Ќе се среди Есен е, преполно е со вируси, променливо време топло-ладно многу лесно се настинува...... Тежок е периодот, само полесно да поминува, ќе се издржи некако Сите сме го оделе тој пат, знам како ми беше пред 2 години Гушкај го, течности форсирај деновиве, и ќе помине
Здраво, ако може да ми кажете дали капките се замена за д витамин, односно не треба да се дава д витамин дополнително ако нив ги користиме? За која возраст се наменети?
Не се земаат пробиотици нонстоп, туку по потреба. Реално, помагаат за имунитетот, ама може да бидат меч со две острици. Неодамна читав медицинска статија за тоа дека не е добро постојана стимулација на организмот со пробиотиците, оти може да дојде до претерана реакција на имуниот систем, т.е ако нема веќе надворешни патогени, да се сврти против сопствените клетки. Освен тоа, нешто се зборуваше и за можна невротоксичност, ама не е докажано, па немаше многу напишано за тоа. Треба да сме претпазливи и со пробиотиците, колку и да се корисни. Факт е дека се' што е претерано е штетно, колку и да е корисно во одредени периоди кога ни е навистина потребно. Јас би направила пауза. Пробиотици кај двајцава давам еднаш месечно по пет дена. Не секој месец, зависи од периодот. Зависи од дозата на провитаминот што ја има во капките. Ако е дневната доза што треба да се прима, не мора да се дава провитамин Д3 дополнително. Ама тоа ќе си видите во консултација со ортопед, бидејќи тој ја одредува дневната доза на Д3.
Еве што пишува за PROBalans Baby капките: PROBalans Baby капките се додаток во исхраната наменети за деца до 6 години кои содржат пробиотици нормално присутни во здравата микрофлора кај доенчиња и деца (Lactobacillus rhamnosus – SP1) и витамин Д3 кој од најрана возраст се ординира кај децата како стандарден суплемент. Клучни предности на PROBalans Baby капките? Иновативна формула: Пробиотик + витамин Д Нема потреба од дополнителна суплементација со витамин Д Превентивно и терапевтско дејство Едноставно дозирање – 6 капки еднаш дневно независно од оброците Без алергени, глутен, лактоза и млечни продукти Без мирис и вкус Зошто PROBalans Baby капките се толку иновативни и како делуваат неговите состојки? Lactobacillus Rhamnosus – SP1– Природен и нормален жител на цревната микрофлора кај доенчиња и деца. Студиите покажуваат статистички значајно подобрување и позитивен клинички одговор при третман на: Акутна инфективна дијареа предизвикана од rotavirusi Пост антибиотска дијареа – после третман со антибиотици Дијареа предизвикана од Clostiridium difficile Атопичен дерматит Грчеви (колики) кои најчесто се јавуваат во првите 4 месеци од животот Витамин D3- Потребен за нормален раст и развој на коските кај децата Витамин Д е познат имуномодулатор: Има антиинфламаторно дејство Има заштитно влијание на цревниот зид и ја промовира неговата регенерација Помага при Crohn-ова болест и улцеративен колит Има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции Помага во превенција и третман на атопичен дерматит Кога да се употребат PROBalans Baby капките? За суплементација на витамин Д За нормален раст и развој на коските За одржување на здрава цревна микрофлора За регулирање на дигестивните проблеми При бактериски и вирусни дијареи За дијареа предизвикана од антибиотици За деца склони на алергии
Kolku vreme se dava vit c i b kompleks. Jas vit c vek prilicno dolgo mu davam za imunitet a b kompleks valjda apetit da mu otvori a voedno i imunitet neli sepak vitamini se. Maticata vika moze podolgo ama nekako mnogu mi se gleda
Малово почна со амоксиклав во четвртокот вечер 1 доза. Имам уште за 1 за утре сабајле, знам дека генерално е од 7-10 дена антибиотик, заборавив да прашам кога бевме на преглед дали 7 или 10 да и давам. Друго ми треба исто мислење, на големово почнав да му давам мед со млеч. Веќе фала богу е подобар, се мислам да почнам и киндер имуно да му давам. Дали идат едно со друго не знам. Исто сакам од понеделник кога ќе почне пак со школо да прскам и ацидосалус, морам да пробам некако да го заштитам премногу ми се разболува од септември навака, окапа дома во школо едвај е свртен . Овој пат помина без антибиотик фала богу
А каде ги најде, ми кажа докторката дека ги немало секаде, да пробаме веќе и ова ме знам што да кажам
јас во Гв ги зедов пред две години беше тоа отприлика.Околу 900 ден беа тогаш.Ако не ги најдеш пиши ми
Ги купив капките од Виола, а имаше и акција на PROBalans imuno - содржат витамин Ц и цинк. И мамичките да си го зајакнат имунитетот, две кутии се 699 денари.
Нашиот лекар за намалување на зголемена тт ни препорача наизменично давање на Далерон и Ибупрофен. Читајќи го упатството на Ибупрофенот забележав дека во составот содржи и алкохол. Истиот има подобро дејство од Далеронот, но не сакам да го давам само заради алкохолот. Колку таа количина е опасна за малите деца?
Мајки, бејбитол капките кој ги произведува? Јас ѝ давав такви на малата, ама пред некој ден снемав и ја пратив свекрва ми да ги земе, ѝ ја дадов и кутијата а од таму ѝ дале други и кажале дека се истите само паковањето го смениле. Јас сепак мислам дека не се иста фирма, зашто ова е полска фирма, а бејбитолот мислам дека беше швајцарска, а и не пишува бејбитол на кутијата. Еве ги
Ќе одам и од глава ќе им ги треснам. Не е прв пат да лажат. Ќе продолжам да ѝ давам од овие, сигурно не е проблем.