1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искористена и неискористена бебешка опрема и облека

Дискусија во 'Бебе' започната од snegulkata, 1 март 2014.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    И со второ дете иста приказна, најнеискористена работа оградицата. И он не може да ја смисли како брат му. Џабе ми држи место. Големиот си ја користи како играчка, влегува, излегува од неа и кошеви дава.
     
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Мамиподлога за количка за летно време ми треба ли? Страв ми е да не ствара топло и да поте дополнотелно. Незнам дали да купувам?
     
  3. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Секогаш е потребна , не за друго барем подлогата можеш да ја испереш ако се испоти .
     
    На iki26 и Angel.girl им се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    До сега најискористена е количката и релаксаторот.Додека не почна да седи тука ја ранев,а сега во хранилка па ќе видиме навака колку ќе седи во неа.Транспортерот не е многу искористен,не сакаше многу во него дома.Сега го користиме кога одиме на пат негде.За седиште уште мислам ни е рано.
     
  5. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Трнспортер, количка, релаксатор користени максимално. Хранилка исто си знае штом е во хранилка седната време е за јадење.
    Најнеискористена работа ми се вртелешките над креветче што се ставаат.
     
  6. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Кај нас беше вака:
    Да почнам со првите алиштенца. Слушајќи совети да не купувам мали броеви, купив само едно боди 50ка и друго све 56ки и 62ки. Арно ама синко се роди зрно алишта немав ни за лек! Све виси, све ко партал стои, вратчето голо од што му беше све големо па му беше ладно, па го туткав некако да заличува. Едното боденце 50ка што ни беше и тоа големо на него. 3м сме уште го носи комплетчето за од болница. Среќа бабиве кога видоа дека све е големо на него изнакупија отпосле мали алиштенца, па плус дека не напредува многу нагло ги скапавме од носење. Се е облечено по мин. 10 пати. Дека носат за повојница алишта да, ама кај мене све за над 6 месеци па нагоре. А баш за први денови си требаат алишта за променување оти никој не доаѓа кога бебе е мн мало па да донесе мало.
    Релаксатор позајмивме, уште е скифлен во него не му е најудобен и не го сака.
    Количка купивме во 3 дела. Транспортерот го користиме само кога сме во кола (и во него е скифлен зашто е малечок и се приметува дека му смета во дишење) неможам да кажам дека е нешто искористен. Корпата е повеќе користена за прошетки.
    Подлога за пресоблакање, практична е, поставена на високо, не пропушта ама ја користам дека пари се дало, не дека не го пресоблакам и по кревети.
    Корито обично со вентил за испуштање вода, добро или лошо небитно, едно е го користам секој ден.
    Хранилка и седиште за во кола добивме на подарок, ќе видиме дали ќе бидат искористени.
    Коментарите од типот остана дубакот неискористен само од 7 до 9 месеци ме ежат. Па колку сакате да бидат искористени? А да ги паткавте 2 месеци малите ќе ви се чинеа вечност. Затоа раѓате второ и решен проблем :P
    Друго и не ми текнува. Дефинитивно за први деца претеруваме купуваме што треба и што не. Многу малку треба за растење на едно бебе ама ние сакаме све да има и затоа го гледаме како некоја потреба дека нешто МОРА да се има.
    Кај мене најголема утка беа алиштата што си немав асални првиот месец два да го стокмам ко што треба. Дури ни сега немамр многу опции за шопинг на алишта за дотерување. Еве на пример сакам фармерчиња светол тексас да купам, ама за бебе од 4.5кг кај да барам? Ако знаете пишете ми :)
     
