Искрена сум и очекувам за возврат иста искреност од луѓето кон мене. Ако видам реципроцитет, продолжувам така. Ако не, почнувам да ја играм нивната игра па да видат како е.
Искреноста мислам дека денеска е многу ретка некои луѓе најпрвин бараат искреност од тебе а потоа се лутат се трудам секогаш да сум искрена најубаво ми е така
Исрекна сум и си ја сакам таа особина, им кажувам на лугето се што мислам и полесно ми е...Несакам лицемерие и лаги
Абе сите сме ние искрени и сакаме искреност, а штом некој нешто ни плесне во лице, одма избувнуваме. Премногу ги ценам искрените луѓе, сакам се да ми кажат во лице, без разлика дали е позитивно или негативно. Многумина знаат да претераат со таа нивна „искреност“ и те навредуваат, така што се кријат зад тоа како биле само искрени. Ретки се луѓето кои се навистина искрени, затоа се толку ценети. Себеси се сметам за делумно искрена личност. Никогаш не би рекла дека сум тотално искрена, зошто секој од нас понекогаш помислил едно, а рекол друго, премолчил за нешто, иако би требало да го каже. Не целосно спаѓам во категоријата на искрени луѓе, но доволно за да речам дека тоа колку што сум ме сместува во категорија на добри луѓе, наместо искрени. Искрено ваша, чоклејт чик
Искрена личноста сум и си ја сакам таа особина, им кажувам на лугето се што мислам и полесно ми е а не сакам лицемерие,лаги,навредуваат сл. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ..
Мразам неискреност, таа неискреност често пати знае многу да повреди па затоа не ја практикувам се што мислам кажувам в лице, тоа што несакам да ми го прават не им го правам..Во денешно време ретки се тие личности кои ја поседуваат оваа особина и баш тие личности ми се многу одбивни
Јас сум искрена личност и си ја сакам таа особина Кога имам на некого нешто да кажам тоа искрено го кажувам во лице А мразам кога некој е неискрен
...на темава имам два одговора( во зависност од тоа како е сватена)... ...едниот се однесува за неискреноста на места од јавен театрален карактер како што се форуми чатови, каде што се извинувам за неискреноста, мегутоа и местото е такво... ...другиот се однесува на мојот карактер во живо кога можам да го видам соговорникот низ конверзација во 4 очи... се трудам да сум што е поможно по искрен( затоа што некои работи треба да се преќутат, односно све да се шљапа пред некој не иде-сепак мора да се однесуваме соодветно)...
Се трудам колку што можам да бидам искрена кон луѓето и тоа ми значи, бидејќи сакам и луѓето исто така да бидат искрени кон мене, како што јас сум искрена кон нив.
Подобро болна искреност,него убава лага,и јас сум искрен,порано очекував истото од луѓето но увидов дека тоа ретко го добивам,без разлика на све ке си бидам и понатака искрен.
Толку многу сум искрена и се кажувам во лице да понекогаш се чудам како некој не ме натепал!!! Но, некогаш кога така наложуваат околностите и ситуацијата знам да бидам и добар политичар!!! За жал околу мене гледам само дволични луѓе!!! Искрените се се помалку, но сепак да бидеме реални - да се биде искрен во денешно време е еднакво на самоуништување!!!
Се трудам да бидам секогаш искрена.Секогаш сакам да ја кажам или да ми ја кажат вистината,без разлика дали таа би ме повредила.Нема апсолутно никаква потреба од скривање на вистината,порано или подоцна сѐ би се дознало.Ги ценам искрените луѓе,а оние кои ме лажат не ги сметам за човечки суштества.
Да јас за се сум искрена и кажувам вистини, нема после лутење што не си ми кажала заради тебе е ова, ама очекувам и искреност малку и према мене, од друга страна што да бидам искрена кога другите не се искрени со мене. Сум се прашувала на ова???
Сестра ми беше брутално искрена со мене, ми плесна во фаца многу работи кои на некој начин ме повредија, но тоа сепак е вистината, затоа го ценев тоа што ми го кажа. Затоа и денес ја ценам вистината колку и да боли. Но не боли толку колку лагата. И ми иде да ги изгушкам сите тие искрени луѓе што се, ама баш се си кажуваат. Најмногу ги сакам таквите. А јас сум делумно искрен човек. Некогаш премолчувам некои работи за да не ја ставам во незгодна ситуација другата личност или пак некои вистини едноставно не ми излегуваат од уста иако сакам да ги кажам. Но еден ден ќе се отворам ко средношколец во петок и има се да почнам да кажувам. Освен лични работи.
Бев премногу искрена личност, мислев дека е тоа најголемата услуга што можам да ти ја направам. Сеуште мислам така. Ама откако ја изгубив најдобрата другарка затоа што и го кажав во лице тоа што другите и го збореа зад грб, богами и се замислив. Не сите луѓе сакаат да ја слушнат вистината. Некои само сакаат да им го потврдиш она во што тие сакаат да веруваат. Во спротивно ако бидеш искрен, тогаш ти им љубомориш на успехот, на лепотата, на парите на било што. Тогаш тебе ќе те окарактезираат како лошиот-лошата, не како искрениот-искрената. Е сега, ако од мене побараат да им ја кажам вистината, искрена сум, колку и тоа да звучи цинички или да боли. Обично другарките знаат кога не сум искрена и им кажувам нешто за да не ги повредам, па си ја бараат целата вистина
Искреност во реалниов живот нема па на форум ќе ја има. Доминира лицемерие.(За почит се понекоi исклучоci и во реалност и на форумов). Ама кој да ти каже....
Искрена личност сум. Секогаш сакам да ја кажувам вистина без разлика дали боли или не. Подобро да боли отколку да лажам, па на крајот да боли повеќе.