Искреноста е доблест, ја ценам посебно. Настојувам да бидам секогаш искрена, додека не се појават оправдани причини за спротивното и во онаа мера во која дозволува ситуацијата и условите. Не секогаш луѓето ја заслужуваат и ценат, па со тек на времето, од искуство учиме и сме принудени, понекогаш да бидеме и воздржани.
Во блиска иднина не би била со никого искрена, поточно за работи кои сум ги разговарала и сум очекувала да бидам сфатена. Можам само да разговарам за рандом теми, но не и повеќе од тоа. Луѓето се страшни копилиња и тоа го искусив повеќепати. Битно е што сум си искрена самата на себе.
Искреност, да, секако, ама дипломатично, со вистински зборови, во вистинско време, и соодветно на личноста кон која сте искрени.
Искрените се најнезависни. Лицемерните се робови на стравот, страв од rejection, страв од губење на нешто, едноставно не може да си дозволат да бидат искрени.