Искористена и неискористена бебешка опрема и облека

Дискусија во 'Бебе' започната од snegulkata, 1 март 2014.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    24.442
    Периодот пред раѓањето на новороденчето е исполнет со дилема што да се купи а што да се одбегне како трошок кога е во прашање бебешката опрема и облека. Секој го посакува најдоброто за своето дете, но дали е правилно да се купи баш се што постои од бебешка опрема или постојат работи кои остануваат неискористени.
    Ајде во оваа тема да споделиме мислење што е опходно а што неопходно кога е во прашање бебешката опрема и облека.
    Дали ги искоиристивте транспортерот, количката,кенгурот,бебешката корпа, креветчето (дрвено или монтажно), џамперот, пумпицата за нос,тетра пелените...
    или дали останаа неискористени релаксаторот, бебешката облека со најмали бројки, кадичката со постолје, даската за пресоблекување, столчето за хранење,вреќичките за спиење, дубакот и сл.

    Претпоставувам дека се си е индивидуално и зависи од бебето и од мајката, но нема да биде на одмет ако го споделите вашето искуство и ни кажете што најмногу а што најмалку искористивте од бебешка опрема и облека. Водени од вашето искуство и вашиот начин на одгледување на бебе кажете каде погрешивте и си ги фрливте парите безвезе, а каде сметате дека правилно потрошивте и купивте вредна бебешка опрема или облека.

    Се надевам нема да ми замерите ако темава ми е промашена и не потикнува дискусија, сепак ова ми е прв обид да отворам тема па ако грешам слободно може да ,,отпатува,, темава во канта
     
    На mimidjon и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    73.458
    Пол:
    Женски
    со оглед на тоа што имам две деца можам да коментирам според моето искуство.за првото скоро и да не знаев ништо па купував што ке ми понудеа по продавници.немав некој со бебе од блиски роднини и пријатели да се консултирам,па купував се и сешто.ама за второво сум многу попрактична,башка што имам еден куп работи од сестра му.
    првите алиштенца веднаш се одрастуваат па не би требало многу да се трупа,а и да не се купуваат најмалите броеви оти и нема да се износат .мене ми велеа за синми дека ке биде просечно бебе околу 3кгр.нели според ехото а тој се роди скоро 3600 па алиштата од болница уште 2пати му ги облеков и веке не му чинеа.4-5 парчинја се доволни за почеток.
    според мене и корпата нема долг рок на употреба .за земанје од болница и за на педијатар во првите два месеци се користи и толку.па и за дубакот имам исто мисленје ама тоа сепак зависи од детето.керка ми од 7 месеци ја ставивме во дубак ,веке од 9тимесец самостојно се движеше со потпиранје и не го сакаше дубакот повеке,значи ич не го искористивме.
    релаксаторот ми е дар од господ :) си дремнуваа во него,си играат ,за храненје до одредена возраст.тој е исплатлива инвестиција.
    коритце имам класично и за прво и за второ.подлога за преоблекуванје на креветчето имам и многу ми користи оти тоа е активност што ја правиш во текот на цел ден.ама па кога бебето ке ја прерасне пак по кревети ке се пресоблекуваме и кичмата ке ми пука.
    повека сум практичар и сметам дека нема потреба за фрланје непотребни пари за се и сешто.кеифот е едно ама понатака се поголемите трошоци.препорачувам тоа што можете позајмете,се разбира тоа што може и смее да се позајми.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    и јас купував многу работи, и што треба и што не треба... најмногу ни послужи креветчето и количката, во количка го заспивам и затоа... тетра пелени не ни употребував... џамбо имам од мене и го ставам во него, сака и мирен е, дубак исто од мене и во него сака, ама не ми е практичен мене, додека да го видам, тој отишол таму каде што дека не треба, затоа и ретко го ставам, најчесто е на земјата, таму си игра, мислам дека добро би ни дошола една корпа за играње, ама пустите скапи се :^) транспортер не купивме, тогаш немавме кола и затоа, релаксатор имавме ама во него не сакаше многу многу, коритцето требаше поголемо да го купиме, ама биднало веќе, имам и постолје за бебето во коритиото ( мислам дека така се вика :) ) ама тоа не ми е ни отпакувано :lol: корпата ја употребивме само 2-3 пати и толку... алишта кога се помали не треба да купувате многу многу, башка и на повојница ќе ви донесат, ние најмногу ги искористивме лигавчињата и бодињата, даската за пресоблекување ја користевме порано многу, но сега не, многу е немирен :) ... сепак, секое дете е различно, и не можете да знаете што ќе искористите или не... според мене доволно се само најопходните работи...
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.985
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да кажам за мене. Не сум многу искусна прво дете ми е, но пред да се породам ми се одржа лекција што навистина послужи. Требаше порано да ми се каже бидејќи веќе бев почната со купување.
    Најпрвин за најмалите алишта за бебето, бодиња, бенкици, комплетчиња и слично. Скоро се што купив пред да се породам сега е израснато и чека да биде вакумирано во кеси.
    Транспортер не купив зошто мислам дека тоа се фрлени пари, истата функција ја има и корпата само што транспортерот е три пати поскап, затоа што е помодерен. Корпата ја имам и ја користам само кога излегуваме. А ако земеме во предвид дека е зима излегуваме само кога е неопходно.
    Релаксатор си купив и максимално го користам. Во него е во текот на целиот ден, исто така и преспива во него.
    Корито имам обично и нормално, без даски за пресоблекување.
    Имам и столче за јадење, но неможам да коментирам за него зошто син ми има 2 месеци така што сеуште не ми е искористено.
    Имав предлог од мајками да ми купи седиште за во кола, но не прифатив зошто можеби и нема да сака да седи. Имам пример од блиски дека децата во кола не се седнати ни во раце кај мајките па камоли врзани за стол.
    Дубак планирам да купам ако не најдам од некого да позајмам) бидејќи мислам дека стварно е потребен, се надевам дека нема да остане неискористен.
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Ќе го кажам моето искуство па може ќе му послужи на некој. :)

