Мене исто така ми рекоа ако сега не ја примат барајте врски . Појма немам каде треба да барам врски , во Општина никој не знам
Некој вработен во градинката ако најдете, или преку партија некои што се исповрзани.. Жално е, ама тоа е.
Се чудам од каде да ги најдам.... Во мај кога го примија твоето бебе, беше со врски? Вработен имам, но не ургира. Наводно не може, само, информација ми сподели. А со партии сум скарана.
Да, јас исто не се занимавам со политика, ама имам блиски што да.. Инаку од јануари ми е пријавен регуларно.
Кога поднесував барање за да биде на листа на чекање, жената таму ми кажа ако не ја примат барај луѓе во општина.
Вработените ми рекоа попладне Јас треба испис само да земам доколку е примена и да барам место во Кисела Вода.
Здраво девојки. Сакам да прашам дали и како имате искуство се жени/девојки за чување на бебињата? Се мислам меѓу градинка и жена, реално кратко сум на работа а и работам навечер така да мислам дека повеќе ќе ми заврши работа да имам некој дома. Ја гледав и Литл ми градинката во Аеродром, ако имате искуства и таму ќе ми значи.Фала ви
Бев до Калинка, Хром и уште немаат листи да знаете, имале се уште состанок. Денес околу 12 се очекува да има список.
Што толку одлучуваат на состанок..... а и по кои критериуми рангираат? На нашата апликација за во Буба Мара ништо посебно не се внесува, само основни податоци, датум на раѓање, адреса. Не може ни да се внесе каде и што работат родителите, туку само дали се вработени.....навистина не ми е јасно како одлучуваат......
Мајки, кои општини се порастеретени? Каде може да има места? Како е во Автокоманда? Ако некој има инфо, ве молам да сподели.
Провери во Центар знам дека таму е полабаво, ако не ми го примат во Хром, ќе морам таму. И другарка кажа во Карпош 2 биле порастеретени ама за Карпош ти требаат кабли за запишување во градинка ако не си од таа општина.
Не, не е битно! Но, ако некој работи на 100 км од дома не е сеедно. По кои критериуми, освен по врски, ги бираат децата?