м А после златна Струмке, објасни им на луѓево тука што очигледно според тебе се глупави затоа што сакаат да заминат од Македонија, од каде ти пари за сметки за струја, вода, парно, кола+бензин или месечна маркица за маж+жена=2800 ден минимално? А од каде пари за такви луксузи наречени храна, барем 200 евра месечно за скромна трпеза па макар и домати и леб биле? А рата за стан или кирија? Или подобро ни е кога живееме 3 генерации во стан од 50 квадрати...? Значи ти Струмке имаш доволно приходи од барем 500-600 евра месечно за да си ги дозволиш основните потреби.. Епа Струмке, не се сите толку среќни. Некои немаат никаква работа а некои работат во конфекција за 6000 ден. Јас Струмке сум растена во фамилија со повеќе од добра финансиска состојба, ама комшијава мој има две деца, од кое едното е во инвалидска количка со целијачна болест за кого месечно ни 10.000 не му стигаат за храна само затоа што едни тестенини се 200 денари а од тестенини не се живее, а ќерката му е студентка. Жена му има 10000 плата а тој е технолошки вишок, благодарение на оваа МАЈКА МАКЕДОНИЈА и лоповите во неа.. Трча човекот да подработи нешто на дневница затоа што на 48 години никој не сака да го вработи! Кажи ми ти мене Струмке, како му помогнала на него оваа мајка Македонија, за тој да си ги даде душата. здравјето и мирот за неа? Или друго другарче од Штип со две деца, цел живот се бори за правата на лицата со аутизам затоа што тој како татко знае колку е тешко да чуваш деца со ПОП.. Дали знаеш колку на него му оди месечно за специјалната исхрана? А каде да ги најде тие пари Струмке? И пред да тропнете некоја глупост од светски размери, размислете добро..
Јас само да ви кажам дека за нас секаде е исто освен ако не земеш државјанство за полноправен граѓанин, до тогаш ќе се молиш заб да не те заболи. Имам прилика да пребегам преку двете бари, ама работите и условите не се така сјајни како што изгледаат од тука. Со тоа што на едната страна немам трошоци за покрив над глава ама баш никакви, но се останато... е хаос. Стои отворена опцијата, но внимателно ја разгледувам и не брзам со одлуката. Сето тоа е така заради тоа што сакам да избегам од некои работи тука, а не пак да ги имам таму, само формата и државата да е друга, а стресот бога ми поголем. Гледам многу оптимистични постови тука од луѓе кои се уште не се ни заминати и се радувам, ама реалноста е многу поразлична. А и во Европа исто така од она што гледам и доживувам и туѓи искуства со луѓе кои соработувам или ги познавам лично - многу слатко сонуваме. Је подобро, ама првите 10 години е тешко. Поубав живот ви е загарантиран само ако сте државјани или барем еден од партнерите, а вака дури и со работна виза не е сјајно. Му доаѓа речиси ист животот како во Македонија со сите трошоци, со тоа што одеднаш ви се јавуваат следните трошоци - кирија, осигурување на куќата кое е ваша обврска, а не на газдата, градинки (кои се мноооогу скапи, ама многу, многу скапи дури и за нив, па многу често во во северо-западните европски земји жените не работат зошто нема баба сервис и си ги чуваат децата дури да пораснат да тргнат во школо, па потоа продолжуваат со работа). Што мислите зошто има толкав недостиг од медицински персонал, особено медицински сестри? Зошто жените не работат... платата која би ја заработиле целата ќе треба да ја дадат по градинки, па повеќе им се исплати сами да си ги чуваат децата, па барем се со нив. Наспроти идејата за жени кариеристиски кај нас, во северозападните европски земји многу е ретко жената да гради кариера од овие причини, ама па и не им е лошо од проста причина што си се домаќини во својата земја и уживаат многу помош и поволности кои не и имаат оние кои емигрирале. Друго мажот кој си е државјанин заработува повеќе од доселениците и има друг тип на бенефиции за него и семејството. Дури пораснале децата за 5-6 години ако се родат едно по друго, отишло времето за кариера, треба пак да се уходуваш. Многу многу е ретко да сретнеш успешна жена во 30ти години, а е фамилијарна, во 40ти или 50ти можда ако брзо напредува. А кај нас...нормално е жените да работат и да остават дете уште и на 3 месеци. Се чудат кога кажувам. Одење во странство само со подпораснати деца и спремни за селидба за да можете и вие и сопругот да работите и да не давате пари за градинки или да не возите баби по авиони. Како поединец исто така се оди и е полесно, ама ако влезеш во бубањот како сингл жена, па и ако имаш среќа да изградиш кариера...90 проценти остануваат немажени и без деца, тоа е ок ако така сакате, ама ако не сакате...проблем е. Мајка ми има пријателка која се врати од една европска земја за да се омажи и да роди дете тука, ама беше прекасно. Таму после години и години доби државјанство, убава работа, своја куќа, ама...во тој дел не се реализира од следните причини - кога работиш немаш време да се забавуваш, се омажила ама не добила деца зошто не можела ради работата, се развела, па не можела да најде партнер. Ова ми е близок пример, а имам слушнато за уште неколку речиси идентични вакви. Не знам што е со постовиве на Струмка и не се согласувам. Мајката, таткото, државата...