Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    4.851
    Пол:
    Женски
    Да не е уште на адаптација? И јас се жалев во друга тема дека ми ги враќаат за саат саатипол. Уште го третираат дека е на адаптација.
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Ќе си однесеш дете во 8 и ќе кажеш во 3 доаѓа татко и по неа и искочи.
    Ако не пресечеш, ќе те возат ехеее
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.512
    Во принцип додека се на адаптација секогаш новите дечиња кажуваат да ги носат после доручек. Веројатно зошто сеуште се адаптираат и повеќето плачат а другите што се веќе адаптирани мора сепак да ги нахранат.
    И кај нас беше така, ја носев 09:00-09:30 и зголемуваа постепено зависи од детето. После ти викаат да се носи пред доручек за да видат дали ќе јаде таму зошто некои дечиња не сакаат и на тој начин протестираат. Ако јаде останува до 12 и после пробувате и со спиење. Генерално вака ја водат адаптацијата, секако се зависи од градинката и од детето. Инаку се согласувам дека мора да пресечеш ти, бидејќи вака може и два месеци да се адаптирате. Ако детето е смирено, не плаче, јаде, весела е, нема зошто да се одолговлекува целокупното адаптирање.
     
  4. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Секаде во градинките адаптацијата оди така, прво е после доручек околу 9 ипол, па доручек за да се види дали детето ќе јаде, ручек и на крај од адаптација доаѓа спиењето. Претпоставувам дека е веќе некој проверен метод кој има ефект кај децата и затоа по тоа се водат.
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Кај мојата во градинка, прво со ручек, па после доручек идеше адаптацијата.
    Па после тоа спиење.
     
  6. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Изгледа и кај нас во градинка е така , еве ја два дена ручек јаде таму. Плаче само за памперс кога и менуваат. Денес била весела , играла дури :D
    Само што ја се нервирам со саативе^_^
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Детето е спремно за цел ден . Штом не плаче и си јаде, таман си е.
     
  8. Delnata

    Delnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Во пролет не е исто моето бебе е 9 месеци, јаде кашички кои можат да се најдат на официјалнот сајт на градинката и јас ја земам во 3 часот, ми немаат спомнато дека има правило до 2. јас потпишав договор за целодневен престој не за само неколку часа.
     
    Последна измена: 15 октомври 2026
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Денес супер си ги одседе 3 саати ^_^
    Од Понеделник ќе има кажам за цел ден дека ќе останува , доста и е адаптација.
    Само што не ми се свиѓаат две работи , имаат отворен прозор и шише за вода што повеќе деца пијат од него.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Какво шише за вода?
    Кај нас и во јасли, пиеја вода од чашки за една употреба.
    А прозор нормално ќе отворат.
    Дома со гости и 3 деца, воздух нема, не пак 20 кусур деца.
     
  11. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    На пладне кога ја земав со ранчето ми даваа и едно шише со цуцла , и реков тоа не е наше , а извини смеам да донесам нејзино и ми вика а па да за вода за сок да и се дава во текот на денот.
    Моево уште не знае од чаша да пие , ќе се напие една голтка втората голтка и тече надоле :rofl:
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Во нашата градинка не дозволуваат шишиња. Се што пијат е од чашка. Уште од јасли е така.
     
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    7.557
    Пол:
    Женски
    Епа од едно шише сите, ти е разболување секој трет ден, мн им е гајле нив … трескај глава после ти со температури :(
     
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    7.649
    Кај нас дозволуваат шишенца со вода во јасли, сите се обележани со имиња на нив, они таму им ги лепат, а прозор е отворен цела година и лето и зима, што до негде е океј да се излуфтира, ама некогаш мислам дека и од тоа настинуваат.
     
  15. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    За жал да , 38.5 тт има . Денес не ја однесов .
    Три дена беше , таман се супер мислев .
     
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    7.557
    Пол:
    Женски
    И мојата почна два дена па темп, од понеделник наново почнуваме ;) ама тоа е стартот скоро кај сите да знаеш, само упорно и да издржиме :devil:
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    27.831
    Пол:
    Женски
    Таков е почетокот.
    Мојата и вирус+заби и се поклопуваа цело време. Па бактерија ќе искочеше некоја. И така цело време во круг, неколку месеци.
    Летово и во болница бевме една недела.
    Само нека им поминува со лесно.
     
    На Baby warrior и Mama_na_Darija им се допаѓа ова.
  18. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Кои се симптоми на бактерија ?
     
  19. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Сваќам да излуфтираат 5 до 10 мин во текот на денот , и ние дома луфтираме.
    Но да е цело време отворен прозорот а надвор ниска температура тоа некако не ми оди .
    Џабе и сируп за имунитет што и давав, па педијатарот ми препорача и спреј демек за заштита на носот и тоа џабе.
    Не ми е јасно ако дете е болно, зашто го носат во градинка? :doh:
    Не ми е изговор нема кој да ги чува , бидејќи и ние немаме ама се снаоѓаме јас и татко и.
    Срце ми се корне , уморни сме , плаче не спие , сака во раце да спие .
    После таква ноќ мора на работа да одам , а зашто бидејќи многу дечиња им се , ќе донесат некое болно и нема дома да го вратат и ете ти пинг понг.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    9.909
    Пол:
    Женски
    Моево со послаб имунитет беше, во јасли повеќе дома седеше, отколку во градинка. 3 дена таму, две недели дома. И тоа проследено со компликации, антибиотик, инхалации и се по список. Мислам на маса инхалаторот декорација ми беше со месеци.
    И нерви кинев кога ќе видам јас ја носам оздравена, од врата ја ставаат до детенце со мрсули до гуша, оти знаев дека пак моето дома ќе седи.
    Имавме правило и списоци дека деца со кашлање, зелен секрет, температура, дијареа, повраќање, не се примаат ама очигледно пак "некое" се провлекуваше.
    Од сегашен аспект ќе ти речам период е и ќе помине. Од тогаш аспект знам колку ноќи непроспиени сум имала, како сум одела на работа, како оставав дете со баби, пак ќе речам среќа имаше и кој да ускочи барем дел од времето и ич ама баш ич не е лесно. А уште помалку пак да речам го заборавив тоа време.
     
    На Mama_na_Darija му/ѝ се допаѓа ова.