Со другите две дечиња сме биле во заедница и одсвен креветче и количка не сум користела ништо друго , ми трубеа над глава нема место , нема да го користиш , нема да ти седи а ја лејка смотана па си ќутев и така израснаа децата , третово има до сега купено се и реално буквално се користиме , количка нормално користам со зимава поретко , транспортеторот го обожавам , релаксатор земавме на вибрации тоа не ми се погоди па го менував и земав како лулка со хранилка неможам да функционирам без него сега , игралната не е голема ама ја занимава , сега само лежи во неа ги фаќа играчките па ќе видиме понатака , од облека се буквално се износи ( купував селективно ) пумпата за измолзување и силиконските брадавици цело време ги користам , само уште инхалатор ми фали .....
Дефинитивно најискористена досега ми е подлогата за преслекување. Многу пати дневно се преслекуваме и ми е препрактична, не само затоа што не се наведнувам, туку и се ми стои на полиците на неа, па не морам да разнесувам работи низ собите, едноставно се е на едно место. Транспортерот ми е неопходен за во кола, воопшто не ми се допаѓа лежиштето, но секако ми користи. Алишта не купував многу на почеток и среќа бидејќи многу брзо ми ги одрасти малите броеви. Електричната пумпа ја искористив многу, без неа навистина не знам што ќе правев, меѓутоа сепак се купува по потреба. Релаксаторот засега воопшто не е ни отворен, си стои како што е купен, а најверојатно така и ќе остане. Гнездото можеби е практично, мене лично само ми смета и го преместувам лево десно, а и брзо го одрасти, го одврзавме долниот дел ама не ми се допаѓа. Според мене е добро да се има и безконтактен термометар бидејќи е поедноставен за употреба. Инхалаторот не ми е употребен и нека остане така, но сметам дека е добра инвестиција.
Најискористена работа: -подлога за пресоблекување -транспортер -креветче -седиште за во кола -хранилка -подлога за играње Најнеискористена работа: -релаксатор на вибрации -корпата како дел од количката -гнездо -лулашка во двор
Немам нешто што искористивме максимално, освен транспортерот и ранецот. Подлогите за пресоблекување што се купуваат од аптека ми се најдоа доста, бидејќи се шљака целиот кога кака. Месечинка што пее ми се наоѓа кога идам во вц за да му го одвлекува вниманието додека се вратам. Исто и подлогата за играње со висечки играчки. Од играчки, има една кола што пее и сама вози, кога се удри менува правец на движење и таа супер ми се наоѓа за занимации, ја следи како се движи. Перницата за доење не ми беше практична, само ја пробавме и така си остана. Од облека, капи, хулахопки ми се најнеискористени. Исто и кошули и фармерки, на поклон доби по два пара, ги немаме облечено ниеднаш. Патики исто, по еднаш му ги облеков. Оградицата за креветче до сега не ја ставивме, натаму кога ќе почне да седе во креветчето да си игра може да му ја ставам за да не се лупне во оградата. Кенгурот го пробавме, не ми беше практично да го носам во него и си стои во кутија. Тоа аспираторчето за влечење мрсули од носе не го искористивме, тешко ми иде влечењето и зарежав. Шишиња, цуцли, што јас купив, што поклони, пола се само отворени, пола не ги ни отворив.
Најнеискористени: -мрежа за во корито. Пишав и во друга тема, бебево во сред август се тресеше дур лежеше на мокра ладна мрежа. -количката, нејќе ни 10 минути да се вози во неа дечкото, искачаме со количка и набргу кенка за во раце; -релаксаторот, уште од новороденче покажуваше карактер, од 10 обиди за спуштање денот, по еднаш два пати ако седеше и тоа да има некој до него, макс 15 мин. Ова до 3ти месец и толку. -креветчето како место за спиење. Спиеше само еднаш. Буквално. Брка работа за играње преку ден и да го оставиш на безбедно, ама за таа цел ќе си купев игрална ем поефтина ем можеш да ја собереш, ова дрвеново кај ќе го извадам сега. -шишиња, цуцли, пумпа за одмолзување -Софи жирафата, не ја засака едноставно -од облека тренерки и чорапи. Најискористени: -вртелешката над креветчето. Знаеше да му држи внимание и по 40 мин. и секој ден и’ се радуваше ко прв пат да ја гледа. -бејби џимот -тетра пелени -од облека комплети боди со долен дел панталони и шпихозни/ромпери. За новороденче боди на предно копчање. -перницата за доење, ама не за доење туку ми беше ко потпора првите месеци кога спиеше само во раце. -топ работа ми е организер за пелени, сѐ на едно место, само си надополнувам залихи. -транспортерот е исто максимално искористен, како седиште за во кола, исто и првите месец, два се шетавме со него, по цееели 10-15 мин (среќа па корпа не купив ). Не дека го сака, зајдува во кола ама тоа му е, во вожња мора да седи. Ама па затоа и не одиме никаде освен на контроли .
