Искажување или покажување на чувствата - која е разликата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prominent, 8 октомври 2019.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.223
    Не бев сигурна каков наслов да и' дадам на темава. Ќе пишувам од лично искуство и од она што го имам видено низ текот на годините.

    Замислете си, имате две страни (машко и женско, машко и машко, женско и женско-сеедно).
    Едната страна развива романтични чувства. Нормално, тешко е човек да ги прикрие тие чувства, на ваков или таков начин човек покажува во однесувањето дека е вљубен, дека не му е сеедно.
    Да речеме дека другата страна не ги возвраќа чувствата. Таа личност гледа/знае дека другата страна има љубовни чувства, но не реагира никако, не го прекинува контактот. Двете страни имаат на некој начин "пријателски" однос. Буквално, се прават како да нема ништо, како се' да е нормално.

    Е сега, кога едната страна ќе ги искаже чувствата експлицитно, преку зборови или таканареченото признавање, работите знаат драстично да се сменат. Можно е контактот да се прекине, да се расипат нивните односи, од "пријателството" често не останува ништо.

    Што мислите, која е причината за ова? Каква е разликата помеѓу искажувањето и покажувањето? Зошто зборовите во случајов, како да имаат поголема моќ од самите дела, од однесувањето, од постапките?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.661
    Допаѓања:
    45.258
    Пол:
    Женски
    Покажување е со дела.Еве јас сум таква.Да кажам некому ,,ми се сфиѓаш” или ,,те сакам” мноогу тешко.Ни на моите дома не им викам.
    Ама покажувам со внимание кон човекот, со грижа, со добри дела, со добар однос кон него, физички (гледам како теле)