испомеша се. Многу луѓе сонуваат да заминат, ама колку реално сакаат да заминат е друго прашање. Реално, подвигот е голем. Само на сите треба да им е јасно дека тие бенефиции од типот - социјално, здравство поволности не следат за тие кои се со работни визи, тоа се само за државјаните, а да родиш дете таму за да добие државјанство, ви пишав погоре кој проблем се јавува. Како и да се вртиш задникот ти е од позади... На крајот од денот искрено да ви кажам она - не ми е за мене, за децата ми е ич не ми се допаѓа. Да не сум јас, нема да бидат ниту децата, ако родителот не е среќен децата не се среќни. Сакам да ми е убаво и мене и нив, да имам јас подобра иднина, но и они. Не сакам да кубурам каде и да е и по секоја цена. Сакам да одам од што сакам, а не од што морам, така знам дека нема да бидам среќна. И 10 години од мојот живот не се малку... па ставам прст на чело. Испаѓа она, моите не ме сакале доволно што не се отсетиле, ама еве јас мислам на моите деца и ги сакам повеќе од тоа што јас сум била сакана, па ќе се иселам. Не држи вода тој муабет и крај. А и не си човек ако не пукаш по шевови од туга во себе и да го жртвуваш својот живот и желби до таа мера... Многу концепциски не имаат утепано дека ако се иселиш си успешен, во странство е подобро, па некако се подзаборавивме сонувајќи и тука ништо не направивме додека ни ја покрадоа државата. Факт е дека сме мекотели и странство најдобро ни одговара - друг ни ги средил работите, ние одиме на готово и пак она - како ќе ни кажат-така, таму си гостин, таму не те засега политика и таму немаш толкава одговороност, таму не мора да излезеш и да протестираш јер они ќе завршат работа. И кое е тоа размислување бе - здравствениот систем. Па ако одам со помислата за здравството, да се спремам и да се разболам ако не? Ај мењајте концепт на размислување женишта, не туку за болести мислете. А да размислите, сакам да се преселам во Франција зошто тука не можам да се реализирам како специјалист за сирења, а таму можам? Или тука сум просечен пекар, а таму можам да станам најуспешниот пекар кој ќе прави најубави кроасани? Или тука немам услови да истражувам за лек против ракот, ама во Германија имам? Стварно...сме безидејна нација... Не би се споденала да се селам без идеја за себе и просечно удомување, искрено. Многу сме троми и песимистички. Го слушам и татко ми - Шведска, социјална држава, браво... А тоа што ќе одиш да се кварцаш зошто фали светлина, што ќе ти фали витамин д хронично, нема веза, битно за не дај боже има топ социјален и здравствен систем...и оде живот дур чекам да се разболам за бог да чува за да речам - ете да бев во Македонија сега болен ќе умрев одма.
Таа Струмка деновиве хаос прај по теми. Ќе да лечи комплекси по форуми. Гледам овде ние што плаќаме здраство онолку години колку што таа очигледно има, ептен сме бенефицирани. затоа трчаме по ремедики и систини. од што ни е многу убаво здраството. јас гладна и овде не сум. зимам плата сигурно повеке вкупно од твоите дома (коа више почна да мешаш баби и жаби еве ти ) па пак сакам да си одам. И?
@Strumka22 многу погрешно мислење имаш за оваа тема. А за темата дека се трошело младост, младост трошиш и на форумов и мислам дека тоа те збрљавува.
Апсолутно се согласувам со Лилит што кажа и секоја и чест заопширната анализа. На тоа само ќе додадам не слушајте ги оние кои се фалат кога дагаат тука и ги преувеличуваат работите на пр. вака.
Струмка, не сум да те поддржувам, особено не твојот начин на кој се обрати, и не се согласувам со она што си го изнапишала. Па споредбите, немам зборови... да плачеш или да се смееш. Дури и да е од затуцано село, ние сме затуцано село за германците... не ти е ок начинов. Еве јас сум од Скопје и ги слушам тие муабети... а кога ќе дојдат тука баш печалбари само со работни визи, им се плаче, ќе ја видиш цела реалност. (Печалбари = медицинска сестра, он програмер) Детето им е желба, а парите реалност.
Незнам што си наалила на мене како смрт на баба, кога денес само се согласив со мислењето на Лилит која истото го кажа во својот пост, да не се залетуваат и да не слушаат разни приказни затоа што не е се толку сјајно и бајно како што изгледа. Беспотребно правиш оф топици, кога веќе сакаш да ми реплицираш кажи свое мислење а не само да правиш оф топици. Во секој случај изборот е твој, ако мислиш дека е лесно и бајно патот под нозе и збофум, ние што ќе останеме и што си ја закаме оваа напатена земја ваљда некако ќе преживееме и без вас. Јас не би заминала па таман да ми плаќаат без ништо да работам, или недај боже постела да делам со некој кој не е македонец, или уште полошо децата да наместо на македонски да ми зборуваат на некој странски јазик. Можно е да сум во душа селанка како што велиш ти, но за мене Македонија нема алтернатива т.е овен во ова мало парче земја каде сум свој на своето не би можела никаде да живеам.