    Количка. Мој совет е да не се штеди на количка, подобро да се скрати на други работи, ама количката гледајте да биде пред се лесна за управување, склопување/расклопување, удобна а не многу гломазна.

    Кенгурот малку го користевме, ама моето беше зимско бебе и додека се стопли го израсна, неколку пати го искористивме на саеми, ние си разгледуваме на раат а и таа се занимава, мислам дека за пролет/лето е практичен кенгурот. Мене ми беше позајмен и затоа не ми е криво што остана неискористен.

    Се одлучивме за седиште за во кола од 0-18 кг наместо транспортер и сеуште го користиме, сметам дека транспортерот многу малку се користи, седиште од 0+ е подобра варијанта освен ако нема некоја комбинација транспортерот да се купи во комплет со количка.

    Даската за преповивање ја искористивме до максимум, според мене многу практична работа, секогаш ја преповивавме на даската, нема кичмење, а и многу пати се случуваше при промена на пелена да направи “беља”, па само со пребришување со влажно марамче е решен проблемот.

    Корито имаме анатомско со ногари и сеуште ја бањаме во него јас од едната страна, сопругот од другата, капењето претставува уживање за сите.

    Стерилизаторот ми е најнеискористена работа. Ќерка ми ја доев (и сеуште ја дојам), и освен една чашка, две чинии и неколку лажички друго немам, цуцла не фати, од шише не пие. Нема потреба да се купува пред да се роди бебето.

    Релаксатор не купивме, дубак добивме на поклон, наједноставен модел и си ја заврши работата.
    Столче за јадење е потребна и искористена работа.
     
    На Espadrila и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    8.115
    Јас до сега за 6 месечно бебе имам максимално искористено: транспортер, количка, релаксатор, перница за доење, пумпа за одмолзување, адаптер за бањање. Од адаптерот за бањање сум презадоволна многу го олеснува бањањето во првите месеци, а на прв поглед се сомневав во функционалноста.
    Неискористени работи: вреќичка за спиење, корпа, топлинки (постојано ги соблекува), цуцули лажливки.
     
    На Miss.Sweet, okcenzi, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Imam dve deca, nekoi raboti sto ne gi sakase prvata kerka so vtorata masta im ja izvadivme:)
    Zimskata kolicka epten ni posluzi i redno e za mesec dva da ja skladiram ili da ja podaram.letnata ke ja koristime uste nekoja godina
    Transporter za mene e rabota koja nema potreba da se kypuva, koj ima moznost od nekogo da pozajmi bi bilo super bidejki nie go koristevme samo dva dva ipol meseci.
    Relaksator prvata ne sakase vtorava kerka go obozavase.
    Vreki za spienje- neiskoristeni
    Kengur- neiskoristen
    Igroteka( onaa so mreza) neiskoristena
    Potrebno i korisno si e hranilka
    Dubakot voopsto ne sme imale- neznam kolku e korisen
    Ljuljaska ubava imame, prvata kerka ja koristese do kaj dve ipol godini, mnogu ni bese korisna bidejki se spusta i preku den vo nea spiese, za malovo dali ke ja saka ke vidime
    E sega za igracki..denesnive deca se cudni, bar moive, imame sekakvi igracki, od onie naj bebeskite sto se za glodanje do kocki za redenje, muzicki i sl.ama nee tie se teaat po daljinska, mobilni, mausi..
    Taka da ne frlajte mn pari za igrack:)
     
    На Sky-butterfly, Miss.Sweet, Mi-Ma и 3 други им се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    20.647
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално од детето. Јас од крупните работи ништо не купив, се имавме од внуците. Е сега
    Игротеката со мрежа (или оградица некој ја викаат) џабе ми држи место. Не сака да влезе во неа. Планирам да ја тргнам. Во неа чуваме работи што син ми не смее да ги дофати. А внуката со саати си седеше и играше во истата.
    Релаксаторот го утепавме од користење. А внуците не сакаа да седнат во него ко боцки да има.
    Хранилката, количкатаи креветчето секојдневно ги користиме.
    Од ситни работи цуцли и шишенца не користиме, сите се џабе.
     
    На Miss.Sweet, Mi-Ma, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.929
    Пол:
    Женски
    убава темааа :)
    Некорисни работи: мене продавачката ме исполажа дека корпата од чико количката многу ќе ми требала, дури некој што ке ја купел без корпа, се враќал да праша дали има посебно корпата да ја докупи :D а така посебно не можелo да се купи.. имам chicco sprint trio количка инаку и корпата многу малку ја користев (по дома само кога беше мал) и сега е спакувана одааааааамна на покрив :D а има и опција само количката да се купи... друго џабе купено ми е овца една мека со играчки над неа, не е практична ич бидејки е мала, а и не сакаше многу многу да седи таму, па и тоа е одамна на покрив :D кенгур исто слабо користен... Кадичката многу е голема и не ја користиме одамна, го бањам во веце во када или под туш :D
    1707.jpg early-learning-centre-blossom-farm-laurie-lamb-playmat.jpg
    Корисни работи: Транспортерот до 6м максимално искористен, на одмор до Грција во него се возеше, Седиште за во кола и тоа максимално користено, често шеткаме затоа... Хранилката обавезно само таму јаде, го научив така за да не го бркам кога ќе пркне со лажицата по дома :D а седне таму знае дека ќе јаде и седи мирен.. Релаксаторот уште го користиме, бидејки е до 18кг и се прави како столче :) Креветчето максимално користено, само таму си спие... Цуцли лажливки одма фати и тие дури сега престануваме да ги користиме, спас е цуцла ако фати бебето :D Шишенца исто си користиме доста, пие вода, сок, чај но дури сега, порано до 6,7 месеци слабо користевме...
    Ограда за играње не купивме, немаме место дома толку... Стерлизатор не ми беше исто потребен не купив...
     
    На Eli23, Espadrila, Miss.Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    105.013
    Пол:
    Женски
    Шишиња,цуцли искористени максимално. Се работи за бебе на АД.
    Трансоортер искористен максимално во колата а и на тераса си лежеше во него.
    Релаксатор не користен,затоа не купував ама ни го донесоа подарок без да не прашат.
    Седиште за кола,исто е доср
    А корисно а и мора да се има.
    Креверче земав монтажно,сега го користиме како оградица. А преку ден и спие во него.
    За мајка што е сама собебе ептен корисно.
    Блендер корисно ама не јаде.
    Соковник користен максимално. Денот ни почнува со цеден сок.
    Коритце прво едно,па поголемо дека го баеав сама тој период. Сега повторно во првото дека е згодно за седење.
    Не би можела да го бањам само со туш. Таман водата убаво му доаѓа и како инхалација кога одма не истекува.
    Инхалатор исто препорачувам.
    Врекичката за спиење и најдов намена за до кола и од коладо дома.
    Колички две,дека возграда,едната во кола другата неопходна по дома.
    Немам ранилка и го хранам во количка.
    Од прилика тоа е се што ми текнува.
     
