Искреност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 5 февруари 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Сметате ли дека постојат искрени луѓе,дали вие верувате во тоа,дали сте искрени спрема себе си,а потоа спрема другите.Ве повредил ли некогаш некој,или пак некој страшно ве иритирал,ве извадил,сто се вели од кожа.Но за да ја почуствувате искреноста,прво вие треба да сте искрени со некого.Денес сите се да речам со маски,една за на работа на пример,друга пред пријателите итн.Секогаш различно,но никогаш не природно,тоа што е природно,секогаш и секаде е исто,такво,какво што е,без преправање.Па ај нешто малце околу таа тема,затоа што сите знаеме,за животот,за тоа кој,како се се облекува и др.Па ете може и некој ваш пример да дадете.
     
  2. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    107
    Искреност?? Што беше тоа? Хех во тој поглед сум буквално разочарана од страна на сите.(освен од дечко ми,барем до сеа не сум го фатила ниеднаш да ме излаше или нешо слично.)Можам да кажам дека сум многу отворена и искрена личност и тоа што ми смета искрено го кажувам без разлика со кого говорам.Мислам нормално имам респект кон повозрасните и внимавам како им се обраќам во одредени ситуации али никогаш не сум лицемерна едноставно ме иритира органски незнам мразам лицемерни луѓе и многу ми е боље искрено да си кажам шо и како мислам (нема шо да кријам сепак тоа е тоа ... јас така мислам и тоа е мој став мое мислење.)Немам ниедна вистинска другарка на која можам онака буквално да и верувам бидејки од многу помала имав проблеми со другарките ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ПРОБЛЕМ (МАШКИТЕ),поради тоа што нивните дечковци мене ми се пуштаа на некој начин и тие мене ме обвинуваа.И измислуваа 300 глупости поради тие работи сум седела дома сум плачела мислејќи по цели ноки зашто?што сум згрешила?зашто баш јас?ке најдам ли некогаш некоја што е иста како мене?некоја што ке можам да ја сметам за сестра?итн.Најдов по некое време се дружев со девојчето 2 години и баш бевме она СЕСТРИ немаше нешто за кое не знаевме една за друга спиевме една кај друга,јадевме една кај друга стално бевме заедно.Но по некое време таа почна чудна да се однесува се и сметаше и нз стана неподнослива.(А тоа време јас се занимавав со манекенство ме имаше во многу весници одев на ревии зимав големи хонорари и неа тоа и сметаше незнам зашто :? Мислам јас би се радувала да знам дека мојата другарка доживеала некаков успех,И така почна да се понаша неподносливо секој што ќе ми се засвиѓаше она се трудеше по секоја цена да го придобие и коа немаше да и успее почнуваа двосмислените навредливи зборови .И јас неможев веќе и ставив КРАЈ на тоа другарство и до ден денес сите така наречени наши ТАЈНИ ги немам кажано на никој а она коа се скаравме мислам дека немаше негде каде шо не разгласи нешо што сум и кажала во доверба.Незнам многу сум разочарана од страна на Луѓето и искреноста.ВО ова време НЕМА ВЕЧНИ ПРИЈАТЕЛИ ТУКУ ИМА ВЕЧНИ ИНТЕРЕСИ И МНОГУ Е БОЛНО И ЖАЛНО АЛИ ТОА Е. ајде се надевам еден ден ќе се најде некоја што ќе ја цени искреноста и што ќе знае да биде вистински пријател бидејки човек без пријатели неможе да живее. позз :D ;)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    На оваа тема можам со денови и денови да зборувам. Исто како шуГарБејби, и јас сум таква, се в лице кажувам мразам лицемерија... ама секако дека не се сите такви. Искреноста во денешно време е ендемичен вид и ми се чини само во музеј ја има. Имам другарки, имам искуства со другарки кои ме изневериле, имам и искуства и со такви што не ме изневериле, но сепак не губам надеж во луѓето. Се надевам дека оние за кои мислам дека се луѓе нема да ме разочараат. А ако во краен случај сепак ме разочараат, здравје Боже, нека им служи на чест...
     