Најнеискоростени: -Алиштата што се 50ките, не знам еднаш дали и се облечени некој ни еднаш се роди 51цм па не ни имаше кога да ги облече. Како и дуксери и елечиња не знам зошто и купив. -Релаксатор дури вчера ја ставив прв пат во него издржа 2 пати по 5 мин и уклучи сирената. - Транспортерот ни користеше само од болница за до дома. - Цуцли имам 3 пакувања така си седат нејке малата цуцла ( што до негде и ме радува кој ќе ја одвикнуваше после ), аспиратор за нос ( и да пробаш такво дерење немаш слушнато мислиш ја тепаш до зајдување, среќа па и реално нема потреба до сега од него), флашица-не знам ни зашто ја имам. -играчката околу креветчето- макс 3 мин и држи внимание. Најискористени -Гнездото (ако е на маса ) -Тетра пелени -Кебенца тенки -Шпикозни -Бодиња на предно закопчувње -Скафандер ма да научи еден и мн го сака и му се радува другите 3 стојат така имам еден не ја тргнав ни етикетата од него чека да е даден. -Количка - хеланки и фустанчиња -коритцето нормално секој ден се бањка и многу сака да се бања, магично се поминува кога се бања.
Најнеискористени: Оградици за креветче Мрежа за кадичка Гнездо Релаксатор на вибрации Вртелешка за креветче Кенгур Топлинки Дебели (термо) шпихозни Влажни марамици Цуцли со плосната форма Моч пелени Пудра за газе Чаршаф без ластик Најискористени Корпата од количката Вреќички за спиење Цврста подлога за пресоблекување Шумиш (MVP) Тетра пелени Стерилизатор Греач за шише Антиколик шишенца Bibs цуцли Релаксатор мамару (MVP) Растегливи бодиња Шпихозни со патент (MVP) Турпија за ноктиња (MVP) (Креветче, кадичка, пелени и подлоги за една употреба, козметика, бањарки, прекривки, чаршафчиња со ластик...) Вака е сега за сега, понатаму може ќе има промени. Има уште надеж за кенгурот и вртелешката
Најнеискористено: -релаксатор на батерии -количка Најискористено: -релаксатор за рачно лулање Рокер (што се прават понатаму во столче) -кенгур
Најкористени: Ние кенгур многу користиме, првиот до 9кг беше па купувавме уште еден до 12 кг. Ептен ни е практичен . Исто корпата од количката 5 месеци спиеше во неа денски. Гнездо додека беше помал и во креветчето му стоеше. Dr. BROWNS шишиња не спасија од грчеви. Релаксатор со вибрации клацлалка, секој ден го користиме. Цуцлу бибс и нип Бејби џим - подлога за играње Не користиме: Стерилизатор Пумпа за гради (немав млеко) Пудра за газе Транспортер ( брзо го надрасна и преминавме на седиште)
Баш ги приметив овие на Нип дека се ептен слични на Бибс во поглед на изглед, форма, материјали на изработка, а реално се дупло поевтини од Бибс. Веќе имам купено Бибс од најмалите, ама ме интересира за споредба пошто двата бренда си ги користела, дали приметуваш некоја разлика во квалитет или бебето како ги прифати?
Исто ги прифати без никаква разлика, сум ги давала најизменично. Бибс ми се покажаа полош квалитет, шкрипат кога ги цица после неколку месеци користења. Сега скоро скроз на нип се префрливме, уште по некое бибс заостанато користиме. Реално нип се пре ефтини и не ми е жал да ги фрлам почесто.
Во месец дена Искористени - транспортер - не само за во кола, и за прошетки и за низ дома кога сум сама и мора да завршам нешто низ куќа, бебе во транспортер и до мене. - транспортно креветче Неискористени - пумпа за млеко. Многу малку успевав да измолзам, а и брзо снемав млеко и се откажав Мој фаворит Омилено нешто за низ куќа. Се средено на едно место. Не барам кое кај е. Најчесто јас си го средувам детето меѓутоа на кој и да ја оставам знае дека сите нејзини работи се тука.
Овде мислев дека е најсоодветно да пишам што ви се видело како најмалче искористено што да не купам а што е корисно дс купам за 1 роденден подарок хах
Здраво мајки, дали е добра оваа рачна пумпа за измолзување? Ве молам за брз одговор, пред зегин сум се мислам дали да ја купам Ви благодарам
До 4 месеци. Генерално се' што имаме користиме ама еве ќе одвојам неколку работи. Најискористени: 1. корпа од количка - минимим две прошетки имаме, километражот ни е превртен, си заспива во неа, вреди за секој денар. 2. подлога за преслекување - ми стои врз биро и премногу ја користам, неколку пати што сме кај мајка ми на поседок ме нервира тоа преслекување на кревет и премачно ми е. 3. мрежа за корито - подарок ни е инаку немаше да ја купам бидејќи мислев дека е глупост ама удобно му е на бебето, си лежи, и да прета нема кај да бега, не може да се преврти. 4. Тетра пелени - практични, лесни за да ги носиш секаде со себе, вршат многу работа (да постелиш пред да легне бебето кај било, да ја покриеш количката/транспортерот, за широк повој, за доење во јавност, како прекривка во жешки денови...) Најнеискористено: Се' од облека освен боди и шпикозни, мечиња и козметика за пеленска регија (не се потпарува, мачкам само павловичева).