Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства и совети околу терапии, медикаменти, прегледи и сл.

Дискусија во 'Бебе' започната од danichap, 22 август 2017.

  1. tamce819

    tamce819 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Пастилите се џвакаат, како гумени бомбони се. По една на ден се дава, една кутија е за еден месец односно има 30 пастили.
     
  2. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Дали некое детенце пиело сируп Пиелосептил? Од каде го набавувавте?
     
  3. detelinka123

    detelinka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    88
    kako go davate d3? pred jadenje, posle jadenje? so lazice ili vo mleko? od utre treba da pocneme pa nekoj sovet ne e na odmet :)
     
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    На лажичка го давам од 4+ кога се префрливме од перлите на Вигантол. Кога како го давам. Некогаш пред, некогаш после јадење и некогаш измеѓу оброци или цицање.
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас со лажиче. Ортопедот ми напомена од сабајле да е тоа.
     
  6. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој за Еосин крема? Др Емел ни препорача за малата цела се исфрли, во зегин појма немаат за кремава...
     
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    40.325
    Eozin ne e krema nego e tecnost, crvena. So pamukce se macka na mestoto. Od eurofarm imam zimano
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Еосин, водниот раствор. Ќе знаат во аптека, напомени им дека е за бебе. ;)
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.939
    Допаѓања:
    123.516
    Многу помага.Само пази доста црвено остава . Еозин е и е раствор не крема. Од еурофарм ја купив
     
  10. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Inhalacii so deksazon dali pravel nekoj na detence od edna god i dali Mislite deka ke ni pomognat za isfrlanje sekret?
    Prospen davam, ama ne gledam nekoj efekt, deteto e celo zatnato, nikako ne isfrla sekret.
    Kaslicata trae recisi dva meseci.
    Sovet?
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Sum go inhalirala sinko koga bese pomal (5-6 meseci mislam) i imase efekt kaj nego. Ti so sto inhalirase dosega so obicen fizioloski ili?
    Mozes prvo da probas so sinomarin, ama obavezno 2 pati vo denot koga ima sekret i nasabajle i navecer za pobrzo da se iscisti.
     
  12. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Samo so fizioloski nisto drugo. Inhaliram 3-4 pati dnevno.
    Imam samo deksazon ampuli od mk gi kupiv.
    Da probam utre so deksazonot? Koku pati i kolku dena da Inhaliram? I kolku ml da stavam vo inhalatorot?
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Mila odamna bese kaj nas, pedijatar ni ja prepisa dozata, ako dobro se sekavam pola ampula deksazon vo 3ml fizioloski, 2 pati na den, sabajle i navecer, ne poveke od 3 dena.
    Najdobro e lekar da kaze, ama znam kolku e tesko tamu da dobiete terapija, eve ako ima nekoj vo poskoro vreme sto koristel neka kaze dali taka se dozirase.
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.363
    Пол:
    Женски
    @Mari-Ja овде за ќерка ми, докторката ни дава пулмикорд ампули за инхалација. Не оди на рецепта, така го купуваме од аптека. Ја инхалирам со нив од бебе. Пола ампула се става со 2мл физиолошки. Побарај ако го имаат таму во аптеки, овде е многу прочуен, пред две недели го немаше во ниедна аптека во Скопје.
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.255
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека оди на рецепта само.За Мкд ова збориш или за странство.Башка што е лек наменет за астматичари првенствено.Во самиот лек е наведено дека не се употребува при вирусни инфекции на плучата.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Имам само дексазон, друго што може да добијам во аптека е физ раствор, ништо повеќе.
    Правевме инхалација сега, ставив 5 мл физиолошки и 1/3 дексазон ампула.
    Сабајле и навечер три дена ќе инхалираме па се надевам ќе помине веќе...
     
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.799
    Допаѓања:
    33.736
    Пол:
    Женски
    @Mari-Ja оф леле мајче се измачивте. Толку те разбирам што како мене да си се гледам. Штом почна со градинка нон стоп кашла на почетокот беше хорор. По 2-3часа навечер без престан.Уште каде не отидов и сите велеа градите се чисти се е во ред и добивавме само капки за нос.Нејниот др ниту еднаш не даде сируп за кашлита дека не лечеле. Што беше во право. Еднаш ни даде една др. сируп Capval латинско Noscapine тој ја блокира кашлицата во мозокот и делува по 2 дена. Па детото малку одмори, а и ние со неа.Штом престанав пак исто.Оди на рецепт кај нас не можеш прватно да го купиш.Ако не оди нека ти го препишат на др малата тогаш беше 15 месеци кога го пиеше. Ако ти е за утеха како расте полесно ќе му поминува се и помалку ќе кашла.Кашлицата е одбранбен механизам ама одвратна за слушање, а и гледање.
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.363
    Пол:
    Женски
    За мкд не оди сигурно на рецепта, затоа што ние така го купуваме. А за ова другото не знам, ние го користиме и при алергија, и вирус. Со препорака на докторката се разбира, ништо на своја рака. И секогаш едвај го наоѓаме, затоа што многу им се троши. Изгледа докторите го даваат често, не верувам да има толку астматичари.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.751
    Пол:
    Женски
    Дексазон мислам не е за исфрлање секрет. Кортикостероид е, за ублажување на симптомите. За исфрлање секрет е салбутамол, или вентолин, ама не сум сигурна баш. Секако, тие не смее на своја рака. А пулмикорт е исто кортикостероид и да, го купуваат без рецепта, што според мене не е во ред. И многу често го препишуваат, што исто така не е во ред. Не може секоја можна респираторна инфекција да се лекува со инхалации со вакви лекови, ама кај нас на докториве изгледа тоа им е најлесно.
     
    На mal.ecka, TheSecret, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Мајче имам еден Панатус се вика, тој ни го дадоа во аптека за да блокира кашлица за ноќе да спие.
    Исто и тука ништо не даваат против кашлица, освен свеж воздух, препорака да одиме што почесто на море и тоа е се. Дури и за инхалации со физ ми рече дека нема потреба тоа секако нема да ни помогне :wasntme: Не знам што чурук беше нашава или па вистина зборува... И да и речам да ми препише нешто ќе рече не не тоа нема да има ефект. Кога побарав микроб брисеви ми рече од каде знаете дека има потреба од брисеви? Тек да речам дека сум правела инхалации со дексазон, ќе ме пријави ќе мисли шверцам лекови на големо овде...
    Инаку овде инхалации со вентолин и дексазон кај педијатар се прават. Еднаш два пати во ден го носиш, имаат посебна просторија, инхалираш и си одиш.

    Што викаш кашла па мака ми е што го слушам, ама неговово е кашлање на празно, мислиш сува кашлица а у ствари шлајмовите се толку наталожени и насобрани што не може да ги исфрли никако. До скоро се давеше па повраќаше и беше подобар, сега ништо. Само носе што чистиме со пумпица.
    Се смее на глас и како зарипнат е целиот. Грло ок, плуќа чиста, се е добро фала Богу. Еве сега уште тоа остана, дексазонот да видиме дали ќе помогне.

    Се измачи дете, ама сите викаат морало низ ова да се помине... Па нека минува само што побрзо.
    :hug:
     
    На danichap и Ava.84 им се допаѓа ова.