Јас доволно сум учена за било каде да сум платена, дали у Мк или било кај на друго место. Не сум до толку немрдната од тука за да не знам како е. точно знам кои се предностите и недостатоците и тука и таму. Таму никад нема да е ко тука ни тука ко таму. ФАКТ. А тоа што одам оф топици е од тоа што упорно е обидуваш да си приметена па си викам,еве , те приметив. Среќна си сега??? Збориш за трудници што треба да прават а ни самата не си трудна за да сееш таков памет. и оп! еве те и тука! ете те и во муабети за свекрви ...да не не си малце доволно искусна за сегде паметна да се правиш, м?? ја можам и да не го пишам ова. нема круната мене во никој случај да ми падне. Ама ај мож ке ти дојде ум ако некој ти воочи каде ја грешиш, а сигурно исстово го правиш и во приватен живот. И мој совет ти е да не си одиш од овде, зошто си баш за фотеља во политичка зона со ваквите обратни ставови за кои не си ни дорасната.
Имам кажано и претходно по темиве, за емоционални тролови - десен клик - игнор. Него, не секој сака да си оди од земјава само ради пари. Некој сака да си ја оствари желбата за самоостварување и самопотврдување, според хиерархијата на потреби на Маслов. А овде, како ќе го оствариш тоа? Никако. Ајде јас и мм ќе проживееме и да не успееме да се исселиме оттука, но нашите деца? Аџабе ќе можиме да им пружиме образование надвор од тука, затоа што овдешното образование е за плачење? Или скраја да е, да има некој здравствен проблем, тукашните ли доктори ќе ги лечат? Дали ќе си најдат работа, или ќе треба да потплатиме и натплатиме некоја стока во фотелја за пристојна работа? Затоа ние целиме за Канада, ќе видиме како ќе успееме со ова Express Entry програмот.
Ова е тоа! „Ај мењајте концепт на размислување женишта, не туку за болести мислете. А да размислите, сакам да се преселам во Франција зошто тука не можам да се реализирам како специјалист за сирења, а таму можам? Или тука сум просечен пекар, а таму можам да станам најуспешниот пекар кој ќе прави најубави кроасани? Или тука немам услови да истражувам за лек против ракот, ама во Германија имам?“ „Некој сака да си ја оствари желбата за самоостварување и самопотврдување, според хиерархијата на потреби на Маслов.“ Инаку, многу е точно дека има многу погрешни замисли дека штом стапнеш некаде надвор, те чекаат со отворени раце, одма ти даваат стан, финансиска помош... НЕ. Социјална помош нема без работен стаж и платени даноци. Но, колку ќе вложиш, толку и ќе добиеш. Јас ете, не заминав од Македонија зашто немав што да јадам. Имав среќа да не поминам ни ден без работа. Седум години без одмор, некогаш само една, некогаш и повеќе (хонорарни) работи. Некои убаво платени, повеќето не. Од тие седум години имам безброј неисплатени хонорари и цели три години работен стаж. И импровизации на секој чекор, никаков напредок. Јас ете, таква иднина не сакам за себе. Сакам да напредувам, да се надградувам, да вложувам кон нешто. Не можев да се изборам против системот и си ги спакував куферите. Друга земја мене ми даде стипендија, па на 28 години биднав пак студент. Си вложив доста труд да го научам јазикот и системот, културно - етичките норми и правила на земјата за полесно да се интегрирам. Стан не ми дадоа. Кирија не ми плаќа никој. За работа, не можам да pick up where I left off. Си почнувам од нула. Ама тоа е тоа, не ми пречи да работам што било сега, бидејќи имам за што се стремам и најважно, имам можност да го остварам тоа. Да имав можност да се реализирам како личност, да ги искористам интелектуалните капацитети и амбиции во Македонија секако дека немаше да заминам и да ги оставам сите мои драги луѓе. Да не се сфатиме погрешно, не сметам дека сум попаметна од другите! Скоро сите млади што ги имам запознаено тука од истите причини се заминати. Со амбиции да учат и да се развиваат. Секој треба да ги следи соништата. Некому му се дома во родната грутка, некому подалеку. Нема ништо лошо и погрешно ни во едното ни во другото. Јас имав среќа, имав стипендија, финансиска заштита уште од самиот почеток. За оние што се решени да заминуваат по друг пат, потполно се согласувам со @Lilit ! Јасна цел и визија, убаво истражување на сите можности што ги нуди земјата кадешто сакате да заминете и многу снага. Никој никого нема да пречека со раширени раце. Влогот е голем додека да „се влезе во системот“. После тоа е веќе друго.