Искривени вредности

Discussion in 'Општи дискусии' started by Tanjamm, Jan 14, 2016.

  1. Artista

    Artista Истакнат член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    274
    Likes Received:
    697
    Gender:
    Male
    Форумот е полн со Social Justice Warriors, а се обложувам дека во реалниот живот се тотална спротивност од тоа што тука се претставуваат.

    Најголем проблем на денешната младина е телевизијата, интернетот и Hollywood. Сета таа западњачка перверзија спакувана на еден фин начин пласирана преку образованието и медиумите. Телевизијата се покажа како исклучително моќно оружје за контрола на популацијата и претворање на истата во конзумеристички робови и идиоти. Затоа форумот е полн со теми за шминката, гардеробата, козметиката, манекенките, фитнесот, мобилните телефони, кондоми, вибратори, латекси.

    Градот е полн со молови, блогови за мода вриштат на секој агол. Овците “мора“ да се во тренд, Тоа за нив е напредно и прогресивно. Моралноста е субјективна работа, затоа што во различни држави и цивилизации моралноста различно се перцепира. Јас не сум егалитарист, анти-капиталист, но не сум и нихилист својот живот да го сведувам само на празниот стомак и потребата да го “турам“ во секоја вагинална дупка што мрда низ градов.

    Јас не се согласувам со тоа дека само жените се криви. Жените секогаш се огледало на мажот. Какви мажи, такви жени.
     
    <Глуварче> likes this.
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    15,228
    Likes Received:
    186,527
    Gender:
    Female
    Искривени вредности.
    Ова го слушам насекаде.
    1. „Вие сте невоспитани, не почитувате стари“ - А кој ме воспита? Вие, моите родители, моите баби и дедовци, моите роднини и пријатели. Вие кои верувате во „порано“ и тие морални вредности.
    2. „Шо било то само на телефон да се седело“ - Кога и да пробам да зборам со тебе, ме игнорираш или ми велиш да не досадвам. Кога сум во друштво и пробвам да се вклопам со тема, пак сум игнорирана. Барем сега имам алтернатива.
      Многу луѓе едноставно седат на телефон зошто им е интересно, зошто пишуваат со некој поинтересен него со човекот на кој седат, ама и тоа е океј. Зошто? Затоа што порано ќе седеше ќе те гледаше в очи и во главата ќе те колнеше дека е со тебе. Сега барем знаеш дека си небитен фактор во неговиот живот.
    3. „И шо, мислиш ти дека ова шо го носиш убо е?“ - Никогаш не сум сфатила како ова има врска со искривените вредности, ама према моите дома има. Сум се носела ко уличар. Мајкааатааа. Порано не се носеле луѓето така. Порано не било така. Порано луѓето нормално се облеквале, битно е полојната да е покриена, суќни до над глужд.
      Да излегуваат различни типови на моди и за мене е глупаво кога сите ќе излезат сите облечени исто. Барем према мене нема врска дали нештото е во мода или не, секој има право да се облечи во она во кое се чувствува најкомотно.
    4. „Мора да учите, ех во наше време да видиш како се учеше, шо е ова?“ - Во ваше време, та во ваше време. Ако беше толку убо во ваше време зошто уште не е така? Животот сега е побрз, има технологија, има ред други работи во кои луѓето се поклонуваат, ама не во моралните вредности. Јас сум под стрес зошто од тој успех мене ми зависи иднината. Колку повеќе сум под стрес толку повеќе губам концентрација и неможам да учам. Факултет морам да имам за да имам соодветна работа, а за да одам на факултет морам да имам успех. Сакам да учам, ама не ми повторувај ти и сите околу мене дека треба то да го прам. Остај ме да се ослободам малку од стресот или помогни ми.
    5. „Компјутер, та компјутер, знајш да зјапаш во нешто друго?“ - Гледај мамичке, немам намера да седам на ни едно од овие двете, ама ете, материјалот за учење, поголем процент од него ми е на компјутер. Ако не ми е на компјутер материјалот за учење, презентациите шо ги спреам скоро за секое предавање ми се таму. И уз пат да, разменувам неколку збора на фејс со пријателите зошто колку безплатни и да имаме, неќам да напрам голема сметка на телефон.
    6. „Шосторе само играш, само шеташ, само зјапаш во телефонот, шо згрешив?“ - Можев да се дрогирам. Можев да пуштам. Можев да се пијанам. Јас играм игри зошто ме релаксираат. Играм максимум до 2 часа. Ама кога играм мора да ми се замери.
      Вистина има некои кои играат повеќе од 2 часа, кои се зависни. Ама за се има институции. Карањето и тупењето за искривени вредности не е решение.
    7. „Ајде станвај одма јас пензионер сум во јавен превоз“ - А уште не се ни доближила до седиштето. Во автобусот во кој јас се возам обично има премногу празни места, ама кога се возам со друг, си седам испраена па дури и до местото кај шо одам да треба 30 минути да се возам. Неможам бе, неможам. Да, госпоѓо. Јас ве почитувам само затоа што сте стара, ќе станам сама кога ќе се доближите, ама дерење мене ми кини жичка во глата. Не очекувај па и 102 години да си да станам после тоа. Јас те гледам како човек, гледај ме како таков и ти. Не ме ставај во баскет дека нема да ти станам па мораш да се дериш. Ете толку.
    Еве ова е само дел од шо ми текна. Накратко, се се сведува на „порано“, и на воспитување. Технологијата и брзиот начин на живот во секој случај имаат удел, ама треба да сме свесни дека ако на мало дете кое плачи за внимание ние му тупниме таблет со неколку игри внатре за да се смири, дека тоа ќе стани зависно од тој таблет. Ако тоа мало дете бара малку помош при учењето, а ти му се раздериш дека треба да знај - ќе биди под стрес. Вистина е дека треба од најмала возраст да му се стави чувство за одговорност, ама постепено, не присилно. Факт е дека децата од кога почнуваат на училиште почнуваат да покажуваат мали знаци на стрес, шо за жал почнав да ги забележвам и кај брат ми. Правам работи кои ме исполнуваат и очекувам да бидам разбрана за тоа. Мразам дерење. Ми викаат дека сум инает голем ама ако некој се дрзни да ми се раздери нека биди сигурен дека нема да му одам по газот.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Joined:
    Feb 19, 2011
    Messages:
    1,168
    Likes Received:
    1,549
    Gender:
    Female
    Гледам дека сте ги обработиле искривените вредности на едно многу ниско ниво. Сепак според мене вредностите се изгубени и тоа како во последниве 10 години. Состојбата во едно општество многу влијае на вредностите.
     
