Ве молам еден поглед на крвнава слика.. 3месеци и 12дена има синко.. Сестрата што го боцна ми рече ок е, некој вирус има, докторката кај систематски преглед рече супер е бебчето... Одиме на одмор другава недела,да не тргнувам со секирации..
LYM--->H(high),занчи лимфоцитите се покачени и има некое мало воспаление, GRAN--->L(low) и гранулоцитите намалени што значи се борат со вирус или бактерија. Претпоставувам е вирусно ти треба да даваш за појачување на имунитет или беби мултивитамински сируп.
Kade ova ne davaat bivacin? Mene bas patronazna mi posoci ispuranje so etanol ne hidrogen zosto poveke susi za pobrzo da padne i obavezno posle tapkanje so gaza sterilna i na kraj beonacin inaku zamena za bivacin. Znaci se nekoi noviteti im istrkuvaat. Posle decata zavrsuvaat na lapizacija.
Само на доење е бебчево.. Има едни мултивутамински капки од фарма витал ама се за над 6месеци.. Не знам дали има додаток за 3месеци бебе
на таа возраст немаш потреба од никакви витамини.Кај бебињата се нормални покачени лимфоцити првата година
Матичнава моја за едно е добра, тоа што е против имуностимолатори. Ние 4 години тераме без нив. Освен Провен, друго не давам. Сега подметнувам мед, кокосово масло и чиа семе. Колку може чиа да јаде дете од 4 год? Според Видоевски дете не може да се предозира од Вигантол, освен ако не испие цело шишенце. Ама се нова мода се тера, за бебе кога се работи сите го сакаме најдоброто, па некои тоа добро го користат за да заработат. Доев 2 години и никој не ми спомна за вит К, прв пат овде читам.
Да го извадиш бебето на најјакото сонце, или по цел ден да е на сонце прима по илјадници единици витамин д. Овие 400 или 500 единици не се ништо и не може да се доведе до предозирање. И според Видоевски и според Антоније и според педијатарот. Полесни се само за давање капсулите кога е бебе зашто ова додека капне, па да погодиш устето потешко е. Вака право во уста се истиснува капсулата. И јас давав д3 плус к1, на доење само, после само д3.
Баш ќе му го спомнам ова следен пат. Иако неколку пати за д3 кога сум го прашувала бил дециден дека не може да се предозира. Сега, нормално да земеш секој ден шишиња да пиеш како и од се друго ќе ума штета, ама не ако му капнеш некоја капка повеќе. Баш го прашував зашто ми се капнаа две три одеднаш.
Од 42 до 60 најдобро е првиот преглед .Ви препорачувам ординација др.Темелковски супер искуство преубаво објаснето супер совети имаат фина и искусна докторка која ни објасна од држење, хранење, развивање буквално опширно објаснато за се супер се топло ви ги препорачувам
За Дз нас тука ни кажаа стриктно по една капка, дури и ми напоменаа ако не сум сигурна дека е една, во случај да се две да сменам лажичка и да ставам смо ЕДНА капка.
Реин од еднаш нормално ништо нема да му биде, но проблемот е што витаминот Д се акумулира во организмот бидејќи е растворлив во масти (не е како витамините растворливи во вода кои се екскретираат преку урината). Со тек на време ако секојдневно даваш 3-4 пати повеќе од препорачаната дневна доза, плус од храната, плус од изложувањето на сонце се зголемува неговата концентрација во организмот. Кога ќе се случи тоа црниот дроб лачи ензими кои ја зголемуваат концентрацијата на калциум во крвта, доаѓа до хиперкалцемија на организмот, што може да доведе до преоптеретување на бубрезите. Секако возрасен човек има поголеми прагови на толеранција, но кај бебе тие мали бубрежиња се многу осетливи, посебно ако се со предиспозиција, може да биде фатално. Не е битно, но сакам да напоменам, не зборам напамет, биохемичар сум по струка.
Па, добро, ако збориме на долг период, да. Се согласувам. И докторот рече дека за некаква штета некој месец треба да му даваш зголемена доза. Ама кој и зошто би давал зголемена доза толку време не знам. Затоа вика да не се плашиме од некоја капка плус, дека не е страшно и нема предозирање.
Муабетот беше зошто се форсираат капсулите. Јас никаде не реков дека од еднаш или неколку пати може да се предозира, но тоа е суплемент кој се дава со години на децата. Со тие работи особено треба да се внимава бидејќи реакциите не се бурни и лесно воочливи, но после одредено време може да направат проблеми и на крај памет нема да ти текне дека е од тоа. А дека има мајки кои даваат по повеќе верувај дека има, тука не зборам за оние на кои доктор им ја зголемил дозата поради некој проблем со коските, туку на своја рака наместо по 1 даваат по 2-3 капки, зашто нели витамин е па неможе да има штета.
@Lolipop23 дали деца после 18 месеци треба да примаат Д3 во друга форма? Јас летово ги прекинав капките, година и 9 месеци е, често сме излезени и не му давам ништо. Дали е грешка?