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    jas sum za iskrenost pred se..ako nekoj mi e mil,go sakam, se druzam so nego,a ako nekoja osoba ne mi se dopaga,voopsto nesakam da imam kontakt,a ne da se druzam so nejze a da ja ogovaram pozadi grb.nesakam da ogovaram,i ne prenesuvam toa sto mi e kazano vo doverba,ostanuva vo mene.e za samata sebe sto mi se desava,znam da bidam mnogu otvorena nekogas,so ne e ubavo,zasto kolku pomalku znaat lugeto za tebe,tolku podobro.jas sekogas koga zapoznavam nekogo poagam so pozitivna misla,prijatelski nastroena,no ne sekoj ti misli dobro...jas mislam deka treba da se bide iskren,pa makar i toa sto ke go kazeme,da ne e toa sto saka drugata osoba da go slusne podobro da se kaze surovata vistina otkolku blaga laga..dobro nekogas ima nekoi raboti sto mora da se skrijat ili prekutat neli ili da izlaze covek,ama ako e stvarno neophodno,zavisat golemi raboti od toa i nema drug izlez.ne postoi idealen covek sto nikogas vo zivotot ne izlazal.megutoa ne treba pak i da se laze bezpotreba,cisto zaradi zanimacija,od hobi sto bi se reklo.postojat luge sto lazat tolku mnogu,so toa im e sekojdenvno,i sami si veruvaat vo svoite lagi. :D
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Мразам неискреност и оговарање,често пати се соочувам со прашањето:o :worried:hock: :o не знаеш ти за ова-па нормално незнам, мразам кога зборувате зад грб.А што добиваме кога не сме искрени-НИШТО.Јас сум се нашла во ситуација да незнам нешто како да го соопштам ама ке си најдам обиколен пат и сепак ќе ја кажам целта.Ама да не бидам искрена само си правам луѓето да имаат погрешно мислење за мене.МАкар што на денешницава тоа е ретка доблест.Искреност молам,па колку и да боли!Лагите само се заплеткуваат!
    А луѓето кои многу ме повредиле,не ги ни гледам макар и да ми се пред нос.Барем јас сум искрена со нив-не ги сакам!
     
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    да бидеме реални....искреност не постои....кој и да е, барем еднаш во животот не бил искрен....и оние на кои им верувате премногу можат во даден момент да ве за*бат и тоа гадно :? секој на прво место го става сопствениот интерес, така било и така ќе биде и понатака....според мене е најбитно да бидеш искрен кон себеси, а кон другите е убаво да си искрен но е просто невозможно во ова време, зошто луѓето не ја ценат искреноста...многу пати до сега така се имам зафркнато односно сум била искрена кон луѓето, но тие воопшто не знаат да го ценат тоа, а што е најтрагично не го ни сваќаат...и на крајот јас сум ОНАА ЛОШАТА - а тие се жртвите.....всушност ме повредиле но МОЖАМ јас уште многу да истрпам неможат така лесно да ме уништат :)
    во секој случај ИСКРЕНОСТА Е ДОБЛЕСТ КОЈА НЕМОЖЕ СЕКОЈ ДА ЈА ПОСЕДУВА.....а луѓето не се секогаш подготвени да ја примат и возвратат на вашата искреност....многумина преферираат да чујат лага која им одговара итколку вистина :mrgreen:
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Се трудам да бидам искрена колку можам,барем ако не останатите да не ги лажам моите најблиски бидејќи тие ми се се во животот и не заслужуваат да им ја говорам не вистината.Лажам само на училиште и тоа ретко ептен некогаш кога ми е потребно.Мразам кога некој ме лаже,а ме гледа право во очи и што е најстрашно мисли дека му верувам.Имав порано и една таква другарка.Најпрвин почна да ме лаже за мали нешта,а потоа почнуваше и да измислува работи,но ставив крај на таквото пријателство бидејќи две другарки неможат да комуницираат кога не ја говорат вистината помежу себе.
     
