Во Козле да. Уште имам трауми од него не бевме кај матичен, до утре им е терапија и во пон ќе одам (мн ми е страв од гужви). Поарни се, весели, гракаат по цел ден, па ќе видиме од пон што ќе каже.
Заборавив како се викаше, ама сигурно е тој, чудно тивко збори, не мн стар, ама така постар, слаб. Ако е тој и нас не изнервира, не смеевме да речеме нешто. Дури и на синчето (кое беше тогаш 2год му се развика зашто му побара стапче за грло), како сме смееле да дозволиме да бара Дете од две год, колку разбира. Од тогаш кога и да требаше да одам, се молев да не е он Дури и тетка на мм која има големи деца го знае... ауууу вика сум била кај него на времето, каде баш кај него сте се паднале Вади обавезно мрсулчиња ако имаат, особено после инхалацијата повлекувај им, ке бидат подобро
Dur ne se potrosi, ne go cuvam vo frizider. Za doktorov be, zar mu kutite? Uste da mi rece zosto baral stapce, pa ima stapceto da go zemam i da mu go napikam znaete kade.
Ми се развика како носам деца на контрола ( а бевме претх ден и докторката пиша-контрола следен ден). Му покажав и му реков за мене сигурно не доаѓам, туку за нив 7 мес предвремено болни бебиња, сиг нема да седам дома. Се поправи одма, па стана фин. А пред да влеземе една избрка и вика поарно ти е детето, она вика не е, полошо е , и вика ти ли знаеш подобро од мене јас 30г сум доктор и ги избрка (не ги ни прегледа). @mariz тој ќе да е, се надевем нема да се сретнеме веќе
Една аптекарка ни сподели после нејзина анализа на декларациа ваљда , дека или ќе е мирно цела ноќ или хиперактивно ( да мавнат контра ефект ) а шо знам дали би биле така , ипак е на база на мелатонин тој смирува
Како што беше пред неколку дена бесна ноќите , мислам поеќе од тоа неможи , го достигнаме максимумот ќе земам ќе ги пробам прво јас па за сваки случај нека си стоат дома
Па пиши тука каков ефект имаат @Poppins , би ги пробала и јас И мојава дивее нешто у последно време, се бунтува за заспивање
Јас ги имам пробано на мојата мала Не знам шржто да кажам.. Можда со нив полесно се предава за заспивање, и не се буни толку. Ама по 3-4 саати пак ми се будеше. Кога како.. И сфатив дека и нема некоја си концентрација на мелатонин - убаво си пишува на кутијата "додаток во исхраната". ма да тој шо е на мака нека проба, можда кај некое бебче ќе има поголем ефект. Мојата од првата недека е збеснато бебе, така да...
А сакав да ви пишам пред некој ден за капките, ама без памет бев. Простете. Ги дава другарка на малата од летото уште. Баш во тој период сега во кој сме ние. И ги дава пола час пред спиење. Она врескаше до зајдување борејќи се со сонот. А овие ја омалаксуват веројатно и заспиваше. Она ми се имаше фалено. Една вечер се погодија на гости. И тутна во уста неколку не знам која е дозата , цицето и на спиење. И заспа. А баш колку мојот сега беше. Инаку деновиве мојот лесно заспива, ама веројатно уште е малаксан. Ќе видиме вечер.
Мајки, не знам кај да прашам, па решив тука зошто знам пишувавте за Осанитот. Деновиве ќе ми донесат, порачав од Германија. Ве читав претходно, ама сега пребарував и не можам да ги најдам постовите. Да не должам, како се даваат? Само истурам во уста и толку? И по колку гранули отприлика? Ја читав @gjoker4e спомна по 5, ама колку е минимум, а колку максимум дозволено? И дали стварно имаат некаков ефект? Пред спиење ќе ги давам Фала
Би требало едно да е минимум хехех, а на пакувањето пишува 8 максимум. Педијатарот ми рече од 3 до 5 да давам. Се ставаат директно на јазик да се стопат ама прашање е колку тоа може да биде успешно. Мојава претежно ги грицка. Имаат чудесно неверојатен ефект. Спие цела ноќ. Веројатно затоа се будела и растат петки па сега не ја болат воопшто. Ги давам навечер по 5 ама ете и јас прашав не ми одговори никој дали се даваат повеќе пати во денот или само еднаш или дали после 7 дена се прави пауза и колку? Ќе пробам да најдам упатство на нет па ќе допишам. Ми ги дадоа без упатство. И истурам прво на рака дека многу брзо паѓаат по повеќе па да избројам дека се 5. Спасот бил во едно минијатурно топче!