И јас го прочитав постот за бејбитол пред неколку дена ама дека не е испитано не сакав да пишувам да не направам узбуна оти многу мајки го користат. Мене уште 2 капсулки ми останаа, не ѝ ги давам, вигантол купив денес. Бевме на ортопед ми кажа по 2,3 капки да давам, преска 2 дадов.
Не се излајал ниту еден наш доктор. Една членка пиша дека во неможност да пронајде д3+омега од оваа фирма се обратила до доктор во германија кој и кажал дека таму ги нема и ред други податоци кои не би ги пишувала зошто незнам дали се вистина. Во секој случај лавината од реакции беше стартувана. Оригиналниот пост беше избриша и започнати две други дискусии. Се вклучи девојка која наводно е овластена од фирмата да одговара на прашањата. Во меѓувреме друга членка која претпоставувам живее во србија пишала до тамошното министерство за здравство и од санитарен инспектоеат таму има одговор дека се легално на пазарот како детски додаток на исхрана кој има поминато тестирања. Исто така одговараат дека за швајцарска фирма се произведуваат во полска. Нашето министерство и агенција за храна и ветеринарстви фала богу никаде ги нема да се огласат. Инаку и кај нас се регистрирани како додаток на исхрана, а не како лек. Јас се избезумив во секој случај и прекинав да ги давам и само се молам да не спука некоја афера дека се токсични туку да остане само на сомнителноста на произведувачот.
Дани навистина ли ги нема во Германија? Вие какви користите? @danichap И другите мајки во странство, на која фирма обично ви препишуваат педијатрите? @Mari-Ja @vitamina @orhideea .... на други во странство не ми текнува, ама може да споделат искуство.
^ Бејбитолот и јас го давав на син ми. Прекинав кога прочитав на фб, не ми е верно, но шубе. Инаку, адресата ако ја бараш на гугл навистина те носи до обична зграада, но многу фирми се регистрирани на едно место, дејноста ја вршат на друго. Тоа не ме исплаши, повеќе ме загрижи фактот што се произведуваат само за нас и Србија...се надевам ќе остане на тоа дека се дигна лажна фама за да се намали продажба и рејтинг, добро се пробија на пазарот...се надрвам не си ги труевме децата... Туку почнав да давам пробаланс бејби, хрватски пробиотик, некако се мачиме со тврда столица па демек да ја регулирам вака малку..имате искуства со пробиотиков?
Oleovit ми се од Австрија а vigantol од Бугарија. Овие Бејбитол незнам дали ги има Австрија или Бугарија. И да прашам, мајки многу често заборавам да му ги дадам капкиве може ли да има нешто штета од тоа?
Уште сте мали, во зимскиот период треба да се даваат редовно. Знам, се заборава, ама барем да надокнадувате со шетање на сонце.
Ма какво сонце 1 метар снег има овде. Ќе си ги ставам поблиску некаде да ми се на видик постојано. Ептен сум заборавена.
Хахаха, заборавив јас вие сте на Алпите. Мада знае и при снег да има убаво сонце. Кај нас неделава иако беше ладно имаше 2 многу сончеви дена, го шетавме со саати и тоа без капа да акумулира сончеви зраци.
Јас вакви давам. Пожелно е. Најмногу поради моментот кога почнува да се исправа и држи, за да зацврстат коските. Моево како лист беше, ама забележав разлика за само еден месец интензивно користење на истите. Тоа е витамин што не штети и за нас напротив, само што бебињата имаат многу повеќе потреба отколку ние. Јас давам и по 2 3 капки. Наизменично. Така мајка давала на нас така и јас. Јас почнав да ги користам од 6 месеци бидејки бебињата на ад консумираат д3 витамин од млекото така ми кажа тука докторката после 6 тиот месец да се дава. Заборавам и јас некогаш ама па надокнадувам отпосле. Ги ставам во млеко вода или храна.
Nie ne otkazuvame ljubov na komsiite, pa gi koristime ovie kapki Davam po 5 kapki, spored mislenje na ortoped od mk, na lazicka so malku murtenje, iako nasata maticna ovde rece po dve. I jas kako orhidea eden den davam tri dena ne Drugi ne sum koristela, pa ne znam ni za sto se raboti. Bas ovie ni gi prepisaa, bez recept ne moze da se kupat, a so recept ni se besplatni.
Јас користам само вигантол. Автоматски, после раѓање, се добива рецепта за истиот од страна на матичниот педијатар. Без рецепта може да се купат само таблетите, не и маслениот раствор. Тука нема ортопеди, односно сигурно има, ама без упут од педијатарот(кој е тешко да се добие) дете не виѓава ортопед. Па така и моиве, малово(1г. нема посетено, а големата само во Скопје) добија терапија вигантол од педијатарот.
Јас читам овде сите носст дете на ортопед па така при следна редовна контрола ја прашувам сестрата кога имаме ортопед. Зошто?! Имате нешто скршено??? Е оди па објасни сега си реков
Исправно ти рекла жената. Во нашата мила Македонија ние за пливит д3 со рецепт доплаќаме можи дека не ни е комшија хрватска далеку е дури ги донесат до овде зато си доплаќаме
Знам како се осеќаш. Начелно пак ќе повторам Србите тврдат дека препаратот е испитан во соодветни услови и дека е добар. Како што веќе пишав, а немам опаковка кај мене за да видам декларации најверојатно најголем проблем ќе излезе дека се продава како швајцарски продукт, а всушност се произведува во полска. Плус јас стварно се надевам дека 99% од педијативе знаат што препишуваат.