  8. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    26
    Денеска баш се ретки искрените луѓе,а навистина незнам зошто.Сакам и мислам дека сум искрена,а нема да речам дека не сум излажала некогаш или сум заобиколила ама тоа сигурно било нашколо или некои за мене незначајни луѓе.Моите најискрени другарки,кои ги имам многу малку и немам можност да се до мене секогаш секогаш ме караа за тоа дека сум многу искрена со луѓето.Мислам дека сега малку се поправив.А сум имала многу такви кои сакале да ме повредат,а ми се правеле пред мене дека се мед и млеко,добри вили,ама јас сум ти тврд орев па само слободно нека пробаат пак.Ги сакам луѓето,и сакам да верувам дека се добри,а свесна сум дека лицемерноста и злобата се многу распостранети.Ако некој не ми одговара за дружење нема да се дружам,нема тука филозофија.Немам потреба да мразам никого.Нема потреба да навредувам никого,секое недоразбирање може да се реши на културен начин.Е сега блаканци сме,па не дека во себе не сум опцула некого или нарекла со погрдно име :?
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Не можеш пред сите да си искрен. Понекогаш и самите не знаеме што сакаме па несвесно лажеме. За лицемерие.. сите сме.. не сме дволични, туку столични. Поинакви сме кога сме на состанок со потенцијалниот дечко, поинакви сме на интервју на работа, поинакви сме со семејството, поинакви сме со (не)блиските пријатели. За да опстанеш мораш и тоа да го примениш.
    Ме излажале ама со ситни бели лаги, преку кои лесно може да се премине. Во принцип не лажам, но знам да прикривам одговори.. типичен пример: не можам се да им кажам на родителите. :roll:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.807
    Тоа за што ти зборуваш се всушност различните улоги кои секој човек ги игра во животот. Улога на ќерка, на девојка на ученичка и така натаму, но тоа не е лицемерие или неискреност. Нормално дека секој се однесува поинаку во дадена ситуација. За искреноста се знае што е. Ја кажуваш вистината или не. Искрен си или не си.
    Јас ретко лажам, а и ако излажам одма се познавам, бидејќи инстантно поцрвенувам. А и неискреноста е особина која најмногу ја мразам кај луѓето и избегнувам такви луѓе.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денеска баш и не постојат искрени луѓе, постојат луѓе кои што се реални и ја кажуваат вистината, но не секогаш , зашто навистина не е убаво секогаш да си искрен.
    Јас кон себе секогаш сум искрена , ако се лажам самата како ќе ми веруваат другите?! Инаку ако несум искрена кон себе нема да видам некоја грешка што сум ја направила и нема да можам да ја поправам.Кон другите сега викам дека не постојат искрени луѓе, но тие постојат , но се многу ретки, лично сум реална и ја кажувам вистината освен кога ќе мора да се извлечам во некоја ситуација , па ќе мора да ја заобиколам вистината,МРАЗАМ лажење и несакам да ме лажат, ама и неможат кога ме лаже некој одма знам дека ме лаже(сеќавам по погледот , и по движењето на телото или ми е нелогично тоа што го кажува). А, за маските , еден ден на сите ќе им паднат , зашто маската неможе цело време да ти стои, кога тогаш ВИСТИНАТА пак ќе се дознае, денес се се врти околу тоа ИСКРЕНОСТ, ЛАГА затоа бидете искрени прво кон самите себе, па потоа кон другите и не дозволувајте да ве лажат. :tmi: ;) :)
     
  12. FuriousBaby

    FuriousBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Нема човек кој ниеднаш во неговиот живот не излажал за нешто па макар и за најмала ситница ;) јас гледам тие ситници да бидат во најмала можна мера. Секогаш сум искрена, не правам лице на никого, кажувам се во фаца и многу ме нервираат луѓе кои не сакаат да прифатат критика... :@ Сепак, некои критики се кажани со намера да помогнат да се смени нешто, а не да се суди на некого ;)
     
  13. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    Искреноста е скап подарок...не го очекувај од евтини луѓе!!!
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    :y: :clap:
     
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    :clap: :clap:
    Точно,
    Јас искреност ценам повеќе од се. Ако си искрен со мене повеќе ќе те почитувам отколку да ми збориш зад грб а пред мене :x
     
  16. DesertRose

    DesertRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Некако се повеќе ми станува зборот ИСКРЕН/ИСКРЕНОСТ непознат! Толку лицемерие владее што просто искреноста почна да се губи во самото тоа лицемерие и озборување...... :( Многу тешко да се најде некој искрен човек..навистина... :(
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Се сложувам со Дезерт роуз..Искреноста стана скапоцен раритет денес во ова кризно време во кое вредностите на животот се губат се повеќе...
     
  18. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    :x :x ајде искрени луѓе да си направиме еден наш свет :worried:
    полека бе луѓе, искрена сум, во животот за ништо немам излажано,искреноста е дел од мене.
    но не ми сметаат неискрените, секој за себе. можеби нив поубаво му е кога нешто ќе излажат, така си замислиле.
    не се замарам со таквите луѓе тие си одлучуваат за својот живот. ;)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.540
    Јас еве како искрена ќе ти кажам дека моето мислење во Сакам да кажам, се однесува на тебе.
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    :rofl: