1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искривени вредности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 14 јануари 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Дали сметате дека живееме во општество со искривени вредности? Имам чувство дека луѓето во денешно време се фалат со се што некогаш било срамота, се фалат со некултура, со лошо однесување. Младите не почитуваат постари, не персираат, не стануваат во автобус на постари луѓе. Што вие мислите?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вредностите, вистинските вредности, денес повеќе се ценат затоа што ретко ги има и кога ќе ги сретнеме низ денешново испревртено општество ги цениме и тоа како. Има некои што се фалат со своја некултура, нечесност, манипулирање и не знам ти што друго, од таквите спас нема. Но не се изумрен вид оние добродушни, љубезни, внимателни, скромни, луѓе со осет и со почит. Тие се како херои на денешното време.
     
    На Anabelle206, eloves, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Сите курви, мамо, се мажија,
    Најубави момци зедоа;
    А јас најмалата, најубава мома,
    Си останав, мамо, без к'смет.
     
    На <Глуварче>, Adi888, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Баш тие неколку постари луѓе што најмногу ги почитувам, не ги персирам. Персирањето не е единствен начин да се покаже почит.

    Бранејќи некои честопати погрешни вредности, правиме уште поголема штета.
     
    На tirkenbal, Nigredo Odor, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Професионално мислам дека е некултурно на луѓе кои се на некоја позиција и се 30 години постари да им се обраќаме на ти.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Зависи од односот. Секако дека некој што првпат го гледам би го персирала. :)
     
    На eloves, Ketchup, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Често ги наслушнувам мајка ми и баба ми кога зборуваат за младината и како тоа не почитуваат ништо, ние младите сите сме биле невоспитани, често рамнодушни и ладнокрвни суштества. Си мислам некогаш да им кажам дека веќе светот е променет во целост од кога они биле тинејџери.

    Како прво, почитта кон родителите е сосем поинаква во денешно време од што била тогаш. Нив тоа им најмногу смета, тогаш родителите ти наредувале кој пат да го бираш низ животот, тие ги насочувале. А сега нас не оставаат сами да ги правиме тие одлуки, што мислам дека е баш разумно само поради тоа што на тој начин личноста се изградува како индивидуа. Во нивно време најлошо и најдраматично нешто што можело да се случе е детето да го нарече родителот со некој погрден збор, денес тоа е секојдневие и веќе не е ни чудно.
    Исто, културата на младите и соодносот со другите постари е навистина на 0, се нема никаква почит кон другите, нема емпатија кон другите, претворени сме во рамнодушни личности и тоа не ни смета. Е сега станувањето во автобус на постари е нешто сосем друго, битен фактор ама не до толку како се она друго. Но сепак, од малите работи се покажува воспитанието што го имаме и културата.
     
    На eloves, LaraSolare, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Koga pa vo svetot preovladuvale vistinski vrednosti?
    Ne smetam deka zhiveam vo vreme na nekoi osobeno iskriveni vrednosti, smetam deka zhiveam vo vreme koga se e dozvoleno i pagjaat maski.
     
    Последна измена: 14 јануари 2016
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Никако не можам да се согласам дека "денес" младите не ги почитуваат постарите и дека тоа е некакво си новонастанато однесување. И на времето имало некултурна младина, ја има и денес.
    Персирањето не треба да биде претерано, но не значи дека и треба да се обраќаш со "ти". Има и поинакви начини да искажеш почит кон повозрасен човек.

    Што се однесува до станувањето во автобус на постари луѓе, оние од Скопје кои секој ден патуваат можат да потврдат колку безобразни пензионери има. Градскиот превоз го користат за играње шах и тепање време, додека за друга, помлада личност тие 20 - 30 минути се единствена пауза во текот на целиот ден.
     
    На tirkenbal, babyblond, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Постојат и луѓе со вистински вредности, но се ретки. Сепак оние луѓе кои ги познаваме лично, треба да ги гледаме како поединци, а не како група и заеднички на сите да судиме. Ете се збори како денес младите се некултурни, невоспитани, брзаат за се во животот и ред други работи. Се согласувам до негде, познавам мои врсници кои се такви. Сепак ме нервира кога мене некој во лице тоа ми го кажува, притоа ме става во исти кош со нив, само затоа што некој што направил некоја глупост е мој врсник.
    И не мора секогаш возраста да се поистоветува со почитта. Точно дека на некој што не го познавам ќе му персирам, исто така и на постар, но и тоа има граница. Зборувам за постари луѓе кои ги познавам. Почитта секогаш треба да биде заслужена, без разлика на годините. Еден повозрасен има право на авторитет врз мене, но границата на тој авторитет се вика достоинство што секој поединец го има, без оглед кој е и што е. Сум била неколку пати навредена и понижена од повозрасни луѓе за кои сум мислела дека се луѓе за почит и дека можам да им верувам. Притоа тие мислеле дека знаат се, и дека мојата наивност и возраст им даваат право да ме навредуваат, без да си ја знаат границата на својот авторитет.
    Но не е само до таквите луѓе, туку и до нас како ќе им возвратиме. Дали со иста мера, па да сфатат како е, или да ги игнорираме и да оставиме самите да сфатат со тек на време, затоа што со нивните искривени вредности еден ден самите ќе се понижат.
    Но ако некој застане против мене и ми го навреди достоинството, тогаш навистина не гледам кој стои спроти мене. Се знае, повозрасен е, но ако сака почит нека биде пример за мене и нека ја заслужи таа почит што ја бара.
     
    На mila1111, eloves, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Женски
    Искривените вредности почнуваат со нас самите. Никој не ни е крив, на некој начин во крвта ни е. Секако тука 95 % ќе се пожалат дека во светов има искривени вредности исто како што тие луѓе кажуваат дека нема другарство ,нема љубов, сите се расипани и слично. Значит тие 5 % ни го уништуваат светов? :shake:
     
    На eloves, theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дали стварно во време кога секој кој стигне лаже без око да му трепне, кога дадениот збор нема никаква вредност, кога за успешен човек или бизнисмен се смета оној кој успеал да украде, а да не го фатат, ќе речеме дека за искривените вредности се криви децата и младите кои на стари луѓе им се обраќаат на „ти“ или не им стануваат во автобус? Seriously?

    Не би рекол дека луѓето се толку многу поискварени денес отколку некогаш, туку дека во денешно време многу повеќе работи се општествено прифатливи (односно, се толерираат) или на нив се гледа поблагонаклоно, па сега повеќе не мораат да се кријат и преправаат.

    Ако некогаш ветувањето и дадениот збор беа исто толку обрзувачки како и пишан договор, во денешно време дури и пишаното не е никаква гаранција. Ако лажењето и мамењето некогаш не носеле само законски последици, туку и морална осуда, денес неретко се поминува без никакви последици. За крадењето па и да не зборувам. Денес важи златното правило – се е дозволено, само доколку не те фатат. А понекогаш, дури и тогаш. Ама, кој е виновен за ова? Децата и младите? Please, people.

    За искривувањето на вредностите (ако такво нешто воопшто постои) виновни се само возрасните и постарите, никој друг. Во една друга тема пишав нешто за ова, но ќе се повторам – децата се одраз на сопствените родители. Ако детето е невоспитано, некултурно, нељубезно, бескрупулозно и сл., за тоа повторно се виновни родителите, само родителите и никој друг.

    Некој ќе рече – ама такви времиња дојдоа, средината влијае, општеството... Е арно де – а таа средина, тоа општество, кој го прави, сочинува и раководи со него? – Повторно, возрасните луѓе, односно родителите на тие деца од кои сите се жалите. Така да, како и да ја вртиме работава, некој друг е крив, а не децата.

    И стварно не ми се јасни луѓето кои со носталгија во очите се сеќаваат на старите „добри“ времиња, кога постарите се слушаа без поговор и почитуваа по секоја цена. Што ви е бе, луѓе? Дали стварно ви фалат времињата кога се живееше во „племенски“ заедници, во кои најстариот машки член го имаше првиот и последниот збор и мораше да се слуша, без оглед на тоа колку и да не е во право или колку и да е излапен?

    Да не се сфатиме погрешно – сметам дека секој човек, без разлика дали е стар или млад, заслужува со него да се однесуваме на некое одредено ниво, културно и достоинствено. Но, за мене тоа е основна култура на комуницирање и домашно воспитание. Но, почитувањето е нешто сосема друго – зборувам за вистинска почит кон одредена личност. И јас сум од оние кои мислат дека почитта треба да се заслужи – без разлика за кој се работи – помлад, постар, роднина или родител, односно дека не е нешто што доаѓа по дифолт или со годините.

    Да кажам и нешто за фамозното станување по автобуси на постари лица, за кое гледам дека многумина се фатиле, како да е некаква фатална маана на нашево друштво и главен извор на сите наши проблеми, маки и несреќи – тоа е лично право на секој (млад) човек, одраз на неговата култура и воспитание и во крајна линија, негова добра волја и лично право. Од друга страна, одраз на културата на секој постар човек е откако некој ќе му го отстапи местото да го прифати тоа (или не) и да се заблагодари во секој случај, но не и да бара од некого да му го отстапи местото, како тоа да е негово право. Старите кои бараат по секоја цена некој да им стане, даваат несоодветни коментари или се расправаат се многу понекултурни од децата кои од некоја причина одлучиле да не им го понудат своето место.
     
    На mila1111, tirkenbal, NovusOrdoSeclorum и 17 други им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Општата ситуација за човечките вредности во општеството е одраз на културно-воспитната компонентна на поединецот зад која стои начинот на воспоставување и одржување на семејните односи.
    Тоа што некогаш беше забрането и казниво денес има повидлива димензија на распространетост и претставува потешко прифатлива појава која се коментира со резерва на толерантност.
    Начинот на комуникации треба да биде културен без оглед на возраста затоа што тоа создава слика за нашето воспитување.
    Почитувањето е дискутабилна вредност кое може да биде помалку или повеќе изразено во различни ситуации, но не и сфатено во негативна конотација кога станува збор за отстапување на место на постарите лица во патниот превоз. Лично, не сум поборник на таа парола и ја применувам селективно (лица со посебни потреби и бремени жени), а и не мислам дека некој има искривени вредности на однесување ако не го отстапи местото. Напротив, инсистирањето и нападноста на оние што без право навалуваат да седнат е бескрупулозно однесување кое не го слушам иако го слушам.
    Ако некој има право на личен избор, другиот има право на своја волја.
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Точно дека има многу напорни стари луѓе кои се буткаат да влезат во автобус и кога ќе видат дека нема место викаат „Ајде стани ми , млад си мене нозе ме болат“. Но, има и млади луѓе и човек стар стои до нив ќе падне, а тие осет немаат да станат.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Многу често, во ова време со малку подзаборавени вредности, со секакви луѓе околу нас, кога сите имаат слобода да се однесуваат како сакаат и често со лажење, манипулирање и глумење се постигнува повеќе отколку да си искрен кон себеси и чесен, ќе се запрашаш дали вреди да постапуваш секогаш правилно кога многупати во дадена ситуација изгледа како погрешен избор па и многу потежок. И така веќе осудите немаат значење, и така секој си гледа за лична корист, па што кошта малку да скривнеш од патот, да ставиш една сопка или две во твоја корист и слично.
    Како мине време гледам дека на подолг рок, личен интегритет се исплаќа, и тоа многу. Достоинството што го имаш према себе ќе го зацврсти твојот карактер и ќе го задржи твојот ум бистар. Што и да дојде и пројде, твоето име, образ, тоа што реално си ти -останува. Не што другите мислат за тебе, не твојот успех, пари, моќ, туку она што ти реално си. Низ целиот живот треба да живееш првенствено сам со себе, а ако се запрашаме со каква личност би сакале да живееме цел живот, имаме одговор на тоа какви треба да бидеме.
     
    На LivingGlam, eloves, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    [​IMG]


    Првава има 48.3 милиони следачи, вторава 336 000.
    Ко што за Америка е битно кога Кајли јадела, серела и дали ставила филер во устата или шмукала чаши, така тука е битно дали дечко и на Цеца може да и биде дечко на Анастасија за која патем нашироко се водат дискусии колку илјади евра и коштале фустаните и штиклите.

    Тривијалноста е длабоко навлезена во сите пори на општеството, сега повеќе од кога и да било, преку различни медиуми, особено социјални мрежи кои постојано ги "консумираме".
    Да, сите сакаме да веруваме дека сме посебни убави цветчиња, елоквентни, културни, ама реално самокритичноста многу не јаде и треба да си признаеме дека имаме да работиме многу на себе за да покажуваме прст кон другите.
     
    На Lella, <Глуварче>, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Зошто пишувате огромни постови кога со една реченица можете да кажете многу работи.
    Модерно време,нова технологија,напредна индустрија.
    Денес моралните вредности се поретко ги има,никој никого не почитува,луѓето се морбидни,бедни,се хранат од туѓата несреќа.
    Кај што има коњ има и прашина.
     
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со мислењево на Бендер погоре. Не знам кога вредностите биле прави, за сега да бидат искривени.

    Од почетокот на човештвото, ако почнеме да ги анализираме вредностите кои луѓето ги оформувале, во секоја заедница, во секое општество ќе најдеме многу недостатоци и недоследности и ќе заклучиме дека секогаш имало манипуланти и гадови, само некои се извлекувале како што е тоа и денес, а некои останувале без глава или завршувале на бесилка.

    Не знам ни дали човекот, таков каков што е со својата природа, би можел да создаде систем на вредности кои ќе бидат исправни и да не застрани од нив... Бидејќи во природата на луѓето е да си ги прилагодуваат сите работи на своите интереси.

    Порано вредностите можеби биле поискривени отколку денес, меѓутоа, да, општеството било понетолерантно, покруто, повеќе казнувало... Денес, се' изгледа и делува нормално, како што реков - човекот се' има приспособено на своите интереси, па и се' е така подредено, во случај да се најде во некоја ситуација, тоа да биде нормално и да може дотичниот да куртули колку е можно полесно.

    А ова подобро не можело да биде срочено:

    Тоа е исто како прашањето кој е постар - дали кокошката или јајцето...
     
    На <Глуварче>, Nigredo Odor, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Оставивме на тебе да го направиш тоа. ;)

    Додуша, не е една, туку две реченици, ама мислам дека после нив стварно све е кажано на темава - може комотно да се заклучи за нови мислења. :party:
     
    На Nigredo Odor, crimson, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    ^Јас зс вас напишав, не за мене.Сите пишувате слични работи.
    Сметам дека 80% од човешството е проста маса без чувство за своевидни вредности.Денес старо се бутка,младо се величува.Ако како мал не се научиш на општа култура,убави манири и морални вредности џабе ти е.