Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.198
    Пол:
    Женски
    Кога ги хранат со кашичка, им даваат на едно по едно?
    Како се снаоѓаат со многу бебиња, секоја им чест.
     
  2. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.198
    Пол:
    Женски
    Мајки, кравјо млеко немам дадено на бебе. Дали да му дадам деновиве пред да почне во градинка?

    Моево бебе не јаде кашички, туку само парчиња. И тоа сам јаде. Дали им даваат парчиња или сепак кашички на сите?
     
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.281
    Допаѓања:
    7.615
    јас на големата и дадов пред да почне во градинка, во кашичка, сега на малово исто и она ќе почне сега од наредна недела.
    иначе мојата исто јадеше парчиња, таму сите јадат каша и пасирано, дома праи си ти како шо си праиш :), мојата дома јадеше парчиња, малово јаде комбинирано, јаде и парчиња и каши
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Peperutka17

    Peperutka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Jas kako sto vidov pisuvase 4/5 godini i za 5/6 godinki. A mojava e nepolni tri
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    27.705
    Пол:
    Женски
    И мојата не јадела каши, ама во градинка немаше избор и јадеше. Во јасли само каши даваат.
    Дај да видиш реакција млеко. Им прават каши со кравјо млеко.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    27.705
    Пол:
    Женски
    Едно по едно најверојатно.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena2102

    Elena2102 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво , следна недела малата почнува со адаптација во 13ноември објект Парк во Дебар масло градинката. Дали имате искуства? колку се бебиња во група дали сте задоволни , како иде со спиење јадење и слично. Се ќе се распрашам но сепак сакав да слушнам мислења.
    дали јасли се посебна група од 9-12месеци или ? Фала ви
     
  8. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    5.332
    Пол:
    Женски
    Што документи бараат да им однесеш? И мојата е примена
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.913
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Јас бев да ги земам документите, има согласност за сликање, уплатница, пријава пак да се потполнува со понов датум треба, од вакцинален пункт треба да земеш доказ за примени вакцини, потврда од матичен доктор дека детето е здраво и договор, едниот за тебе, а другиот за нив го потпишуваш таму.
     
  10. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.747
    Дали се прави интервју при влез, во смисла да им објасниш за тертипите, табиетот на бебето, likes/dislikes, навики од дома за заспивање, итн, или јок?
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.913
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Не те прашав во истата градинка да не сме?
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    27.705
    Пол:
    Женски
    Во градинка со сите деца е исти принцип. Може една недела да одат по тертип на бебе/дете, ама во принцип со сите е исто.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    9.455
    Пол:
    Женски
    Јок :rofl:. Можеш ти да си кажеш, никој не те спречува. Ама од другата страна, не знам..
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    По три-четири наеднаш.
    Прво почнуваат со јадачите, па на крај се молат со нејадачите :)
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    И ние почнуваме ама од Октомври.. почнете па сподели искуства.. од тоа последен пат што бевме ништо не ни кажаа, вика мајка тебе не ти е прво многу си загрижена.. загрижена не сум, ама се грижам да.. голема разлика :D
     
    На Dee*Tee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. invisiable

    invisiable Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Здраво мајки, моето малечко (има 11 месеци) тргна во јасли пред три дена. Адаптацијата ми изгледа доста чудна, па сакав да прашам дали е нормално она што се случува. Три дена го носам по еден саат, првиот ден кога го зеде негователката детето не плачеше, беше љубопитно, разгледуваше наоколу. Но кога се вратив липаше од плачење и беше црвен во очите (имаше цуцла во устата за да го смират). Ми рекоа дека цело време плачел. Вториот ден почна да плаче уште на предавање, исто еден час беше таму и кога го земав ми рекоа дека имало моменти кога се смирувал, па потоа пак си продолжувал да плаче. Инаку, ми го враќаат со цуцла, најверојатно уште на сам старт му ја стават. Третиот ден истата песна. Ги прашав на кој начин пробуваат да го смират, им кажав дека дете сака да се движи, сака да е на под, сака да лазе, да се исправа. И добив одговор дека не смееле на под да го оставаат бидејќи можел да се повреди, (значи цел час е во креветче???), хм. Инаку оди во државна градинка во Штип, во група од 6 дечиња. А две жени ги чуваат. Како две жени да не можат да постигнат со 6 дечиња од кои 3 им се веќе адаптирани, а 3 нови??? Кога кажав дека дома не го имам ставано во дубалка, негователката ме гледаше дискутабилно, како прва мајка да сум што се придржува на советите од ортопедите. Доколку цело време е во креветче, дете нема да се адаптира ниту за 3 месеци. Како да постапам?
     
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.000
    Допаѓања:
    20.314
    Ќе им кажеш дека немаш време за адаптација. Во креветче знам дека им е пракса непроодени деца да чуваат бар така прават во некои градинки..
     
  18. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    572
    Ние сме таму веќе 9 месеци, мојот е година ипол. Адаптацијата одеше првата недела по саат-два, втората по четири па се разболе. Две недели дома и пак од почеток. Ама после еден месец им реков дека се враќам на работа и немам кој да го чува, дека ќе остане цел ден, и си остана ништо не пререкоа. Кај него во група се мислам дека околу 30 деца официјално. Обично секогаш е најаден и наспан, не ми се јавувале за ништо освен кога се разболувал, една пд учителките беше многу достапна на вибер па со неа си пишував ако ми требаше нешто… се на се океј искуство сега ги сменија учителките месецов во нова група е, ќе видиме како ќе му биде. Инаку од 9 месеци па до сега си беше со едни исти учителки
     
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.198
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, бебе почна денес прв ден во градинка, половина час.
    Влезе насмеан, излезе црвен во очите бидејќи цело време плачел.
    Учителката рече дека сите нови бебиња денес плачеле и тоа било нормално.
    Не ми е јасно..... може да ме утешите? До кога ќе трае плачењево? Кога обично се привикнуваат да седат без плачење?
    Како ги чуваат таму?
     
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    9.455
    Пол:
    Женски
    Зависи од бебето кога ќе прекине да плаче претпоставувам. И ние бевме денес прв ден, плачел нормално, сите што беа на адаптација плачеа, црвени и мрсулави излегуваа. Ги чуваат во креветчиња претежно..
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.