  4. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Joined:
    Sep 7, 2013
    Messages:
    99
    Likes Received:
    73
    Daft смета дека светот е таков каков што е и пробува да го согледа најдобро што може без притоа да лепи етикети. Нормално, стално има милион аспекти од кои што може да се гледа на нештата и во друг момент веројатно би се изразил различно.

    Ганџа на страна, негативното има тенденција да буди посилни емоции и оттука да привлекува повеќе внимание а некои работи кои се побитни поминуваат незабележано и речиси и да не се ценат.
     
    theowndemon likes this.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,475
    Не знам зошто, но имам забележано дека во дефиниции за "вистински вредности", вообичаено претставниците на општествени науки обавезно го спомнуваат моралoт. Додека најинтересен одговор на прашањето што е морал ми е - па доблест. :D

    Туку, да се надоврзам со муабетот. :)

    Светот изобилува различни култури обичаи традиции, па така и вредности.
    Аналогно историски гледано, како државите ја менувале својата форма и структура, така и вредностите се создавале, дигресивно менувале и искоренувале. Како еклатантен пример ќе ја земам слободата од денешен аспект во својот елементарен облик, како човеково право и вредност. Каде за разлика од демократските општества, во Земјите од средниот Исток, како Сирија, Ирак, Иран, и при најмал прекршок, законот умее да биде ригиден и наложи нејзино одземање преку егзекуција. Според статистиката на "Amnesty International" од 2009 па наваму повеќе од 137 земји ја укинале егзекуцијата. Но, и покрај овој податок и заложбата за искоренување на ваков вид пресуда, кај граѓаните дури и во високо развиените земји сеуште преовладуваат поделени мислења околу тоа дали при еден монструозен чин (како убиство врз невин малолетник на пример) треба да се изрече смртна казна.

    Out of topic - Дури и ,,успешната" Америка која располагала со подобри едукативни програми, и години наназад вложува напори при сузбивање на прохибицијата, не успева да ја намали стапката на алкохолизам, наркоманија, самоубиства, сексуална (не)информираност за СПБ, и бременост кај младите. Но, затоа пак од друга страна (колку и злобно да звучи), ова последното им помага при одржување на наталитетот.

    Всушност, двојни аршини има на сите полиња кои се во релација со интересите за општото добро на човекот. Затоа е многу тешко, и речиси невозможно да се осмисли апсолутно објективен и непробивлив вредносен систем.

    Ние за утопија ќе си почекаме до фебруари. После следи магла и весели индијанци. ;)
     
    Last edited: Jan 17, 2016
  6. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Joined:
    Feb 2, 2015
    Messages:
    2,321
    Likes Received:
    2,780
    Gender:
    Male
    Мислам како што мислиш ти и + мислам дека има некоја одредена популација во светот со разбудена свест а тоа се околу 15-20% на светско ниво и тие на некој начин го одржуваат светот во хармонија во склад на вистинските вредности преку разни дела.
     
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,713
    Gender:
    Female
    Совремието и софистицираниот начин на живот придонесе за изместување на системот на вредности, во ред е да се има подемократски и посовремени сфаќања, но не и буквално се’, и ненормалното да биде нормално.