За 1 недела ќе биде супер ќе видиш..нормално е ново секојдневие не познава никого,ќе се навикне не се грижи мама
Шише вода ,2 пелени ,комплет алишта за пресоблекување тоа секојдневно во ранец. А еднаш месечно влажни,пудра/крем и брисачи(освен ако не се договорите поинаку).
Дали носите нешто за частење за бебињата на прв роденден? Освен шмукалца не ми текнува што друго би можело, ама не знам како е праксата, се носи ли на толку мали бебиња
Кај нас претходните 2 деца донесоа кесичиња со сокче ,крем бананка и чоко бисквит од малите па и јас исто само додадов балонче
Ќерка ми тргна после прв роденден ама од групата имаше други родендени и носеа шмукалче банана и сокче
Како ги облекувате бебињата за во јасли? Дали можам да го облечам во шпилхозни дека полесни за облекување и соблекување и некако попријатни за носење отколку тренерки. Му имам купено неколку пара ама мака мачам секојпат кога треба да му облечам. Верувам ќе вришти таму кога ќе го пресоблакаат ако е во тренерки.
Боди по прерамки, маичка по кратки ракави и тренерчиња доле. Ќе го пресоблекуваат таму не се секирај.
Сега читам дека на некои мајки им ги враќале бебињата со цуцли. Моево неќе цуцла, од прв ден ја одбива и после толку напори никако не прифати. Може имаат некој магичен трик учителките ама реално кога не прифати до сега, не ни сакам веќе да му давам. Рандом цуцли им даваат во градинка од кој ќе им текне? Зашто јас не планирам да им однесам за моево секако.
Женски здраво. Моето бебе лесно прифати градинка, не плачеше на предавање, ја прифати и храната. Внатре знаел да закенка дека и другите плачат но се смирувал. Ама никако не можат да го заспијат. Бидејќи е се уште со 2 дремки, се договоривме да го носам после прва дремка за да биде барем колку толку спиен а во 12.30-1 како сите така и за него да пробаат да го заспијат. И еве со денови не можат ич. А влеземе дома одма заспива. Иначе на 25 септември ќе направи 11 месеци. Имате ли некој совет, насока што да се прави? Се уште ми е мал за само една дремка да биде, ама па јас веќе почнав на работа и среќна околност е што можам да излегувам во 2 периодов па од дома да одработам. Ама кај и да е, ќе се очекува да останувам до 4. И не знам веќе што да правам.
Сличен проблем имам. Еве го седеше денес до пред спиење, станат од 7 до 12 неспиен, премногу е за 11 месеци бебе. И липа во сон, кенкав е сега цел ден. Јас немам опција таква со работата, мора да се потрудат да го заспијат. Не бара обавезно нишање ама сака во раце, малце минимален контакт. Ако го зимаш ти ќе им се уарни. Знам како ти е, јас сум исто очајна, ама нема што ние од надвор да правиме, они треба да се потрудат. И да ги учат сами да заспиваат, постепено тоа се прави, не може да очекуваат дека ќе заспијат така ако не се навикнати..
Ако може некој да ми помогне со прием за во градинка за центар или кисела вода, ве замолувам да ми пишете порака. Последно ми е тука да побарам помош.
Биди среќна што така лесно оди и прифатил, ама очигледно негователките во се' си бараат проблем и кај што не постои ќе го измислат. И што ако не сака да спие? Ќе си најдат начин, ако не ќе седат со него наместо надвор на кафе. Јас би ти рекла уште одма да го оставаш наместо да им правиш услуга и да измислуваат кога како да го носиш наспан-ненаспан. Ќе фати ред не се секирај, а пак од друга страна има деца што само лежат никогаш не заспале во градинка. Колку повеќе го врткаш може да смени да почне да плаче на оставање. Кажи им ти спискале од работа и батали ги да видиш магично ќе се снајдат
Стварно било многу тешко да се дојде до место во градинка . Нема каде не се обратив . Искинав нерви но се среди конечно.