1 месец без малце оди, ме збудале дома. Тоа кенкање дома, спиење хаос, со јадење прави проблеми што никад сме немале. А таму за недела ипол остана да спие. Адаптацијата трае подолго очигледно, цел ред им се менува и нив.
Мајки, јас пуштив пријава на маил уште летото, немам никаков одговор, освен нели автоматскиот за примена пријава. Додека бркам врски, дали треба да ги барам на тел, како оди процедурава?
Да и на ќерка ми и се поремети ноќното спиење откако тргна во градинка. Не дека и беше добро пред да тргне ама по тргнување стана катастрофа. Е она вадеше 4ки тогаш па мислам и тоа бајаги влијаеше
Нас тоа ни го кажаа во градинка, некој плаче најчесто плачат, некои протестираат со не јадење.. и може и по месец дена дури да покаже “протест”
Месец дена нејадење? Ние сме во таа фаза… само ние не сме јасли веќе, како ја префрлија во мала група прекина да јаде…
Да не јаде таму во градинка. ќерка ми така правеше и навистина траеше еден месец може и повеќе. Кога ќе дојдеше дома, јадеше на пола саат сѐ што има и што нема
Ова во државна кај нас адаптација 2 дена? И јас ќе го пуштам на 8 бар да ги поминеме побрзо тие денови по 20-30минуи
Мајки, што ги пуштате на 8-9м во градинка дали им давате дома од вашиот ручек? Бидејќи таму манџите и ручеците сигурно се со запршки, сол итн...
Дознав дека ручекот во јасли е околу 11:30 а ужинката не е баш прилагодена за јасли. Како е кај вас во другите градинки? Испаѓа од ручек (ако воопшто јаде) ќе седи до 16:00 гладен. Дали е ова нормално?
Во 2 и 15 имаат ужинка. Инаку секаде е така во градинките, ручек во 11 ипол па спиење и кога ќе станат ужинка. Син ми се јаде викаат, а си сака да јаде, дома до 6 не ми е заинтересиран баш за јадење, ако јадат таму најадени се. Ручек во 4 не сака, му давам нешто ужина па вечера во 6-7.
Да знам ама тука викаат не е прилагодена за јасли. Какви ужинки имаше кај вас? Син ми во истата градинка одеше и пример им даваа мафин проја, бисквитка...бебе од 9м тоа не може. И на родителска инсистираат нели да се зимаат бебињата за да не седат гладни. Пазете сега, ќе им дадат чај во 10 ќе му се приспие нема ни ручеј асално да изеде и што испаѓа? Ќе седи гладно. Затоа ме интересира каква е ужинката по другите градинки во јасли, па штом тргне да поднесувам жалби и поплаки
Да се е прилагодено за помали бебиња. Види некои дечиња јадат мафини и на 9м ама реалноста е дека 90 посто се на пасирано или блендирано. И мора да ја прилагодат не може да не е прилагодена ужинката.
Како може да не е прилагодена. Се се кашички и кај нас, чоколино, млеко со бисквит, попара.. До 2 години пасирано јадат. Како може секоја градинка своја политика да тера не ми е јасно.. Нели се државни сите..
Кај ќерка ми во јасли (не во Ск) појадокот беше чоколино, млеко со бисквити и слично. Ручекот брендиран или пасиран. Се Ок. Е за сметка на тоа ужинка беше Винчини тортица, Витанова житен бар, некои такви чудесии. Буквално дете од 9 месеци, па и постаро да нема шанса да го јаде. Им даваат негователките замена смоки, бисквити, банана нешто за возраста прилагодено, не дека не. Другото го добивавме во ранец. Годинава, на ниво на град се каде каде подобрени и ужинките ама пред некоја година беше тоа што го пишав.