    Последна измена: 9 мај 2018
    На iki26, CurlyBlossomGirl, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Јас па имам бебе што скоро цело време сака да е во раце па релаксаторот, оградата и вежбалната засега сум среќна ако си поседи по 10 минути. Не сметам дека биле непотребни зошто што ако немав и толку да го оставам. Здравје ке се искористат убаво со следното. Количката за сега се возиме во транспортер а корпата до 2 месеци си спиеше дење во неа. Креветчето сега го ставивме во употреба има време ќе се искористи. Стерилизатор користен ама за тие на доење нетреба затоа подоцна се купува. Комода за пресоблекување скрос корисна во фиоките се неговите работи све ми е на дофат додека се пресоблекуваме.
    Облеката се искористи дури иитие неколку 50кишто ги имав.
    Дефинитивно најискористени до сега ми се пилстес топката (помагаше скокање за грчевите, а сега со нејзина помош заспива) и од играчки обал топката и платнена книгичка. И фенот :lol:
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    Од опрема имавме само количка креветче и дубаче и се искористивме максомално. Подлогата од креветчето се свитка од тежина, количката почна да се клати а и дубачето се накриви. Буквално маста им ја извадивме. Од Облека ништо не остана необлечено. Ништо не чував за ново.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    7.215
    Пол:
    Женски
    Најискористен ми беше транспортерот, до 6 месец престојуваше буквално во него, се заспивавме и спиевме во него,сега го префрламе како седиште во кола.
    Подлога за преслекување од Џонсон, препрактично нешто за мене.
    Релаксатор не купивме, добивме на користење а парите ги искористивме за монтажно креветче кое ни служи за игрална. Најпаметен потег. Релаксаторот не го сакаме мн мн а во креветчето почнавме сами да седиме и да се исправаме.
    Веќе лазиме и се исправаме , не планирам дубаче, кај и да е ќе се пушти и ќе си купиме коњчиња:inlove:
    Количката не ја користам мн мн.
    Древното креветче не го користиме мн мн, си спиеме со мама:), мн се будиме.
    Облека искориствам до крај и веќе доста имам вакумирано здравје за аку дајт Господ потака уште едно бате или даде:)
    Вреќичката за спиење исто максимално ја искористивме.
    Неискористени ни се шишињата и цицлињата, не ги сакаме ни под разно. Ги одбивме изгледа поради чајот од анасон.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Најискористено дефинитивно стерилизаторот :) релаксаторот и едно како лулашка. Бебе седи, мама кафе пие. Уште само да се заспиваше ќе беа одлични. Транапортерот добро се покажа, ама моево бебе е многу љубопитно, па кога не фати проблем со цицањето и транапортерот стана проблем - недоволен видик и слободни раце. Веќе е пензиониран. :) Корпата иако многу голема, не ја сакаше многу. Спиеше во неа само првите 2 недели, а се друго "инцидентно".

    Најмалку искористено - коритцето. Купив термометар кој се инсталира на тушот и инстантно покажува која е температирата, па бебе под туш го бањаме. Маже ја држи, мама мие, бебе ужива :) Да ги допишам и цуцлињата во неискористени. Мама ем не дава, ем метак има да купува (facepalm)
     
    На mal.ecka, Ano, pandelka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Ako moze info kade go ima toj termometar za tus
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Во бебе хоум. Околу 1000 денари мислам беше.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.876
    Пол:
    Женски
    @kukla21 за што го користиш толку стерилизаторот??
    Само се доите, 1шише кажуваш пие/ла АД, цуцла не, 1лаживе во денот за Биогаја.. што стерилизираш :?:

    И пикни Дундето во корито нека се шлапка и нека ужива, не знаеш што и скратуваш :)
     
    На mal.ecka, eli25, pandelka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Лажичките, на почетокот пиеше повеќе млеко од шишенце 2-3 на ден по 30/60мл.

    Сега се пушта еднаш на неколки дена. Лажичките ги стерилизирам и вчера по долго време дадов млекце, па и шишето ќе оди :)

    Ќе и давам да се шлапка летово. Ми е страв за дундето од водата во коритцето :( А и надвор сме многу време, па не останува време за коритце.
     
    На eli25 и emkaemka им се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.876
    Пол:
    Женски
    Демек што ќе ја пие??
    Пф сите пијат, ништо не им е, моево периодов не пие, сконцентриран е да те испрска што повеќе и се тегне за да седне. Јас не го бањам секој ден, поради дерматитот не го ни киснам многу, па 10тина минути не му кратам да си поигра, башка од многу шлапање се уморива и одма заспива.

    ^^стерилизатор сепак не користиш многу, како пиша јас си реков по пет пати стерилизираш нешто :D
     
    На mal.ecka, bubac и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Не дека ќе пие и вака шмука, не е без ич :) За дундето ми е страв од водата во коритцето, дека не е проточна.. Знам, луда сум :)

    Немам војска деца дома за 5 пати да пуштам :) А и имам доволно шишенца да не мора везден да работи. Да имав 1-2 ќе работеше везден :)
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.876
    Пол:
    Женски
    Луда си :nod:

    ^^стави филтер на славина и проточен бољар :?:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Мислиш немам :P
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Мислење за комода Бреви Олимпиа
    Комплет е за пресоблекување, бањање и комодичка за алишта?
    Ме интересира дали е практична или да се купи посебно само комода?
    Фала ви
     
  20. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Каква лулашка ? :party:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.