Ортопед ќе ти каже со што да продолжиш. Јас до 2м давав Д3+К1, па оттогаш до сега давам 1 капсула Д3 и 1 капсула Д3+омегa. На своја рака и по совет од било која од нас не менувај и не додавај ништо.
Ne ne, taman rabota ne ni mislev da menuvam na svoja raka po preporaka od forum. Chisto informativno me interesirase. Fala Chanell
Ќе ги раствориш како што пишува на упатството, па голтка по голтка да се испие количината во чашата во текот на денот.
@Annath фала за одговорот @DuchessAnn па тие ни се големите бебиња синоќа имаше отровање од храна и денес само плаче
Медицински јаглен. И мојов скоро имаше отровање, тоа највеќе му помогна 4 му ги здробив, со малку вода на екс.
Малата ќе пие антибиотик пак, втор пат во нејзиниот живот за само 5 месеци. Кашла, многу кашла, од сува и ретка кашлица сега станува многу почесто и повлажна. Ни дадоа Цефалексин, но што друго би можела да и давам за да ми оздрави побрзо? Гревче е, и во сон кашла многу. Јас бев настината но многу кратко и ми помина пред една недела, она тек денес почна вака.. Цела недела по малку поткашлуваше но не мислев дека вака ќе се влоши одеднаш.
Јас ќе ти препорачам да купите инхалатор. Знаеш колку кашлици сецнавме во старт само со инхалација. Штом почнеше да кашла почнував да инхалирам по 2 пати на ден со Синомарин и за 2 дена дете ко ново. Подигни го душечето на кое спие ако има шлајмови за полесно да и се слеваат и навлажнувајте воздух во соба.
Isomar имам, да одам да купам инхалатор и да и правам со Изомарот инхалации? По колку да ставам, цела ампулка? По еднаш дневно доволно е? Дека мала е.. Цефалексинот да продолжам нели, не смета тоа.. Не ни и кажувам на докторкана, зошто не знаат и они инхалации да понудат него само антибиотици.. упм.
Колку мл е една ампула? И колкаво е детето? Кај дечиња правиме со физиолошки раствор 2-3 пати дневно инхалации со 2-3 мл физиолошки раствор внатре
Не знам Изомарот колку % е, ти за почеток ќе инхалираш со физиолошки, земи си мало шишенце за инфузија и шприц и ќе дозираш по 3мл. Не знам дали ќе ти седи на почеток може ќе плаче и ќе се трга па нема да успеете цела доза, ама брзо ќе се навикне. Пробај прво навечер, ако има ефект можеш и насабајле. Инхалацијата помага во случај кога има секрет во носот и грлото, истиот да се разводени и побрзо да се исфрли. Антибиотикот ако сте го почнале мора да го терате до крај. Дали детето веќе има спуштено на гради или и го даде превентивно? Нареден пат можеш прво да пробаш со инхалација само па ако нема резултат потоа на лекар.
@Lolipop23 Не го прекинувам антибиотикот. Ја прашав докторката, ми вика “може инхалации”. Ни колку,ни што,ни како, по форуми повеќе одговори ќе добијам него ли од фамозниве доктори. Нема спуштено на гради, како што пишав беше прво сува кашлица ама од синоќа е влажна, и со носето хрчи. Плачеше па прекинав, вечер пак ќе пробам.
Девојки, бебињата ми се настинати, мн кашлаат, од неделата ни дадоа инхалација на едново вентолин, пулмикорт и ф. р-р, а другово само вентолин и ф.р-р. Денес бевме на контрола, еден луд доктор ни се погоди и демек немаат спуштено на плуќа. Ама они мн кашлаат! Поготово навечер после инхалација мислам дека ќе се задават од кашлање. Можно ли е да е од инхалациите? Дали така треба за да се исчистат?
Во Козле тоа? Знам кој луд доктор, еден е таму таков Инаку од инхалациите кашлаат да и јас кога сум правела на маливе со кортико терапија кашлале, најверојатно така и треба... А кај матичен сте биле деновиве?