со етанол мене ми спадна зимоска, разреден со вода и не масирање само тапкање на нозе и подлактица. Не давај ибупрофен веднаш по далеронот, почекај да делува, ако нагло ја спадниш е опасно исто така. Туширај со млака вода.
Детево ми е со 39, барав совет во активна тема. Не моравте одма да преместувате. Плус подобро во темата за начини на сметнување на температурата. Значи од мака прашувам. Затворено ми е се за да купам друго за да симнам т. Браво модератори.
Џој ги користиш редовно како пробиотик или кога имаат мака со стомаче? Јас вакви да земам ќе треба да ги кријам оној мојон (а богами и малово) ќе мисли дека се гумени бомбони цели ќе ги сстаман
за големата ги зедов.До сега само Линекс давав по потреба ,ама она ретко пие течности и слабо стои со течна храна.Поради тоа има проб со стомакот,често ја боли.Овие имаат и цинк и витамин ц па се во едно
Јуле што направи, симна малиот тт? Може да се комбинираат парацетамол и бруфен, а најмалото растојание меѓу нив е 4 часа. Етанол ти е медицински алкохол, може да симне тт, ама разреден со вода 50:50, топиш памук и го ладиш на телото, на превоите (мишки, лакти, колена), може и цел да го измачкаш, ќе се буни, ама симнува тт. Се надевам дека е подобар.
Ставив разреден само на нозете оти не знаев дали може на цело тело. Падна до 38 со 5 па туширав. И на крај веќе му се спиеше, а гореше од т и дадов ибопрофен на 3 и пол часа од далеронот. Го завив во ќебе, се испоти и падна т. Веќе не комбинирам туку подобро да чекам 2 часа за ибопрофен отколку 4 оти далеронот ме му делуваше воопшто. Сега се снабдив и со домашен вински оцет.
Џој каде ги има, Зегин или Еурофарм? И кој е подобар, Провен или овие? Ми се истроши Провенот, па треба нов да земам денес и се мислам кои.
@JuLleE во зегин цело паковање 20 ком.околу 320ден. Во еурофарм на арче ги даваат 12ден.беше имаш и во други аптеки исто на парче по 18 ден.
пробај со мечињата полесни се за внес.Мојата 5 дена како ги пие.Малата и мм ги фати настинка,големата не.Дали до тоа е или чисто среќа имаше кој знае.Јас од Гв ги зедов рандом аптека
Не сакал мечиња, оти не јаде чоколадо, само киндер. А апче сакл да пие. И се мислам сега што да правам, оти детево ми е специфично .
Капките D3+K1 пишува дека треба да се користат од втората недела до третиот месец. Тоа значи сосе третиот месец? Значи вкупно три месеци?
Од 2ра недела до 3ти месец се точно 3 месеци. 0-1мес / 1-2мес / 2-3 мес... рачунај го и месецот кога е бебе родено. Значи со започнување на 3ти месец почнуваш со само Д3. Синко ми се роди април и од јули почнав само со Д3. Мене така ме советуваше ортопедот и педијатарот и така направив. Али не баш точно од 3ти месец, ги дотрошив К1-Д3 па почнав само со Д3 негде на 3ипол месеци.
Цела ноќ и денес има температура 37.5-38... Матичната го виде, рече нема ништо ни на гради, грло во ред.,носето не е затнато.. А малку ми се накашлува суво, како старине што би рекле.. Да следиме.. Ако оди над 38.5 еферлаган ќе дадам... Крвнава слика рече добра е, само и ја прочитав по тел, ако може @Annath, @joy1 ве молам за мислење ... Да давам почесто да цица и тоа е тоа.. 5 месеци и 5дена е бебчето
@victoria веројатно е вирусно нешто или евентуално запче ви расте.Вака крвната слика не укажува на ништо сериозно или загрижувачки.Горе дел се ви е во граница на нормала сем малце моноцитите што се покачени што може е некое вирусче.Ако пиете сокче,вода давај му и секако доење.Витамин ц исто може да даваш.Мал е за било што друго а впрочем и немате симптоми никакви освен Т и тоа не мн висока.
Мислиш, со почнување на 4 месец. Пошто трети месец е од 2-3 првиот месец е од 0-1. Капките се даваат од втора недела до полни три месеци. Вирус најверојатно. Повеќе цицање и гушкање. Ќе помине.
Ви благодарам @joy1.., @Annath Искрено прво на памет ми падна и евентуално розеола вирусот, поголемиот баш исто на 5-6 месеци го имаше.. Три дена всква температура и после осип. Ќе следам, ќе видиме.. Битно да не оди нагоре тт. Повеќе доење и свеж воздух..
@Annath да да со започнување на 4ти месец. Значи со полни 3 месеци. Малку испомешано сум пишала т.е. не сум се објаснила убаво погоре Затоа дадов пример со синко...роден во април, а веќе од јули почнав само со Д3. Ај битно сме се разбрале. Фала сепак.