    На tina-63, Eli23, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mi-Ma

    Mi-Ma Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Kolicka imame trio sprint od chicco i najiskoristena ni e korpata vo nea spiese do 4ipol meseci ( posle toa mu stana tesna na moj bucko :D ) A transporterot ednas ni e koristen zatoa sto vo kola samo vo race saka da bide i da razgleduva :) A sea si ja koristime kolickata i zaspiva preku den vo nea ali nesto pocna da ckripi i cela e razlabavena taka da katastrofa e.

    Krevetceto isto neiskoristeno zatoa sto kako so bocki da e duseceto ic nejke da spie vo nego, a dodusa uste vo bolnica sakase na mojot krevet i placese koga ke go stavea vo krevetceto (mamina maza samo do mene da e :inlove:)

    Relaksator zemav po preporaka na drugarka od tie so muzika, vibracii i igracki ali ne go sakase samo ako treba da potsredam po doma i za da jadam go ostavav nakratko.

    Ljuljaskata najmnogu mi se naogja zatoa sto zaspiva vo nea.

    Hranilkata i tanjirceto i lazickata gi koristime od prviot obrok i sea koga ke gi vidi se lize so jaziceto, znae deka ke rucka :lol:

    Kengurot niednas neiskoristen, poklon ni bese.

    Nutribulletot ni e najkoristen vo kujna golemata caska za mene i mm, a malata za sinko :D

    Obleka...Najmnogu mi e krivo za tie potroseni pari zatoa sto pred nekoj den eden golem paket napolniv so stvari niednas obleceni ali isprani :( Posebno mi e krivo za kosulkite sto gi ima vo site boi i karirani ali moj sin sportski tip pa samo trenercunja ili eventualno farmercinja i bluzicki i obavezno patucinja :)

    Lazlivki, sisinja, aspirator za nose, pumpica za odmolzuvanje, vreki za spienje, muzicki prodzektor za nad krevetceto....Neiskoristeni

    E igracki nemame, a veke ni trebaat zatoa sto si sedi sam i nemam so sto da go zalazam . Predlog za nekoi igracki? So sto si igraat vasite bebcinja inace moeto e 6ipol meseci :)
     
    На Espadrila и MissDior им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.929
    Пол:
    Женски
    и ние вчера купивме инхалатор дека е затнат 3 дена во носето, ептен корисна работа... мрсулите кога почнаа да искачаат како балончиња... одамна го мислев инхалаторот и на крај решив да купам :D а коритце округло високо користам кога го бањам под туш, го пунам тоа па го седнувам внатре и после го бањам со шампон и чашка, тушот само за плакнење го користам :D ептен обично корито од Тинекс кое ни е ептен практично од кога почна да седи :)
     
    На Asja, Espadrila и joy1 им се допаѓа ова.
  13. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    15.792
    Корито -максимално и за прво и за второ
    Количка за првото максимално за бебуш сеуште ја користиме
    Транспортер- за првото не за второто до 6,5 месеци маста му ја извадовме и за по кола и за по дома
    Седиште за во кола-од баткото максимално искористено.Сега бато е на ред за бустер а бебуш е во некоја меѓу фаза не седи па и не е баш за во седиште
    Креветче монтажно-максимално и од двете.За баткото беше и во функција на оградица башка.
    Летна количка-за во кола за на одмор а и воопшто за потпораснати деца чадор систем.Со баткото користена ама не беше многу квалитетна
    Дубак-баткото го обожаваше и леташе со него а бебуш сега го осознава (би рекла 50-50)
    Мизички прожектор 100% во првите месеци и за двајцата.За понатаму ќе видиме.
    Хранилка-баткото ја искористи слабо.Но со оглед на тоа што се расклопува и во маса со столче ниско..масата е изнапишана и изнаигрена.Така да не е неискористена.Бебево во скут го хранам сеуште (и јас не знам зошто не во хранилката)
    Блендер секој ден (па и за нас за смути понекогаш).Обичен е не е нитрибулет.
    Соковник - многу користен
    Гардероба-еден тон.Жал ми е колку брзо ги надрастуваат а коштат читаво богатство
    Кенгур и за двете скоро ич.По 4-5 пати ако ги имам ставено во кенгур.
    Инхалатор-немам ( и да не ми затреба).
     
