Премногу сум искрена што некогаш искреноста си ја сметам како маана, во 21 век тешко е да бидете искрен човек од аспект што си мислат дека сте будала.. Но не би сакала да имам грижа на совеста и во мојот живот по мои правила се живее само искрено доколку не сакам да повредам некој подобро ќе премолчам но нема да излажам не велам дека никогаш не сум излагала но се трудам да не лажам, се водам по тоа дека на лагата и се кратки нозете што и навистина е така.. Ништо не останало скриено
Што добивам ако лажам, цел живот во маки и лаи,пајажина да плетам околу мене???? НЕ фала, но мене искреноста ми е нешто најубаво и најпочитувано.Подобро на некого и да не му се свиѓа моето искрено мислење,отколку лице да правам.
Искреност. Ретко кој е потполно искрен.Ниту оние кои бараат бескрајна искреност и тврдат дека се кажуваат во лице не се искрени.Сите лажеме по малку,сите прикриваме некои работи по малку,таква е реалноста.Ретко кој е без влакна на јазикот. Понекогаш потполната искреност е малку незгодна работа.Не можеме на пример се што мислиме да лупнуваме во фаца затоа што некогаш тоа знае да биде навредливо и може да повреди нечии чувства. Сум за искреност но не претерана.Сепак некои работи треба да задржиме за себе.
За искреноста, ќе кажам само една реченица - Сите бараат искреност во лице, а кога ќе им ја кажеш се лутат!
Искреност, денеска искреноста ќе ја најдеш исто како да бараш скриено камче во песок. Ја има, но е многу ретка, ако ја имате гледајте да ја зачувате. Има искрени луѓе и гледајте да ги задржите блиску до вас.
јас мислам дека светот денес е расипан и искреноста не се цени,премногу сум искрена и изгубив многу луге поради тоа,а да бидам поинаква незнам и мислам дека тој што е искрен најчесто и пати за жал
Искрена сум секогаш и кога некој е искрен со мене а е лошо на некој начин.. не се лутам или навредувам напротив го ценам што е искрен и гледам каде грешам. Секогаш кажувам што мислам тоа е посилно од мене дури си велам сама некогаш „Нели знаеш да премолчиш некогаш“
Искреноста според мене е меч со две острици. Колку што е добра, толку може да биде и ужасна. Зборувам од лично искуство. Понекогаш е навистина подобро да си премолчиме.
Јас сум искрен човек..се кажувам во фаца шо дури некад ми е криво што сум таква...Мислам дека постојат искрени луѓе од причина што сум јас искрена..Иначе да ептен ги МРЗАМ тие шо ти се праат фини у фаца,а едвај чекаат да заминеш за да можат да те ИЗОГОВАРАААТ,ИЗОГООВАРААТ да ПУКНАТ од оговарање .. Од секогаш сум се чудела и до ден денес....КАКО ПОСТОЈАТ ТАКВИ НЕИСКРЕНИ ЛУЃЕ
Искрена сум, да, и тоа многу... енда од причините е тоа што јазикот ми е побрз од паметот и се што мислам кажувам. ВО тој случај неможеш да излажеш, не ни мислиш дали треба да излажеш или да ја кажеш вистината.. таа сама излетува од уста. И да вистина е дека некои луѓе ја бараат вистината а кога ке ја слушнат се лутат. И јас бев таква порано но научив да живеам со вистината и ми стана многу драга па дури и да е сурова. Глупаво е, многу е глупаво кога бараш комплимент од некој и кога тој ке рече не е убаво не требало вака не требало така се лутиме... треба да ја сакаме вистината каква и да е затоа што во секој случај таа е подобра од лагата. Зашто да се лажеме само за да утешиме некој? За мене тоа не е добро, тоа е како да и збориш зад грб а и се правиш најдобра другарка -.- Ретко кој е искреен, но не ме интересира јас секогаш ке бидам на страната на вистината без разлика дали тоа им се допаѓа на лугето околу мене или не !!
искрена сум да, најчесто поради тоа луѓето ми зборат дека сум многу дрска -.- не сум дрска, искрена сум..
Јас сум искрен човек.Се што мислам за некого му го кажувам во лице и крај.Како што сум јас искрена така сакам и со мене да бидат било кои искрени,но во денешно време тоа е малку потешко :\
Тешко опстанува овој народ на денешно време, сите се толку изопачени извештачени и лицемерни што ако си искрен нема шанси да не бидеш осудуван мразен и оговаран, оти нели.. вистината боли. Е не можам бре да глумам шлакната со мокар чорап и да се смешкам некому шо иначе органски не го варам! Тоа што го мислам тоа го кажувам, од мала сум била таква и дома и ден денес ми рендаат мозок дека сум морала да се менам. Барам правда, а никаде ја нема, за жал, крив ми е знакот од кај вага па и дупла. Потипичен претставник на овој знак.. здравје! И не, не планирам да се менам, би експлодирала кога би морала да глумам лудило!
Секогаш сум искрена со секого, му кажувам во лице за облека..за некоја погрешна постапка, мада и на мене ми кажуваат али го прифаќам тоа како помош и се обидувам да го променам... Искрена да, а дали ќе повредам некого незнам, али подобро искреност во лице без разлика колку и да е лошо отколку лице да правам.. тоа не.!
Признавам дека не сум секогаш искрена . Не да лажам, но едноставно или премолчувам или коментирам, но сепак нешто добро. Понекогаш е потребно мислење за нешто, кое навистина може и да да го повреди другиот од самиот одговор. Тогаш сум навистина не искрена. Не сакам да ја гледам таа тага на нечие лице, се поставувам на негово место и соочувствувам, како би ми било мене, тоа да ми се случи. Затоа или не одговарам и го заобиколувам прашањето или давам сепак добар одговор (иако тоа не изгледа така), за само да не го повредам. Само тогаш не сум искрена . Додека за другите работи, е тоа ми е една голема мана. Се отворам премногу и сум преискрена за се. Дури и би ги кажала и нешто што е најинтимно .
мразам коага некој кје рече кажи што мислиш искрено за мене.Добро им кажувам ,после се љутат за мојот одговро упатен кон нив.Па што сакате бе вие ?Првин барате искреност па после се љутите,епа неможе така!Спремете се за се!Па после прашувајте такви ствари! Ја моето си го реков па се љутете се вие и размислувајте колку сакате!!Најмногу ама баш најмногу го мразам тоа! а за искреноста секојдневно,хмм да ви кажам не ја користам во сите ситуации.Затоа што кога да им кажеш нешто искрено одма те навредуваат,ти враќаат,се љутат,не ти зборат со денови и уште мн др работи! Искреноста како поим ја го разбирам да ми кажеш што ти смета кај мене,па да се поправам па нашата врска(као дригарки или неш др) да се зацрвсти,да стане посилна!! Подобро е да бидеш искрен,алии као што напоменав погоре кје се љутат дее Искрено јас сум многу разочарана од страна на поекје луѓе.. Толку годинии криеја од мене..Толку години..И да не ми кажат..алал да им е.. После толку години...Нашето приајтелство со само една случка и лажење заврши.. Колку сакам да бидеме повторно другарки.. Тоа бев ЈАС и мојата ИСКРЕНОСТ!