Тешко е директно во уста, ајде додека се мали, ок, ама после е тешко, не седат мирни. На лажиче ако ги капнеш само капките, пола ќе остане на лажичето. Така што, нколку капки млеко на лажиче, на млекото накапени капките и право во уста. Јас така правев.
Jas vigantol davam so lazice , neli se mrsni pa se poteski od vodata. Epa vo lazice stavam epten malku voda pa kapnuvam od vigantolot kolku kapki mi treba i tie si plivaat na povrsinata na vodata i direkt vo usta taka sum sigurna deka gi ispil
Сега се враќам од Зегин, еурофарм и виола, барајќи ги Babytol+omega во сите аптеки ми кажаа дека се повлечени од употреба поради квалитет на лекот. Ние до сега ги користевме ваљда нема да направат штета на здравје на бебе. Се исплшив, во нашава земја на човек да му е страв било што да купи.
Имаше дискусија за ова во една од групите на фб(соба за доење и ад). Јас не видов никаде муабет дека лекот е повлечен. И барем за сега нема инфо дека нешто не е во ред со производот. Објаснувањето на официјалните лица беше дека имало нагла побарубачка за која не биле спремни и дека оваа недела треба да ги има повторно во аптеките. Меѓутоа се подигна дискусијанза сомнителност на фирмата производител. Од она што се разбуричка се утврди дека фирмата нема официјална веб страна, дека не се произведува во швајцарија туку во полска. Производот се продава само на балканов. И покрај тоа што извадија еден куп сертификати за квалитет и дозволи за производство, јас лично за себе ќе кажам дека ми створи сомнеж и јас престанав да ги користам и се надевам дека ќе остане на ова, односно дека нема да се покаже дека и производите не се квалитетни.
Ова од аптекиве ми го кажаа. Дека цела залиха им е повлечена. Не сум прочитала по фб, се изненадив од апотекарките. Сепак на бебенца го дававме. Ќе терам само со вигантолот, веќе на ништо немам верба што стига кај нас па од кај сака нека биде.
Не се повлечени, од среда треба да ги има во сите аптеки, но зборам за д3+омега, само д3 цело време ги има. @stevemila јас ги имам давано на синко за апетит но ништо не помогнаа. За имунитет ако ти се ок се.
Јас не тврдам, само пренесувам она што го прочитав. Ниту па сакам да убедувам, особено што јас се откажав од нивните производи. Како што кажав, се надевам дека се што се напиша таму е вистина, во спротивно којзнае што сме давале на нашите деца.
Јас мислам дека е вистина, жената која ја сподели првично информацијата за наводниот доктор од Германија наеднаш ја снема, бебитол дефинитивно се најупотребувани тука во земјава така да не ме чуди сето тоа да беше измислено . Јас сепак ке се консултирам со педијатарот пред да продолжам да ги давам повторно.
Како и да е жената ни ги отвори очите. Мене не ми се допаѓа фактот дека се продаваат како швајцарски производ, а во Швајцариа и ниту една земја од ЕУ не се продаваат.
Ни јас ништо не тврдам, пренесувам што ми кажуваа од апотеките. Убаво ми рече апотекарката дали вистина или не за да не ти е шубе не ги давај, има време и за омега да прима, битно д3 да си прима. Ајде бре каде живееме ем плакаш ем Ш класа производи.
мислам дека тука имаше објаснување околу тоа https://lookaside.fbsbx.com/file/Оф...yVmSZIpmLKpnX0o4-3SH7G2_A1LLjmBDLYpe9ky6N8G_X како и да е мене ми беа најпогодени , во однос на дозирањето , цената, и баш ми е криво што искочи ова и ни створи шубе на сите. @eli.karameli до 3тата година е битно да се прима омегата, тогаш е битно, потоа не баш, затоа не би се согласила со тоа има време кда прима.
Ова е нов производ, другите производи со омега се од над 1.5год,поправете ме ако грешам, така да верувам дека и подоцна да почнеш со давање на рибино масло и слично не е голем пропуст, по страшни ми се вакви квази медикаменти.
Моето е веке година ипол така да нам ни е потребен, инаку се даваат многу порано, надвор од мк обично внесуваат омега преку масло од репка уште од почетокот на дохраната.
Koga sme kaj masloto, nie utre ke pocneme se nadevam ke go prifati. Tuku znaes li dali sekoj den se dava ili kako?
Истово ми го кажаа од аптеката од Систина - Дона фарм, дека не им е стигната нова пратка со Бебитол+омега, им стигнала само со Д3+К1. Пратката ја очекуваат во текот на неделата, но не можат да тврдат со сигурност кога ќе стигне. Прашав за повлекување од продажба, ми одговорија дека не се запознаени со такво нешто..