    На mami blue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    48.318
    И за двете деца досега користев максимално:
    -Кадичка со постоље. Со син ми до година и пол ја користевме, и со малата сега сигурно уште долго ќе ја користиме за бањање и пресоблекување.
    - Транспортер. Обевезен за барем првите 6 месеци. Со син ми го користевме и подолго, до 10 месеци, ама имавме поинаков и беше поголем. Сега овој што имаме е помал и служешњ до 6 месеци, па го заменивме со
    - седиште за кола. Обавезна работа и исто искористена
    - хранилка. Со син ми ја користивме до 2 години, ако не и повеќе, на крај се скрши па за малата имаме нова, исто ја користиме обавезно.
    -релаксатор. Ни служеше и за двете деца преку ден, за малата купивме втор. Малата сеуште седи во него, наутро кога се разбуди и кога е мирна. Има 8 и пол месеци
    -дубак. И за двете го користам.
    -монтажно креветче. И за двете исторо го користам и ко ново е сеуште.
    -количка е обавезна. И двете деца од бебиња ги возев во количка и сакаат да се возат. Малата се уште.
    Единствено кенгур ми е неискористен. Нов стои.
    Друго се што купивме од ситни работи, освен термометар за вода, се искористени.
    Задоволна сум :)
     
    На Eli23, t-sweet, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    еве што ние искористивме и користиме:
    -транспортерот многу го искористивме, носилка воопшто не купивме.... во транспортерот дури и се храневме на почетокот.
    -кенгур- многу ни се најде и мн го искористивме...дури имавме помалку кг :)
    -количка
    -коритце обично
    -дубак-многу го сакаме
    -столче за хранење
    -игрална-слабо ја користиме 15мин дневно не седи појќе...али добра е ако треба да го оставиш само во соба, пошто е заградена нема кај да бега, нема да падне да се повреди, безбедно е.
    -креветче-слабо го користиме...уште спие со мене...се надевам ќе го покористиме пред да го одрасни.
    -седиште за во кола-ќе видиме како ќе се покажи.
    -облека не купував многу...максимално ја износивме таа што ја купивме....освен еднаш многу за поклон кога ни донесоа...па одма ги одрасна.
     
    На Espadrila и mami blue им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    24.442
    Транспортерот - слабо искористен, во првите 2 месеци воопшто неупотребен, понатака ептен кратко сакаше да лежи во него а и брзо го израсна
    Релаксатор - слабо искористен, лежеше во него само ако седам до неа и и пејам песнички
    Корпата - 2-3 пати кога ја носев на вакцина
    Кенгурот - воопшто неикористен
    Хранилка - слабо искористена, не се потрудив баш дволно за да и створам навика да седи во неа дури јаде
    Дрвено креветче - максимално искористено и сеуште го користиме (споено ми е со спална и ми се покажа како многу практично)
    Монтажно креветче - макисмално искористено, на почеокот ми преспиваше во него преку ден, понатаму го корисевме како игротека, ја земав од него кога трбаше да јаде или спие,инаку цело време ,,висеше,, во него. Не играше со играчки, туку уживаше да се држи и оди низ него придржувајќи се! Најискористено досега, веќ го користиме како кош за играчки,ретко влегува во него за да игра.
    Количка - првата година (кога млата беше 3-4 месеци), само во заспана сотојба можев да ја возам, плачеше и не сакаше во неа. Втората година доста ја користевме, па додека се шеткавме знаеше да заспие во неа, се погоди лесна за управување и ја искоритивме доста
    Коритце - имав обично, го користевме десетина месеци а потоа започнав да ја бањам во када
    Лулшка - купив надевајќи се дека ќе заспива во неа, ама не успеав никогаш да ја заспијам лулајќи ја. Остана речиси неискористена
    Седиште за во кола - ептен го користиме веќе цела година наназад (а многу бев скептична, заради лошото искуство со транспортерот). Без разлика дали на кратки ли далечни дестинации, малата си седи во него и си знае дека таму и е месотот кога се возиме. Си седи сама отпозади, е се противи, напротив сака да се вози.
    Облека - малите броеви 50- 56 многу брзо ги израсна, за среќа не ги бев купила во големи количини. Другите величини мислам дека доволно ги искористуваме, а и не се трупам многу облека па немаме многу неискористена.
    Блендер - имаме Нутрибулет и сеуште го користам за сокови или мелење семиња, јаткасти плодови и сл.
    Велосипедче - Нов ни е, и не знам дали ќе го искористиме. Засега седи во него без да се пртиви, дури мислам дека и го сака, ќе видиме дали ќе се промени.

