Е да вака некако е и кај нас. Ама фала на сите што споделивте дека не е баш сегде па ќе им поднесам жалба и таму и до општина па ќе видиме. Безобразие намерно не ставаат зошто напињаат дома до 14ч да ги зимаме
Во приватна. Ама мислам дека и да беше државна, исто ќе беше. Како што гледам искуства на блиски, повеќе од самата градинка ги форсираат по цели недели да имаат адаптација.
Ужас Баш ми беше жал и криво , дека здрава ја однесов . Дома никој не е болен , прво мислев дека се горните ќецови ама тоа вриштење , лигавење , висока тт
Здрава цело време сум ја носела, ама тоа е. Мора да поминат се. И после е полесно. Најголема грижа ќе ти е дали се степала во градинка
Мајки, ве молам поготово вие од Скопје сликајте ми мени од јасли и пратете ми. Нашиве во Карпош уште си стојат на ставот дека бисквита и бонжита се ужинки за јасли и треба да ги зимаме порано. Сакам да соберам од неколку градинки мени и да им поднесам поплака. Пишете ми само која општина и која градинка. Ќе ми помогнете да не одам сама и да сликам. Фала ви може и на ПП .
Не е нормални и во 25 мај Гази Баба е иста приказна. Ручекот е во 12 ,па спиење и ужинките ај шо дел не се за јасли витанова и сл Туку и тие шо се (пример како лиснато со кашкавал има и реално ако им крши на мали залчиња можат да го изедат) ги ставаат во ранци не само јаслените туку и од другите групи... И кај нас викаа за порано ,ние сме 3 кои шо не можеме да ги земеме и кажано му е од старт друготе не знам како прават. И едното си отишло удрено ,заслушав кратко на врата туку зборов ми е воспитувачката одма ,,па мајка ние го оставивме добро ама на дежурниот сигурно нешто се случило ,не ми пренеле ,јас една од причините поради која што викам да не се на дежурен е и ова " Толку јас заминав не знам што зборуваа натаму ама ме изнервира.
Планирам Вторник да ја однесам во градинка , дали секогаш после разболување се носи потврда од матичен?
Да. Кај нас барем, ако е отсутно дете повеќе од два дена, бараат. Освен ако не сме најавиле дека поради одмор ќе биде отсутна. А на почеток кога се разболуваше, на секое враќање носев.
Кога била болна, ја оставав дома некој ден и после терапија и последна контрола. Па идев сама за потврда.
Дали секаде во јасли стварно до 12 се земаат дечињата ? Ја носам од 10 до 12 , сега сакаат да зголемам од 9 до 12 . Два дена ја носам , се супер јаде таму весела е . Вчера им објаснив дека највеќе ми треба и ние е проблем времето од 14 до 16 часот. Се преместив со работа кај маж ми , највеќе поради неа , и сега ја носам во градинка па во 15ч искачам одам на работа и во 16ч татко и ја враќа дома. Проблем голем е . Наместо да продолжат накај 13ч со преспивање они ми зголемуваат од сабајле време
Кај нас отсекогаш бар кај ќерка ми, се носело од пред појадок. Не вака измеѓу време. Пример од 8:00-9:00 Па од 8:00-10:00 И така се додека да стаса до спиење и со спиење. Едит: а земањето во 12:00 пред спиење ко кец на 10ка им е. Земавме дете во 12 некое време оти имаше кој и го знаеја тоа. Освен ако не застанеш дека од тогаш и тогаш цел ден мора да седи мислам ќе те врткаат со недели.
Како во 12 ч да земеш дете? Освен ако не е на адаптација. И јасли седела до 15-15-30, зависи кога како.
Отиде два дена прво по 15 мин па 30 мин и се разболе . Кога беше тие 30 мин ми рекоа во 10 носи ја , сега е од 10 до 12 , утре од 9 па ќе видиме па за појадок и пак се врти до 12 саат . Мене не ми е проблем од сабајле времето , криво ми е ајде адаптација однеси ја врати ја дома па пак ајде спремај ја за до работа па ајде назад со татко и. Многу ми е боље да одам на работа во 2 и татко и да искочи и да ја земе од градинка пример во 3 или 3 ипол. Ќе видам до петок како ќе биде , морам да им се запнам чим седат до 15ч. Едит: ја зимам нервозна во 12 за спиење и одма дома заспива