Ме интересира совет за тие што ги пуштите бебињата во јасли на една година. Германија живеам ама горе долу скоро секаде е исто во државни. Е сега, наиме се селиме во друг град, зедовме стан кој е празен и финансиски не можеме со една плата да тераме долго, мислам можиме ама сопругот за двата работи моментално што не е океј. Се думам кога да го пуштам бебе во јасли, сопругот вика рано е, јас исто така не сум спремна, бебе па ич, овој период 24/7 да можи ќе е на цицка, со цицка заспива, руча и цица истовремено, вади заби, не пие вода па на тоа се должи ова доење лудничаво. Дали да го пуштам или да си поседам уште троа со него Другата опција е сопругот да го чува викенди и јас викендите да ги работам, како мини џоб, па тој да здивне малку. Никогаш не ми е оставен повеќе од два часа без мене кај никој, ама со сопругот седи, дури и повеќе со него обожава да игра отколку со мене, мене само за цице ме користи и ко ќе му се спие
Не знам за Волково, ама мислам се јавуваат да ти кажат дали е примена. Нас така ни се јавија да ни кажат.
Кога ја ставав на листа за чекање ми рекоа ќе имало во Август истакнато , треба од таму да ја префрлам во Кисела Вода . Не знам ни дали ќе ја примат имало многу дечиња.
Здраво, дали објавуваат листи на примени деца или пак се јавуваат дека децата се примени или не во градинка? Конкретно за градинката Калинка во Хром прашувам.
Нема поубаво од градинка. Колку е помало, помалку разбира, полесно може дс прифати нешто ново, отколку кога ќе е поголем па ќе аргументирате 3 саата зашто како што (бар кај нас). Во градинка ќе си фати ред, рутина - јадење, играње, спиење, социјализација со дечиња, до тоа да си ги дипли алиштата.. кај нас во градинката на сѐ ги учат. Од песнички, цртање, активности за фина моторика, до диплење алишта после спиење, раце миење, бон тон итн За доењето ич не се грижи, веќе има година одма ќе се прилагоди.. може да ти бара повеќе откако ќе се врати од градинка.. односно да се залепи за тебе и да не се тргне Финално мајка, нели и тебе ќе ти биде убаво да почнеш да работиш да излезеш од дома, и за тебе социјализација.. на работа кај мене тие што сме со деца колеги често се шегуваме - викаме, дојдов на работа за да се одморам..
Инаку пробајте за почеток тоа за викенд.. така маж ми ќе го чуваше, а јас работев од дома.. тоа беше на 5мин - му се цица гладен е, тебе те бара; ај земи го само на секунда; гладен е пак еве затоа плаче; ај види зашто кенка сѐ пробав; еј му се спие, да му дадеш да цица листата е долга. По една недела земавме жена додека почне во градинка и гајле немаше после..
Здраво мајки, моето бебе почнува од септември со адаптација па дали ќе може некој да ми каже што ќе му биде потребно од дома? Дали ќе му даваат кравјо млеко со оглед на тоа дека има 10 месеци, или користат некое друго? Дали носите свое ќебе и цуцла?Како ги успиваат, дали ќе биде проблем зошто моето е навикнато на лулање? Благодарам однапред.
Кравјо секако мора да проба, бар кај нас појадоците ги спремаа со кравјо, за пиење имаше опција Ад (исклучиво Аптамил) или кравјо. Шише сопствено и цуцла ако фаќа си носиш. Очекувај бар за цуцла дека и од друго дете ќе зема и неговата/нејзината ќе ја фаќаат други бебиња. За успивање зависи од негователките. Кај нас на почеток ги нишкаа во раце, па ги учеле да се успиваат сами. Имам слушнато и во некои градинки дека ги ставаат во релаксатор ако веќе имаат. Сето тоа зависи од градинка до градинка и од самите негователки.