    Воглавном не сум се покајала за работите кои не сме ги искористиле, некои ни се на подарок дадени, за некои лично сум оделила пари да ги купам и се надевам дека понатака за второ дете би ги употребиле повеќе.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Еве што ние користиме:

    Дрвено креветче - спиеше до 4 месец таму. Сега со ад ми е полесно да спијам во дневна и да отрчам во кујна одма. Да потпркне и ја враќам во креветче.
    Количка - спас за мене. Сегде низ дома со мене ја носам, ја успивам, ја шеткам.
    Релаксатор - користен турбо :D и уште ќе се користи во седечка положба.
    Транспортерот иако мислев дека ќе се џабе пари бидејќи имаме и седиште +0, редовно го користиме.
    Цуцли и шишиња максимално искористени.
    Обично корито и подлога за бањање-искористени.

    Хранилка и бокс за играње имам купено но сеуште некористени.

    Неискористени ми останаа боди надолги - бели, долни, тренерки со капуљача бидејќи цело време лежи нели... секакви врсти елечиња и топлинки што ни беа подарени.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    82.797
    Пол:
    Женски
    Mislam deka najiskoristena mi e kadickata. Zdmavme od onie sto se so dve strani znaci od ednata strana moze da lezi so potpirac za racinjata i gazeto a posle koga ke porasne od drugata strana se sedi plus zemavme drzaci direktno na kada se stava i e mn prakticna. Sin mi do 3g se banjase vo nea eve sega i za ctorovo mi e top. Posle toa kolickata i pokraj toa sto golemiot nesakase mnogu da sedi on prestana da se vozi pred 2g ama eve sega i za malava se koristi. Ima dosta mani sega koga bi birala ne bi ja zela ama se iskoristi. Krevetceto za golemiot do 10m za malava ke vidime. Relaksator za golemiot nemavme za malava mi dadoa prvite nekolku meseci mn go koristev sama si zaspivase vo nego a sega ic ne saka i go krenav mada mislam deka izbezav moze pak ke go altiviram kolku tolku vrsi rabota. Stolce za hranenje mnogu iskoristeno. Ograda dobivme za golemiot ic ne ja sakase, malava sega sedi po 20m pa ke vidime. Neznam kako nekoi deca sedat dosta vo ogradive moite ne ja sakaat ic .
    Definitino najiskoristeno i istroseno na mama racete i grbot
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.143
    Пол:
    Женски
    Облеката за поголемиот син ми ја дадоа мои братучетки. И за помалиот син ја искористив истата облека. Со маж ми купивме облека за излегување од болница и плус ако нешто многу ни се допадне. Цела облека ја искористивме. Релаксатор, колички, дубак, хранилка, не купивме. Се ни беше дадено од братучетките. И тоа го искористивме. Единствено што купивме беше корито, а креветчето е мое. Јас и сестра ми сме спиеле во него. Поголемиот син спиеше во креветчето, а помалиот не спие во него. Хранилката ја користевме за поголемиот син, ама откако за малку ќе паднеше од неа, ја собрав. Помалиот син не го ни ставив во неа.
     
  20. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    953
    дали е потребен делот од количката корпа? нели има транспортер, и делот сто е за седенје е сега за корпата ме интересира?