Пробиотик давам само кога ќе приметам дека ја боли стомак. И сум приметила и дека се смирува ако давам неколку дена по ред. Друга реална причина не сум имала за пробиотик, (освен антибиотик, нормално). Се останато е само цицето.
Јас давам за плус имунитет. Подобра опција ми е од мултивитаминските препарати кога треба да го вакцинирам детето. Најмалку 10 дена пред и 10 дена после секоја вакцина го давам од таа причина. А во други случаи ретко давам. Не, одамна и јас ја скршив. Ама отприлика мерам, го истурам прашокот директно во обична лажичка, ама само средината да ја покрие, таман е тоа.
@Annath јас ни пред ни после вакцина недавам зашто го дојам. Ниту за имунитет сум давала вештачки препарати, сепак све е тоа хемија ( мој личен став ) освен ако силум прилике мора да се дава поради Х причини тоа е сосема друго. Претпочитам дента кога го вакцинирам да е почесто на доење. Одма после вакцина во кола му давам да цица. Вака со сите вакцини до сега теравме и фала Богу немал проблем. Е сеа откако ќе го одбијам верувам дека ќе треба да му давам некој препарат пред и после вакцина, ќе видиме што ќе не посоветуваат матичната и таа што го вакцинира. Но, муабетот беше за оние кој дојат и даваат без престан пробиотик, а знаеме дека м.млеко има све што му е потребно на бебе и се приспособува на самите потреби на бебе. Но, сепак тоа е мое мислење и немора секоја да го прифати. Затоа и го ставив линкот со составот на м.млеко, за да се види дека нема што нема м.млеко и нема потреба од давање на било што освен ако поради Х причини мора да се даде.
Подобро пола час каснење одколку да се пропушти дозата па дури за 8. Дај го сега и од овој момент, за наредното, дади пак на 8.
390 ден денес маж ми го зема од Зегин , ваљда нема друг за деца од Провен (прашок во шишенце е пробиотик мултивитамин од 12месеци до 4год.)