Здраво мајки, Сакам да слушам ваши искуства, што давате за имунитет и за апетит? Мојот син има 3 и пол години, има векје 2 месеци ништо не јаде здраво само чоколино монте и банана друго ништо нема што не сум пробал ама ниту месо ниту зеленчук не проба повраќа штом ќе ги мириса. Кога го прашувам докторот ми вика немој со ширупи пробај природно, арно ама веќе два месеци ќекам да помине оваа фаза ама никако, паднат му е имунитет нон стоп затнат нос настинки, го инхалирам по препорака на педијатар. Вие што давате, од ваше искуство кое е најефикасно за таа возраст?
За отварање апетир задоволна сум од Пиковит сирупчето, а за имунитет капките од семки од грејпфрут. Цела зима лани ја истеравме само со по некоја вироза (растечен нос) која траеше по три дена, а антибиотик немаше пиено цела година.
Малечката моја е 3+ и давам по две капки вигантол.До 3 м давав babytol + К1.Колку им давате вие на вашите дечиња и кои капки ги користите?
Јас му давам пливит д3, педијатарот ми рече дека е зима да му давам по пет, 3,5 месеци е моево. Исто сакав да прашам да не е многу, читам другиве по 2-3 им даваат на таа возраст.
Не секое дете е исто. Неможе ако на некое дете му се даваат пр. 3 капки Вигантол да треба и друг да дава. Сепак на своја рака ништо несмее да се дава. Само ортопед одредува доза според контрола и ехо на бебе. Доколку смета дека има мека фонтанела, моторика послаба, коски, колкови, јадра итн значи доколку не е сето тоа во однос на месеците ( на бебе ) задоволувачки, тогаш педијатарот може да ја зголеми дозата. Доколку е све соодветно со возраста тогаш си одредува која доза ( капки ) на Д3 да се даваат. Доколку се дава повеќе од препорачаната доза, може да се направи проблем ( прашав ортопед ) затоа на своја рака нит помалце нит повеќе не се дава. Не споредувај со други бебиња, ќе идеш на контрола кај ортопед ( компетентен и стручен за ова ) и после прегледот ќе ти каже колку да даваш.
Кога го однесов на контрола кај ортопед еден доктор го гледаше на ехо, добро во ред е, друг доктор само го повежба со ноџињата и супер е не треба пелени и толку. Ни капки ни ништо. Педијатарот само ме праша колку капки му даваш викам 5, го пофати по главчето, коментар никаков, добро давај 5, не да ми каже ова му е вака ова онака, а матичен му е. Јас се мислам да не е многу 5 па да му направам некој проблем, за то се исплашив. Ама ќе им одам пак и сѐ ќе си прашам зошто очигледно ако не одиш со цел список прашања никој ништо нема да каже, особено со прво дете, стварно не знам за сѐ шо и како треба. Сепак фала на одговорот
Незнам од кој град си, но доколку си од Скопје би ти го препорачала Тони Талевски ортопедот ( читни искуства за него во темата за ортопеди. Убаво ќе го прегледа,ќе ти објасни и ќе те советува што и како. Јас последен пат кога бев баш го прашував за ова, му спомнав дека тука сум прочитала дека некој даваат и по 4-5 капки и да не е грешка што давам јас по 2. Убаво ми го објасни она што го пишав во претходниот пост и дека не секое дете е исто ( моторика, раст, фонтанели, јадра, колкови итн ). Отиди па со него посоветувајсе.
Од Охрид сум, јас тогаш бев во Св.Еразмо. Баш таму докторите се специјалисти за то ама ете така поминав, најверојатно зошто имаше премногу гужва па така набрзински го прегледаа, ама то не им е оправдување воопшто.
@Marmarin душо како што ти пиша и членката погоре, сигурно има ошто ви препорачале да пиете по 5 капки, и моето лани овој перод примаше по пет, па сега смена две. Ќе го носиш детето на контроли, ќе го следат и нема да има нкаков прблем, сенадевам. Поздрав.
Мајки правевме крвна слика вчера и горе доле резз се добри но ме загрижува тромбоцитите границата е од 150-400 а нас ни се 414, од што може така да биде? Ај совет ќе ве молам
Dobro, vo sekoja laboratorija se razlicni referentnite vrednosti, sepak vo poveketo se dvizat do 500-600. Vo Avicena se od 160 do 550. Ne se sekiraj nisto strasno, ne se mn pokaceni, moze e rezultat na slaba dehidratacija pa e zgolemena koncentracijata na krvnite kletki po ml.