Едното дете ќе го отпишат? Дека е баш за едно? Еве во Кисела вода нее така мајки кужуваат дека на вибер групите се и по 28 членови.
Не знам што ќе му прават. Битно пред 2 мес тоа се дискутираше на совет. По статут мора да се 15, едно, две плус небитно, не се 15. За Кисела вода не би знаела, можда е така. За Карпош е вака
Пошто кажа дека мора 15 да станат. Мора да се по статус 15 ама да отпишеш едно дете за да бидат 15 е многу идиотски.
Кај нас во Аеродром во клон на Срничка во јасли редовно одат 8-10 деца (кое болно, кое не го пуштаат), а во група на вибер сме 25 родители.
можеби треба да пребројам на шкафчињата колку имиња се испишани, тоа може е најверодостојно пошто учителките не кажуваат колку с евкупно запишани. Инаку пред недела дена отпишаа многу дечиња што не доаѓале по 2 месеци и има нови на нивно место.
Додека траеја уписите кај син ми во група беа 15, за неколку дена 17, а после некое време дознав дека се околу 23. Само што активно одат 12-13, има неколку дечиња што се често болни и ретко ги гледаме, а другите се немаат појавено веројатно само чуваат место.
Де некој некнаѓе упати од кога децата идат во јасли и колку претходно сте аплицирале? Мојава е 4 ипол месеци, што ќе рече дека од 9 кога ќе се вратам на работа нема кој да ја чува и ќе мора да оди. Овде до мене има една градинка и една подалеку малку 5-7 мин со кола. Дали може и таму и таму да се аплицира па кај има место или мора во оваа пред зграда што се вика. И зошто сега читам овде сите викаат нема место па зар побогу нема да ги примат бебушките. Ептен лаик сум со градинки, фала ви што ќе одвоите време да ме упатите.
Зависи која општина си. Во принцип бебе може да оди во градинка во општината во која живее. Секако во пракса не секогаш е вака, зашто си фаќат врски луѓето и си ги запишуваат кај им е најзгодно. Мој совет запиши си го од сега, некаде има, некаде нема место. Прогуглај обично има електронски да го пријавиш. Ако нема место, нема да го примат. Ќе си чекате додека се ослободи место. Групите ги формираат од септември.
Да ама сега не ми е јасно уште една работа извини ако те замарам. Јас сум пријавенаво една општина а маж ми во друга. Дали ова игра некаква улога ако знаеш или не?
Ние се средивме бирократии, мењавме лични карти пред да се роди бебе. Нашава држава е чиста бирократија, па зашто сме со различно презиме, си викаме боље да сме на иста адреса, гарант нешто проблем би ни правеле.
Да се умешам.. Може во градинка да се приложи и договор за закуп дека живеете на таа адреса каде реално сте, сепак не знам како ви е реалната ситуација ама има начини
Dali nekoj ima iskustvo so gradinkata Snezana vo Cair da spodeli iskustvo? Konkretno za jasli i menito za hrana? Sin mi naskoro treba da trgne pa da znam sto da vovedam i sto da ocekuvam. Blagodaram odnapred
Горе доле кај сите е слична храната. Да има пробано млеко тетрапак им прават кашички со такво млеко и јајце цело тоа е најбитно.
Не знам како е во другите градови, ама во Пп знам дека ептен е тешко за упис во градинка. Па уште ме убедуваше госпоѓата кога бев да ја запишам малата на листа на чекање за во градинка дека сега било со електронски список и дека оделе по него.