Јас ја користев за преспивање и прошетка додека беше мал. Ја коростевме до 4 месец и толку. Многу е гломазна а ние често патуваме и не ни беше практична. Наши пријатели уште си ја користат(7м) бидејќи е баш како кревет и за преспивање насабајле е таман.
Jas po priroda sum prakticar, kolicki imame dve od zolva mi I edna od bratucetka mi. Zimskata od zolva mi maksimalno ja iskoristivne do sega, bebae 5+ pakoga e dolukaj sveki vo nea spie preku den. Transporter mi dade edna prijatilka I e iskoristen nekolku pati, po moe iskustvo dobar e za lugje koi cesto patuvaat. Relaksator zemav od drugarka apsutno neiskoristen. Onaa so e kako potkovica za doenje epten mi pomogna alal da im se parite na lugjeto. Hranilka sega kupivme, uste ne ni e montirana, se nadevam beba ke saka vo nea da rucka. Mojata gospoza se rodi sitnicka pa I maleckite alista gi iznosivme. Ne kupuvav I alista mn zaradi toa sto imav od zolva mii bratucetka mi. Do sega I krevetceto drveno, ni e iskoristeno beba vo nego si spie preku nokj, so mali isklucoci. Ligavcinjata ni se maksimum iskoristeni, a kapcinjata pamucnite najmalku. Cevlicki, neiskoristeni.
Od Zegin, samo eve go sega 2god nemoze da go smisli, bega samo sto kje go vidi deka brmci dosta, ako birate inhalator nekoj ne tolku zvucen....
Од бебешка опрема најискористена дефинитивно опрема ни беше транспортерот. Потоа количката. Дубакот не пробан воопшто и проодувалката неискористена како треба ( сама си се мачеше да си прооди без никакви помагала), џамперот користен но не премногу. Од облеката боди по долги најмалку користени, со кратки многу повеќе.
Najiskoristeni kolickata, transporterot , najmnogu relaksatorot. Najnekorisna ispadna podlogata za igranje so igracki sto visat i kengurot isto dzabe bese grb boli od nego. Ova e do 6m za ponataka ke vidime
Количката најискористена, си ужива во неа. Друго се е неискористено, транспортер, релаксатор, креветче, не сум ни купила дубак никаков и престанав да купувам работи. Сега само се мислам дали летна количка или трицикл, ама веројатно второто повеќе ќе го искористиме.
Најкористени работи од опрема: количка, креветче (и дрвено и транспортно - за кај баба/дедо и патување), седиште за кола, столче за хранење, подлога за играње со играчки што висат, ограда за играње (уште таму го ставаме ако е нкоеј сам со него да може да оди во тоалет). Најнеискористено од опрема: релаксатор - ич ама ич не сакаше да седи во него, мојов повеќе беше да истражува околина. Додуше сега го јава место коњ па ете некоја намена. Дубаци, џампери и слични работи педијатарот ни рече да не користиме и не ни купивме.
Најискористено хранилката дефинитивно. Со првото релаксаторот многу помалку го користев отколку сега со второво. Подлогата за играње и за двајцава не сум ја користела, среќа позајмена е. Количка до максимум со првото, се надевам и со второво ќе издржи истата. Дубак со првото имав, ама за џабе, како проодувалка служеше, за второво не ми треба, кај и да е, ќе почне да лази, ужива да се тркала на земја. Облеката максимално искористена, со мали исклучоци.
Најнеискористена за првото: дубак, а нема и за бебево да го користам. Најискористена количка, транспортер, хранилката маста и ја извадивме.
Речиси се користам солидно. Количката најискористена дефинитивно. Еве три години без пауза секој ден ја возиме. Планирам уште две години како ништо да ја користиме. Седиштата за во кола исто. Најнеискористени ми се цуцлите, шишињата и каивчето за проодување. Буквално за џабе купени.
Најнеискористени:облека бр. 56,подлога за играње, транспортер, џампер и лулашка. Најискористени :дрвено креветче за спиење, монтажно креветче за играње, релаксатори, столче за хранење и за патување,дубак... Неискористени ни останаа куп шишенца, само на chicco ги сака и преку 30тина цуцли со надеж дека ќе фати.
Најискористени : Дрвено креветче,дубак, количка максимално,лажливка од најобичните 100денарка ,шишенце за вода на tommee tippee,подлоги за играње,од облека тренерчиња , боди блуски и памучни ствари. НАЈНЕИСКОРИСТЕНИ: релаксатор, и шпикозни. Горе доле се прифаќа синко.
Најискористени од опрема : Количката, хранилката, монтажното креветче, цуцли лажливки, транспортер. Најискористени од облека: хулахопчиња, блузички, бодиња и со долги и со кратки, панталончиња. Најнеискористени од опрема: Дрвеното креветче, чашка со клунче ( не ми ја сака џабе ја купив) Најнеискористени од облека: Шпихозни, ракавички, лигавчиња, шалчиња.
Најискористено од опрема: релаксатор, количка, креветче/ лулашка, шишиња, цуцла Најискористено од облека : бодиња, блузи, панталончиња, хулахопки Најнеискористено од опрема : кенгур ( ич не сака во него ) , транспортер Најнеискористено од облека: шпикозни, ракавички, капи, скафандер,
Sve iskoristeno do max i kolicka transporter relaxator hranilka od obleka se osven edni bodinja na preklop zos bea mnogu otvoreni napred kaj dekolteto. A najnajnajneiskoristeno definitivno site mozni sisinja cucli caski se mozno za pienje voda neke i neke.
Најнеискористени : хранилка, кенгур, лулашка, релаксатор, транспортер. Најискористени : дрвено креветче, количка, цуцли, шишиња. Од облека имам мноогу неискористени работи, многу купував и ми донесуваа и на пола од нив им измина сезоната и стана мало а не го ни облече. Колку имам со етикети само.
Најискористени:Дрвено креветче си спие уште во него, релаксатор како мала заспиваше во него но синко никогаш не седна во него, седиште за во кола а малиот никако даго седнам, дубак,количка и велосипед Најнеискористени:релаксатор, хранилка Сакав нешто да праашам алиштата кои се искинати или исфлекани ги фрлате или ги горите..? Да не сум ги фрлала дасум ги изгорела што има врска тоа незнам И алиштата мали што се веке во што ги собирате..Јас ги собрав во две вреки од тие што се збират со правосмукалка но ми попуштија и гледам некои алишта пожолтеле а има поминато 3год..Што да направам да не пожолтуват..?
Количка, транспортерот маста му ја извадивме. Стави вади од кола во кола и на количка прикачи. Ми се чини дека тоа беше злато работа со 3 во 1 количкиве. Стави тргни работава ептен механички и лесно. На крај ја продадовме и купивме летна количка. Дубак и џампер исто и релаксатор пре искористени до максимум. Играчките не ги чепка воопшто ама хранилка дубак џампер релаксатор, да. Подлога за менување пелени ја искинавме и ја фрливме исто. Ми е жал од денешна перспектива колку работи имам непотребно купено и фрлено.
Најнеискористени од опрема- релаксатор (30 минути вкупно дали има седено во него, уште ќе го немав спуштено почнуваше да плаче), креветче (со нас спие од неколку месеци), транспортер (доаѓаше со количката и по раѓањето зимата 2-3 пати го ставив за до контрола, после веќе не го береше), дубак и џампер не купивме. Цуцла никогаш не фати, шишиња не сакаше до една година. Најискористени- количка и хранилка. Хранилката ми е дефинитивно број 1, јаде во неа од првиот ден ко ја купивме.