Нас ни побараа еднаш во јануари, крема, влажни, тоалетна. Од тогаш до сега немаат побарано, а секој ден во ранче по 3 пелени
@BellaBibi @Dodo1 Значи во право сум дека претеруваат...кај нас бараат 3 пакетчиња влажни и онака со раце ми покажуваше голем брисач не од малите Имам чувство дека само јас се бунам постојано за се а всушност сум во право!
Те читам веќе некое време. Кај што беше син ми, ист калап учителки беа, и во јасли, и потоа кај што беше во поголемите групи. Се додека "не им покажеш заби" ќе играат вака. Да знаат дека едноставно си на работа и тоа е. Ако видат дека можеш да излезеш од работа, толку е. За секаква глупост ми се јавуваа. Јас будала оставав работа и трчав да го земам, на сите ни правеа психолошки притисок за да си ги земеме децата порано, особено во летен период. На дежурство наместо во 4 и 20 си ги носеа во 4. Па ти трчај и таму и ваму. Во врска со хигиенското пакетче, разговарајќи со други мајки, ми кажаа дека тие работи им се обезбедени од општините, но дека некој друг си ги зема а ное нормално нели си ги купуваме... (за ова не сум проверила, веројатно по тендерите на биро за јавни набавки би се нашло). Во јасли да, и ние носевме по три влажни, едни чашки и еден брисач. Женскава ми направи 7 месеци, јас се уште не можам да се решам да ја запишам затоа што прееемногу работи не ми се допаѓаат во таа градинка а немам друг избор во близина, па макар и приватна да е. План ми е во септември да ја пуштам но не можам да се натерам затоа што изборот ми е дали ќе се нервирам од тие таму во градинката, или ќе се нервирам што дремам дома...
Благодарам мајки на поддршката. Супер поминавме неделава како за почеток, премногу бев загрижена и исплашена како ќе биде, не било толку страшно. Бебка брзо се прилагодува, плачела малку на почеток кога ги хранеле другите бебиња, а нејзе ја ставиле во креветче, нормално не може само нејзе да ја држат во раце. Си ручкала, дури за мое изненадување и спие таму, комирана по саат ипол, јас дома гледам да не тропнам, шушнам и пак ми спие по 30-40минути, таму на таа галама, плачки спие. Првиот ден кога бев да ја земам, спиеше и така ја земав успана, денеска ми се јавија дека спие покасно да си ја земам. Кога стасав, станала, ја чучнале во креветчето и си игра, расположена, ама дома многуу сака да се мазии и почна да изводи, да отвара .
И не е за решавање јас ептен сум во таква ситуација да ми треба работава.. нешто околу домот. Но, ако имав простор да седам дома апсолутно давав отказ. Ова е хорор. 30 деца × 3 пара влажни се 90 ,уствари рекоа 33 деца дека се... 99 влажни. Толку ли има потреба ? Мене не ми е проблем да однесам ,ама да има реална потреба . Да има третман како што треба итн А не да се понашаат и изволеваат.
Јас во торбата и имам ставено марамици, крема за пеленска регија, подлога за пресоблекување, памперси и истите си стојат во торбата кога си ја зимам, освен памперсите што ја пресоблекуваат.
3 пара влажни и ние даваме, тоа што ми го побараа во јануари. Од тогаш до сега немаат побарано. А мое пакетче влажни си има во ранчето нејзино(тоа и стои во шкафче) и секој ден си го шетаме дома - градинка, тоа ми треба за да ја бришам за накај дома кога одиме и слично.
Да споделам наше искуство, годинка направивме сега почнавме од 11 месеци во градинка. Една работа што ја сфатив, иско е нереално тешко исто како секоја мајка, е дека е стварно многу подобро порано. Значи деца на година ипол - две се корнст плачат, уште од доле и тоа трае со недели.. јас иако не плачеше нешто посебно, малку беше збунет првите денови колку се вознемирив кога го остававме можам да замислам како им е на тие родители.. Он сега не процесира баш, можеби и детето е такво но стварно океј оди адаптацијата, сега веќе еден месец сме стигнати до преспивање уште ама тоа заради болести.. како и да е подобро порано според мене
Здраво, оваа недела ќерка ми тргна во градинка 14 месеци и засега добро оди адаптацијата пу пу ме инересира што вие им давате на вашите мали за имунитет, сируп или нешто слично, бидејќи сите ми рекоа да очекувам дека ќе се разболува додека стекне имунитет.
Што и да даваш, ќе се разболува. Сирупи, прашоци, за бактерија нема да ти помогнат. А најчесто тоа фаќаат. Ова од искуство со ќере ти кажувам. А и давам киндеримуно, маџун, јаде овошје , зеленчук секој ден.
На оваа возраст не знам што да и дадеш а да и помогне. А за од две години натаму, од искуство со син ми препорачувам матичен млеч.