Јас примав Флексотиде за алергија, не онаа на кожа туку не можев да дишам од неа. И да, бааги го ставав. Мм исто сега го става о исти причини.
па го даваат не дека не,ама првичната и основна примена му е за астма.Не си можела да дишеш бидејки отекуваат внатре дишните патишта а негова намена е да го смири отокот и со тоа ти олеснува.
Да по неколлу месеци го примаше и он. А вентолин може не се дава на деца под 4 години, штом работиш тоа подобро знаеш од сите нас. Но јас знам многу случаи кога го даваат и на помали. И мојава кога имаше бронхит на 14 месеци и дадоа вентолин. Мн мала доза, 2-3 дена
Нашиот педијатар го избегнува вентолинот, дава Атровент и Дексазон, тоа додуша ни дал на нас за инхалации. И ние сме со секое кивање на плуќа.
За 50мг ми требаше, ок горе доле е иста цена мислев ако е поевтино да нарачам преку некој од таму. Мене ми треба за подолгорочно користење си има мака големово . Го носев сабајле на лекар многу кашлаше и почнаа да му свират градите и го ставија на антибиотик, на почеток е фала богу иначе ќе му спуштеше пак. Фала ти многу, да оздравете побргу
Да заборавив да напоменам. Ни дадоа капки и ги прими преку инхалација. Не го зимате на рецепта? Така е бајаги поевтин..
Да волуматик ја викаат. Син ми по прележана пнеумониа почна да добива напади на кашлица, чести и суви кашлици до тој степен да не можеше да престане и да се смири без дексаметазон со вентолин. Правевме азотен инхалаторен тест и резултатот му беше многу висок 3 пати над горна граница, и алерго тестовите му покажаа реакција на мувла и малку на домашна прашина. Така да резултатот од тестот беше со објаснување дека има воспаление на дишните патишта предизвикано од алергиска реакција. Он најверојатно и претходно си бил алергичен но имунитетот му бил доста појак и не му правело до толку проблем (одсекогаш често кивал ама многу ретко се разболуваше). Беше 2 м на флексотиде па контролниот тест му беше супер. Како почна есен и школска година пак му се јавија симптомите и еве сега закачи вирус и одма пак му удира на плуќа. Ќе продолжиме цела зима сигурно со флексотиде па ќе видиме понатака. Сега тоа му е слаба точка и секое вирусче може да му прави проблем се надевам дека со терапијава ќе спречиме малку. Многу ми е тешко што мора да е подолго време вака но немам избор Знам ама не ми дава матичната со извештај од приватен пулмоалерголог, морам да одам кај некој во козле па пак кај матичната...
Да но тој извештај ќе ти важи за цела година. Еднаш годишно одиш на пулмолог за извештај после матичната цела година може да ви препише рецепти со тој извештај. Приватно лекот кошта накај 2000-3000 денари. А на рецепта накај 250 денари. Голема разлика е..А пулмолог има и на клиника.
Не е 2000, околу 400ден е. Знам дека треба и тоа да завршам ама треба од работа да излезам, а ионака одсуствувам често ради децава, тешко ми е да се изорганизирам.
@flower30 не сум сигурна на упатството пишува за доза испод 4 години и доза над 4 години.Конкретно не пишува ништо.Тврди се што значи детето мора заби да има да ги соџвака и голта
Мајки со етанол може да симнам температура. Дадов Далерон пред 1 час ама оди накај 39. Да дадам ибопрофен?