Во нашава луда држава, за жал само со врски изгледа е се. За жал и јас мојата со врски ја запишав и тоа едвај.
Мислам дека адреса на живеење е најбитна, ако имаш друга градинка што ти е поблиску а е празна, би те одбиле од таа кај што имаш поднесено и би те прераспределиле во таа што локациски ти е поблиска. Па после следен критериум е дали двајцата работат или само едниот. А тоа со оддалеченоста мислам дека игра улога ако на пример работите и двајцата во Центар а живеете во Драчево да може да ви го примат детето во Центар за полесно да биде за земање во текот на денот.
Мами денес носевме документи за во јасли и кога прашавме што треба да однесеме за бебе освен облеки резерва, пелени итн ни рече воспитувачката и топлинки. Бебе ќе биде 8 месеци не ни оди воопшто, имате препорака какви да му земам?
од toplinki.mk на инста и фб, јас им зимам на двете цело време, ептен сум задоволна, а за толку мало бебе сум носела и обични меки патичиња, пошо сепак не оди, а не ги оставаат по чорапчиња