Ние ваква имаме. Одозгоре е со стреичка, ама ја тргнавме дека дома не ја пече сонце Ние се што имавме користиме максимално. Релаксаторот до скоро и беше таман, ама сега го надрасна и не ја ставам веќе. Транспортерот уште го користиме, ја собира уште. Оваа лулашката многу не ја сака, ама си седе сепак. Количка за надвор има, максимално користена ни е, цело попладне е надвор во неа, другата количка за внатре исто ја користиме за шетање низ тараса и за јадење оти хранилка немаме, а нема ни да имаме. Дубакот од скоро го користиме, сега повеќе почна да седи откако научи да се мрда од место. Креветче дрвено имаме, во него преку ден спие, навечер ретко. Ја ставам во него кога ќе заспие ама во текот на ноќта ја ставам до мене. Големи фиоки има и пола гардероба и е таму. Облека за почеток не купував скоро ич, позајмена ни беше. Сега кога потпорасна повеќе купувам. Пред некое време купив ранче и мислам дека е најискористено нешто, секаде го мкнеме. Скафандерот промашена инвестиција е. Три шишиња имаме и сите ги користиме, една цуцла само за спиење и е. Толку
Јас имам комода со кадичка и воопшто не е искористена. Комодата со пресоблекувална си стојат во спална, а кадичката на држач го внесувам во купатило. Според мене попаметно е посебно комода посебно кадичка со држач
Анжи кај соборна, гледав пред некое време мали па модерни искинати.. Назад на темава... Некако ми се гледа дека се ќе искористам ко што треба. Уште од болница си седеше во транспортер, се до купување седиште, без исклучоци. Креветче од прв ден, односно ноќ. Монтажно исто, за на пат, за кај баба...хранилка од прв ден откако почнавме со дохрана. Количката ми е болид, ја обожавам, толку ми се погоди, а и дете се вози ужива. Релаксаторор што го добивме за ништовне го биваше, обичен рамно платно. Другиот што го позајмивме на фишер како корпа малце ни се погоди уште седи во него. Корито искористено, столче за бањање исто, го користиме и како столче за на трпезариска маса. Стерилизатор немам, а не го сметам ни за потребен за деца што цицаат...тоа за ад да. Лажички стерилизирам само кога ќе купам. Цуцли вријам кога ќе паднат надвор, овака попарувам само со вода. Подлога за повивање не земав зошто од кичмата не можам стоејки да менувам пелена, доволно е и толку малце да се наведнам за да не можам 3 дена да се оправам. Друго сега не ми текнува.
Незнаев каде да прашам, па ајде овде. Има ли некоја мама Mama Roo, @kukla21 мислам имаше, да ми каже дали се поти малецкото во него? Мојот дали дека многу прета и со раце и со нозе, главчето често му е испотенко, а ставам и тетра пелена од долу. Собна температура околу 22 -23 степени, онака не се поти, некогаш кога ќе цица, ама во Mama roo то еве во последно време главчето често му е испотено.
Да не му е жешко? Машките се пос'клетчии од девојчињата, башка што преку главата ја регулираат телесната температура. Не облекувај го многу, на таа собна температура е доволно боди на кратки, тенки шпихозни или тренерчиња и чорапчиња.
Ни моето не се поти, сигурно му е топло Иначе на нас најискористени ни се транспортерот ептен си седи во него некад и заспива за кратко, релаксаторот Мамароо си ужива во него додека мама средува нешто, Еден комплет шпихозни и капче од Бебе Хоум тоа го износивме додека беше бебе само тоа му беше точно од бебешките работи,другите малецки му беа . Најнеискористени ми се цуцлите еден тон ги имам ниедна не фати .. толку за сега
Порано не се потеше, ама дека помал и не мрдаше толку, сега прета нон стоп. За облекување, не го облакам многу, ама најверојатно му е висока собната температура, ќе пробам да одржувам на 20-21 степен.
Нас ни се најупотребувани тото туферите.Ги користиме за газе, за бришење уста, доколку ми e малку измокрено детето од нешто одоздола ставам под мокрото... Исто сенаменско ни е маслото на Веледа.Го користиме за теменица, за масажа, за бришење газе, на почетокот стававме во водата за капење малце,многу нежно е и нема мирис.
Најкористено нешто не можам да издвојам, релативно кратко време сум со бебе. Уште од прв ден дома многу сум задоволна од Авент натурал шишето и авент цуцлите. Исто така доста практичен ми е чиполино беби фонот.
Не можам да кажам најкористено, но дефинитивно најпрактичен ми е стерилизаторот. Најкористена можам да кажам корпата од количката засега. Кога ќе имам повеќе искуство ќе пишам пак. @Fallen.Angel од каде го зема бебифонот и колку?
Ми го дадоа на подарок, од некој беби шоп. Видов цена има околу 2900 денари. Јас си го избрав. Слика има во темата што последно купивме.
Мнoгу рабoти мoжам тука да пишам: беjбифoн, релаксатoр, транспoртер, пиjанo за бебе, пoдлoга за играње, креветче, гнездo... Не искoристивме мнoгу кoшара за играње
Сакам да те прашам во врска со шишето, дали цуцлата сама си капка кога ќе го обрнеш шишето или мора да повлече за да потече. Јас имам на Nuk и Tomme Tippee но многу бргу течат и од што е лакомка бргу цица и се собира многу млеко и се засркнува.Купив пред некој ден и на Baby Nova иста песна и со тоа шише е.
Ако го протресам капка, ако не не. Баш гледам многу се мачи да повлече бебето кога пие. Имам и chicco шише од тоа течи како лудо и мислам ќе се задави бебето.
Philips е мoетo не тече кoга ќе де преврти, педиjатар ми има кажанo дека така треба за да му е тешкo влечењетo.
Да и мене така педијатар ми кажа,дека само не треба да тече туку да влечи бебко.Сеуште не сум успеала да најдам таква цуцла.Тие што сум ги испробала сами си капкат.